Груби и Николовски: Пауновски знае дека инспекторатите добиваат 104 вработувања

Со усвоениот План за распределба на административните службеници преку Програмата К-5, којшто беше усвоен на 40-тата седница, Владата најде решение за еден сериозен децениски проблем за кој реагираа граѓаните,се наведува во соопштението од Владата. 

Согласно Законот за преземање административни службеници, 1.349 вработени според програмата за правична застапеност конечно се распределуваат на конкретни работни задачи во вкупно 237 институции. Тоа не се нови вработувања туку станува збор за решение со кое државата конечно обезбеди конкретни ангажмани за вработени лица кои со години беа причина за незадоволство кај јавноста од една страна, а кои во исто време не добиваа никакви работни задачи од институциите, од друга страна.

Спроведувањето на решението е распределено хоризонтално и солидарно со вклученост на дури 237 институции и до сега ниту една не одбила да учествува во решението, туку се барале модалитети и начини истото да се спроведе.

Процесот е започнат и досега се распоредени 635 лица кои имаат конкретни ангажмани, за конкретна јавна служба и кои конечно се внесени во систем на оценување и мерење на нивниот ангажман.

Од почетокот на следниот месец, започнува распоредувањето на друга група по утврдениот план и тоа: 18 во Агенцијата за вработување, три во Инспекторат за јазици и шест во Централен регистар. Исто така, 143 се во процедура да почнат со реален работен ангажман во МВР, а 101 во УЈП. Од вкупната бројка на лица што се распоредуваат, 1.182 прифатиле распределување, 38 одбиле и се на трансфер листа, 13 самите дале отказ, а останатите ги исполниле условите за старосна пензија. Според овие податоци, успешноста на планот е речиси 90 проценти.

Вработените се распоредуваат во друга институција од јавен сектор на соодветно место на исто ниво, односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот за систематизација на работни места во институцијата во која се распоредува. Овие лица се веќе вработени, за нив не се потребни дополнителни финансии, и согласно Планот, по распределбата во конкретните институции, нивната работа ќе биде оценувана според критериумите на мерит системот.

Административните службеници кои се распоредуваат не се замена за редовните побарувања за кадри кои ги имаат институциите, како на пример, побарувањата што ги имаат инспекторатите.

Побарувањата за нови вработувања одат низ засебна, целосно одвоена процедура врз која никако не влијаат овие распоредувања.

Согласно тоа, Владата на 43-тата седница има донесено и одлука за 104 нови вработувања на инспектори во инспекторатите, при што ги има задолжено Министерствата за финансии, за информатичко општество и администрација и за политички систем да ги одобрат годишните планови за вработување на инспекциските служби, а особено за Државниот пазарен инспекторат. Станува збор за нови вработувања кои никако не се поврзани со распределбата на веќе вработените според правична застапеност.

Владата нема очекувања ниту побарувања распределените лица во Инспекторатот да ги вршат работите на инспекторите, но Владата знае дека во сите институции има потреба од дополнителен ангажман на различни нивоа, особено ако за тоа институцијата нема дополнителен финансиски трошок.

Затоа, не треба да се манипулира јавноста дека ова распоредување кое е согласно усвоен закон и согласно одлуки на Владата, ја заменува потребата од нови кадри.

За секое несогласување околу владини одлуки постоеле и постојат јасни механизми истото да се оствари низ институциите преку соодветната организациска поставеност, преку службени белешки, преку работни состаноци, на кои се аргументираат спроведувањето на политиките и одлуките во реализацијата на програмите на Владата. Воедно, ја известуваме јавноста дека премиерот Заев во текот на вчерашниот ден имал обид за директна комуникација со директорот Пауновски со цел изнаоѓање заедничко решение, но Пауновски не одговорил на повикот.

Со истапувањето од јасно утврдени канали за комуникација во рамките на владините институции експлицитно се прекршува членот 4 и членот 6 од Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.

Според членот 4 носителите на извршни функции ги вршат своите јавни овластувања и должности согласно Уставот, законот и другите прописи донесени врз основа на закон.

Согласно членот 6 носителите на извршни функциите слободно и отворено ги изразуваат ставовите во врска со предложените политики, но солидарно ги поддржуваат владините политики и одлуки откако тие ќе бидат донесени, а во своите јавни настапи политиките ги презентираат во согласност со овој Кодекс.

Според членот 10 од Законот за државен пазарен инспекторат, со работите на инспекторат со кој раководи директор кој го именува и разрешува Владата , а според член 14 од Законот за инспекциски надзор, со инспекторатот раководи директор на инспекторат, кој го именува и разрешува Влада во согласност со законот.

Исто така, согласно член 6 од Закон за организација и работа на органите на државна управа самостојниот орган на државната управа, каков што е Државниот пазарен инспекторат, за својата работа одговара пред Владата, а во законот се предвидени постапки за непочитување на одлуки на Владата, меѓу кои и предлог за разрешување,се наведува во заедничката писмена изјава на вицепремиертите Артан Груби и Љупчо Николовски..

Побеснет бик фрла жена како да е кукла- ја молеле да не му приоѓа, не ги послушала (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи застрашувачко видео снимено на плажата Ла Фортуна, во близина на мексиканскиот град Сан Лукас.

Туристка се обидела да ги собере работите, кога бик опасно ѝ се приближил. Луѓето се обиделе да ја предупредат, но таа не послушала.

На почетокот, жената во црн фустан ги собира работите од песокот, додека бикот ги мириса. Слушаме како луѓето ја предупредуваат да побегне.

„Премногу си играте со него. Ве молам, немојте да го правите тоа“, рекол еден маж.

Меѓутоа, жената не се откажала и ја ставила раката на главата на животното, како да го турка.

„Ве молам, не го правете тоа“, продолжил да се моли човекот.

Опасното животно молскавично реагирало и ја удрило жената со рогови. Сведоците на инцидентот почнале да врескаат, пренесува Daily Mail.

Туристката успеала да стане, но бикот повторно ја соборил на песокот. Се кренала прашина, а никој не се осмелил да ѝ пријде и да ѝ помогне на несреќната жена.

„Се обидувавме да ви кажеме“, се слушаат извици.

Останува нејасно од каде дошол бикот на плажата и зошто ѝ пришол на жената. Во исто време не се знае нејзиниот идентитет и со какви повреди се здобила или дали е жива.

Аватари на починати за 46.000 евра- дигитална реинкарнација преку вештачка интелигенција

Враќањето на мртвите во живот преку технологија до неодамна беше поврзано само со филмови, но со напредокот на вештачката интелигенција - вакво нешто повеќе не е само прашање на фикција.

Технолошкиот сектор за тага, познат и како „технологија на смртта“, сега се проценува на повеќе од 100 милијарди фунти на глобално ниво, според веб-страницата за технолошки вести TechRound.

- Го клонираме изгледот на една личност до 96,5% сличност со оригиналната личност - вели Мајкл Јунг, финансиски директор на DeepBrain, една од компаниите кои фиктивно ги враќаат луѓето во живот.

Компанијата верува дека овој вид технологија може да биде важен за развојот на културата на „добра смрт“, каде што однапред се подготвуваме за смртта на најблиските, оставајќи ја семејната историја, приказни и спомени како дел од наследството.

Сепак, процесот не е евтин и корисниците не можат сами да креираат аватар. Наместо тоа, тие треба да ѝ платат на фирмата до 50.000 долари. И покрај оваа висока цена, некои инвеститори се уверени дека ќе биде популарна, а DeepBrain собра 44 милиони долари во својот најнов круг на финансирање.

Психологот Лаверн Антробус предупредува дека треба да се биде многу внимателен кога се користат такви „технологии на тага“ во периоди на силни емоции.

- Загубата е нешто што нѐ изненадува. Може да мислите дека сте прилично блиску до тоа да бидете добро, а потоа нешто може да ве врати назад – вели таа, а пренесува Би-би-си.

Антробус додава дека луѓето не треба да брзаат да го користат четботот на изгубената сакана личност.

- Треба да се чувствувате прилично цврсто пред да користите вакво нешто. Сфатете ги работите многу, многу бавно.

Таа исто така, предупредува дека не постои замена за човечката поддршка кога станува збор за надминување на тагата.

- Навистина не можам да замислам дека технологијата ќе ги преземе традиционалните аспекти на жалоста, кои се однесуваат на чувството на блискост со луѓето, чувството на грижа за нив, чувството на благодарност.

Камион виси на мост во Кентаки: Пожарникари ја извлекуваат жената- возач (ВИДЕО)

Во судница во Кентаки е прикажано видео од спасувањето на жена која возела камион што виси над река откако нејзиното возило излета преку оградата на мостот.

На видеото се гледа и несреќата што довела до оваа неверојатно опасна ситуација на мостот Кларк во Луисвил, Кентаки, пренесува ABC 7.

Видеото од 1 март покажува како возачката избегнува автомобил запрен на мостот, за да удри во камионот следниот момент. Можете да ја видите и снимката од камерата од кабината на камионот - едната што ја снимила возачот, а другата што ја прикажува ситуацијата пред камионот.

Сидни Томас (26) која го управувала камионот, иако се трудела максимално да го контролира возилото, не успеала и изгубила контрола над него - камионот наеднаш свртел налево и ја пробил оградата на мостот. Кабината на камионот во кој се наоѓала Сидни во следниот момент висела на околу 30 метри од водата. Таа очајно се држела за воланот за да не испадне од кабината.

На пожарникарите од Луисвил им требало речиси еден час за да ја одведат на безбедно, па беа поздравени како херои, што и заслужиле.

Возачот на пикапот што ја предизвикал несреќата, 33-годишниот Тревор Бранам, се соочува со повеќе обвиненија, меѓу кои и суспендирање на дозволата. Тој бил на суд завчера и се уште не се пријавил со своја одбрана.

Еве како изгледаше оваа страшна несреќа:

притисни ентер