Група момчиња спасиле семејство од пожар, бебето го фрлиле од балкон (ВИДЕО) - Канал 5

Група момчиња спасиле семејство од пожар, бебето го фрлиле од балкон (ВИДЕО)

Неколку млади луѓе од Нант, Франција станаа херои откако спасија семејство од пожар што го зафати нивниот стан во една станбена зграда.

Група момчиња спасиле семејство од пожар, бебето го фрлиле од балкон (ВИДЕО)

Драматичните снимки покажуваат како младите му помагаат на семејството да избега од станот на третиот кат во неделата попладне.

Донеле душеци до зградата, а шестмесечното бебе било фрлено на безбедно.

Бебето е пренесено во болница во критична состојба, но велат дека се опоравува.

Еден од младите вклучени во спасувањето, Тахмид, изјавил за веб-страницата Оуест-Франс дека одлуката да се фрли бебето од балконот била „последното можно решение“, бидејќи се ширел чад од зградата во областа Ботиере на Нант.

Пожарот се проширил и на другите станови во зградата, а пожарникарите спасиле уште неколку лица.

Кенза Зекар, претседателка на локалната младинска организација Bien-être et solidarité Pays de la Loire, изјавила за Би-Би-Си дека организирале спасување додека локалните жители го чекале доаѓањето на противпожарните служби.

Нејзиниот сопруг бил меѓу младите мажи кои се искачиле на зградата и му помогнале на семејството, рече таа.

Нејзината организација сега бара на тројцата мигранти вклучени во спасувањето на семејството да им се дадат службени документи и сместување.

Покрената е и петиција преку Интернет, во која се повикува францускиот претседател Емануел Макрон „да им оддаде почит и признание на хероите од Ботие“.'

YouTube video

Оваа приказна потсетува на случајот со мигрант од Мали, кој стана херој откако се искачи на зграда за да спаси мало момче кое висело од балкон на четвртиот кат во Париз во 2018 година.

Потоа на Мамуду Гасама му било доделено француско државјанство, а претседателот му подарил медал за храброст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Деколтето на Никол

Светската музичка ѕвезда, Никол Шерцингер успеа да го привлече вниманието на љубопитната јавност и на странските фоторепортери со својот смел моден избор.

Фото: Деколтето на Никол

Позната по своите неверојатни вокални способности, но и по смелите модни комбинации, пејачката Никол Шерцингер одлучи да ја воодушеви јавноста со храбро издание.

Папараците неодамна ја фотографираа пред еден хотел во Париз, по концертот што, според пишувањата на медиумите, таа го одржала во овој град.

Секако, таа привлече внимание со својот секси стајлинг што ретко кој може да го износи. Како што можете да видите, таа носеше комбинација од црна кожа – тесни панталони и интересна маичка.

Оваа комбинација ја истакна нејзината витка фигура, но вреди да се напомене дека главниот елемент на стајлингот беше горниот дел.

Кожната маица без прерамки, украсена со карнери, ја нагласи нејзината фигура, при што акцентот беше ставен на длабокото деколте и градите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео:Воодушевувачка снимка од 120 метри, нурнете во мистериозната Голема сина дупка во Белизе

Нурнете во мистериозната Голема сина дупка во Белизе: Воодушевувачка снимка од 120 метри

Видео:Воодушевувачка снимка од 120 метри, нурнете во мистериозната Голема сина дупка во Белизе

Големата сина дупка во Белиз крие неверојатни подводни светови. Нуркачите открија спектакуларни сталактити и богат морски свет.

„Големата сина дупка“ (Great Blue Hole) во Белиз е една од најпознатите дестинации за нуркање во светот, а нејзините огромни димензии и она што се крие под површината со години привлекуваат нуркачи од целиот свет.

Еден од нив одлучи да нурне во нејзините длабочини и со камера да ги сними призорите што ги затекна таму. „Големата сина дупка“ е широка околу 300 метри и длабока приближно 120 метри; таа претставува огромна подводна вдлабнатина (синкхол) сместена недалеку од брегот на Белиз.

Нуркањето таму е на листата на желби на многу нуркачи, а Реј Тилер од продукцијата „Fintastic Films“ конечно доби можност да ги истражи нејзините длабочини. За време на експедицијата, тој не нурна само во „Големата сина дупка“. Изведе вкупно три нуркања на некои од најпознатите подводни локации во областа, а го посети и оддалечениот остров Халф Мун Кеј (Half Moon Cay).

YouTube video

По нуркањето во „Големата сина дупка“ (Great Blue Hole), се нуркаше и на околните корални гребени. Таму беа забележани ајкули, ражи и морски желки, што го направи целото патување уште поатрактивно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ана Ивановиќ во друштво на познат хрватски пејач

Поранешната најдобра светска тенисерка, Србинката, Ана Ивановиќ и популарниот хрватски пејач Санди Ценов ги израдуваа своите следбеници со заедничка фотографија на Инстаграм, придружена со интригантна порака. 

Фото: Ана Ивановиќ во друштво на познат хрватски пејач

Хрватскиот пејач Санди Ценов е познат по својата љубов кон патувањата и дружењето, а со својата најнова објава на Инстаграм ги изненади и ги воодушеви своите следбеници.

Имено, Санди сподели фотографија на својот „Инстаграм стори“ на која позира со поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ, која важи за една од најуспешните и најпознатите спортистки од овие простори.

На фотографијата, направена во опуштената атмосфера на свечена вечера на отворено, и двајцата не ја симнуваа насмевката од лицето.

Поранешната тениска ѕвезда блеска во елегантен црн фустан со светки, додека музичарот се одлучи за класична елеганција – црн костум и бела кошула со откопчани копчиња.

Санди ја означи Ана во објавата и сподели впечатлива порака: „Патувајќи низ светот, запознавате навистина интересни луѓе...“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер