Грен слем шампионката Радукану елиминирана во второто коло на Австралија опен - Канал 5

Грен слем шампионката Радукану елиминирана во второто коло на Австралија опен

Ема Радукану е елиминирана од Австралија опен. Поранешната шампионка на УС опен загуби денес во второто коло од кинеската тенисерка Јафан Ванг со 6:4, 4:6, 6:4.

Грен слем шампионката Радукану елиминирана во второто коло на Австралија опен

Британката која се прослави со освојувањето на титулата во Њујорк како квалификантка, се врати на теренот по подолга пауза. Но, во второто коло на турнирот во Мелбурн загуби од 94. тенисерка во светот.

Ванг славеше по речиси три часа игра, го постигна најдобриот резултат на Грен слемовите во кариерата. Таа го диктираше ритамот на игра, а мечот го заврши со 42 „винери“ и 32 неизнудени грешки. Од друга страна, Радукана имаше 45 директни поени и 57 неизнудени грешки во поле.

Следна ривалка на Ванг ќе биде нејзината сонародничка Кинвен Женг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седум рекорди на волшебникот од Аргентина, ова го може само Лионел Меси!

Седум рекорди на фудбалското божество, ноќ за историја на Лео Меси.Аргентинецот испиша нови страници од историјата.

Седум рекорди на волшебникот од Аргентина, ова го може само Лионел Меси!

Селекцијата на Аргентина утрово ја победи репрезентацијата на Алжир со убедливи 3:0, а светот повторно беше сведок на апсолутната магија на човек кој одбива да остари.

Лионел Меси ги постигна сите три гола на натпреварот, постигна прекрасен хет-трик и одигра натпревар кој ќе биде запишан со златни букви во историјата на фудбалот.

Оваа ноќ не беше посебна само поради победата и трите гола, туку и поради фактот што Меси успеа да урне, постави или израмни дури седум неверојатни рекорди само во еден натпревар.

Покрај тоа што го одбележа својот 200-годишен настап во дресот на репрезентацијата на Аргентина на овој натпревар.

Ова се седумте историски достигнувања на Меси.

1. Најмногу голови во историјата на Светските првенства (Изедначен рекорд) .Со постигнување на три гола, Лионел Меси стигна до бројката од 17 голови на Светските првенства. Со овој настап, тој се изедначи на првото место на листата на стрелци на сите времиња и го дели тронот со германскиот легендарен стрелец Мирослав Клосе.

2. Првиот играч кој се појавил на шест различни Светски првенства. Со истрчувањето на теренот, Меси стана првиот фудбалер во историјата на најважната споредна работа на светот- фудбалот кој има официјален настап на шест различни Светски шампионати.

3. Најстариот стрелец на хет-трик на Светските првенства.

Меси утрово стана и најстариот фудбалер во историјата кој постигнал хет-трик на еден натпревар на Светските првенства.

4. Најмногу комбинирани голови и асистенции во историјата на Светските првенства.

Со трите нови гола, Меси ја подигна својата директна скала на перформанси на историски врв. Тој сега е играчот со најголем придонес во головите во историјата на Светските првенства - вкупно 24 (комбинирани голови и асистенции).

5. Кралот на шутеви од далечина - најмногу голови надвор од шеснаесетникот. Еден од головите против Алжир Меси го постигна со удар од далечина, од надвор од шеснаесетникот, со што волшебникот на гаучосите оствари нов рекорд на Мундијалите, стрелец на шест голови постигнати надвор од шеснаесетникот во историјата на Светските првенства.

6. Најмладиот и најстариот стрелец во историјата на Аргентина на Светското првенство Со овие голови, Меси затвори совршен круг кој трае две децении. Тој држи уникатен рекорд како најмлад и најстар стрелец за аргентинската репрезентација во историјата на Светското првенство.

7. Прекрасен јубилеј: 200-ти настап за паметење Против Алжир, Меси го прослави својот неверојатен 200-ти натпревар во дресот со националниот грб на Аргентина, и тешко можеше да замисли подобар начин да ја круниса оваа историска годишнина отколку со три гола и седум срушени рекорди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Работна посета на министерот Тимчо Муцунски на Даблин, Ирска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во Даблин во рамки на работна посета на Ирска.

Работна посета на министерот Тимчо Муцунски на Даблин, Ирска

За време на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средба со министерката за надворешни работи и одбрана на Ирска, Хелен Мекенти. Покрај билатералните односи, во фокусот на разговорите ќе биде и претстојното шестмесечно претседавање на Ирска со Советот на Европската Унија.

Во ирскиот парламент, министерот Муцунски ќе оствари средби со пратеници и членови на Заедничкиот комитет за прашања поврзани со Европската Унија на двата дома на парламентот, а ќе се обрати и во Институтот за меѓународни и европски работи (IIEA), еден од водечките ирски тинк-тенк центри за меѓународни односи и европски прашања.

Посетата се реализира во пресрет на ирското претседавање со Советот на Европската Унија и е насочена кон натамошно зајакнување на билатералната соработка, како и кон обезбедување континуирана поддршка за процесот на проширување на Европската Унија и реформските напори на државата на патот кон полноправно членство во Унијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европскиот парламент го разгледа Извештајот за Македонија, гласањето ќе биде денеска на пладне

Европскиот парламент на пленарната седница во Стразбур го разгледа Извештајот за напредокот на Македонија чие гласање е закажано за денеска на пладне.

Европскиот парламент го разгледа Извештајот за Македонија, гласањето ќе биде денеска на пладне

Во дебатата претежно доминираше темата која бугарските европратеници ја покренаа за палењето на авомобилите пред бугарската амбасада во Скопје, но нивните критики за евроинтегративниот пат на земјава.

Известувачот Томас Вајц пак, ја повика Европската унија да испорача на истиот начин како што Македонија ги направила сите потребни реформи, но и барања за членство. Со оценката на Вајц се согласи и еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер