Гроси бара средба со Путин за украинската нуклеарна централа во Запорожје - Канал 5

Гроси бара средба со Путин за украинската нуклеарна централа во Запорожје

Гроси планира утре да замине за Русија, за да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за загрижувачката безбедносна ситуација во украинската нуклеарна централа во Запорожје, окупирана од Русија.

Гроси бара средба со Путин за украинската нуклеарна централа во Запорожје

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси планира утре да замине за Русија, за да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за загрижувачката безбедносна ситуација во украинската нуклеарна централа во Запорожје, окупирана од Русија.

„Најголемата европска нуклеарна централа моментално се снабдува со само еден далновод за ладење нуклеарен материјал“, рече Гроси за време на прес-конференцијата во Виена на маргините на состанокот на одборот на гувернери на МААЕ.

„Сето ова создава многу, многу несигурна ситуација“, рече Гроси.

Руските трупи ја окупираа нуклеарната централа Запорожје на почетокот на март 2022 година.

Тим на МААЕ постојано е на лице место за да ја следи ситуацијата во главно деактивираната електрана, која е многу блиску до линијата на фронтот. Експертите известија за воени активности во околината на фабриката за време на викендот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Папрадишки пишии

Во петок (20.11.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Вело Марковски.

„Гответе со Дракче“ - Папрадишки пишии

Состојки за денешниот рецепт:

1 кг. брашно

1 коцка квасец

1 лажичка сол

млака вода по потреба

масло за пржење

Прилог:

сирење

мед

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синдикатот на културата протестира пред Уставниот суд, кој одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор

Синдикатот на културата денеска излезе на протест пред Уставниот суд.

Синдикатот на културата протестира пред Уставниот суд, кој одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор

Кој треба да одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор за култура.

Од синдикатот велат дека од опстојувањето на договорот зависат платите и другите стекнати права на повеќе од две илјади вработени во 123 културни установи.

Синдикатот бара судот да го одложи одлучувањето и да закаже јавна расправа на која синдикатот, како потписник на договорот, ќе може да ги изложи своите аргументи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Костовски: Бутел е лидер во спортот – доделени 349 спортски стипендии

Општина Бутел информира дека вчера се  доделени 349 спортски стипендии на најдобрите спортисти од општината. 

Костовски: Бутел е лидер во спортот – доделени 349 спортски стипендии

Општина Бутел информира дека вчера се доделени 349 спортски стипендии на најдобрите спортисти од општината. Со конкретни дела и историски вложувања во спортот, локалната самоуправа поставува високи стандарди во Македонија.

Општина Бутел спроведе транспарентна постапка со јасно утврдени критериуми и обезбеди месечна и еднократна финансиска поддршка за сите спортисти кои аплицираа на јавниот повик.

Градоначалникот Дарко Костовски истакна дека е особено горд и верува дека стипендистите се идните европски, светски и олимписки шампиони кои ќе ја прослават Македонија ширум светот. Воедно, градоначалникот нагласи дека ќе продолжи биде цврст партнер на секој спортист и спортски клуб од општина Бутел. Лидерската позиција не се стекнува со зборови, туку со дела, инвестиции и резултати. Во општина Бутел вредноста на спортот е најголема.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер