Грција со многу повисоки казни за сообраќајни прекршоци: Од 2.500 евра до одземање возило - Канал 5

Грција со многу повисоки казни за сообраќајни прекршоци: Од 2.500 евра до одземање возило

Наскоро во Грција ќе стапи на сила построг закон за сообраќај, со казни од 100 до 2.500 евра, а во некои случаи ќе вклучуваат одземање на дозвола и забрана за влез во земјата.

Грција со многу повисоки казни за сообраќајни прекршоци: Од 2.500 евра до одземање возило

Наскоро во Грција ќе стапи на сила построг закон за сообраќај, со казни од 100 до 2.500 евра, а во некои случаи ќе вклучуваат одземање на дозвола и забрана за влез во земјата, изјави Александар Сеничиќ, директор на Националното здружение на туристички агенции на Србија - ЈУТА.

Тој ги предупреди сите патници да бидат внимателни, бидејќи оваа година казните за сообраќајни прекршоци ќе бидат зголемени, а контролата ќе биде засилена.

„Од носење безбедносни појаси до користење телефон, многу работи се променети и сите казни се претежно двојно зголемени во споредба со оние што беа на сила претходно“, рече Сеничиќ.

Тој истакна дека во текот на летната сезона имало многу помалку контроли на улиците во Грција, особено во помалите градови каде што најчесто се наоѓаат туристите, но дека оваа година се очекува поголема полициска контрола.

„Досега во текот на сезоната, речиси и да не сте виделе полицајци, дури ни на автопатот. Сепак, оваа година бројот на полицајци е зголемен, тие ќе бидат многу присутни на сите места и треба да бидете внимателни.“ Дознајте на време какви се ограничувањата, тие се многу слични на оние што ги имаме во Србија, само што казните се значително повисоки“, рече Сеничиќ.

Тој објасни дека кога паркирате погрешно во Грција, не е доволно само да ја платите казната, бидејќи полицијата ќе ви ги одземе и регистарските таблички.

„Тоа е моделот како Грците собираат казни. Паркирате на нелегално место, поминува патрола, ви ги вади регистарските таблички и ви остава парче хартија на кое пишува дека мора да дојдете во полициската станица за да ги подигнете регистарските таблички и да ја платите казната. Овие казни не се многу големи, но може да имате проблем ако тоа се случи непосредно пред патот бидејќи не можете да тргнете на пат без таблички“, изјави Сеничиќ за Танјуг.

Тој исто така нагласи дека ако паркирате на противпожарен пат, на железничка пруга или на кое било место што спречува итни интервенции, казните се движат до 2.500 евра и одземање на табличките и возилото повеќе од шест месеци.

Возењето под дејство на алкохол со содржина на алкохол во крвта од 0,80 промили се казнува со парична казна од 150 евра и забрана за возење од 20 дена, до 1,10 промили со парична казна од 700 евра и забрана за возење од 90 дена, додека возењето со повеќе од 1,10 промили ќе резултира со парична казна од 1.200 евра и одземање на дозволата од 180 дена, можност за затворска казна од најмалку два месеци и одземање на регистарската табличка и возилото. Повторени прекршоци во рок од една година може да резултираат со парична казна од 2.000 евра и забрана за возење до две години, додека трет прекршок во рок од пет години може да резултира со парична казна од 2.000 евра и седумгодишно одземање на возачката дозвола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Започна изградбата на подземната катна гаража и плоштад во Велес

Изјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски од Општина Велес.

Мицкоски: Започна изградбата на подземната катна гаража и плоштад во Велес

„Добар ден и од мене, би сакал исто така да се придружам на ова што го кажа градоначалникот.

Со Марко за овој проект разговаравме се сеќавам уште кога беше во првиот мандат кандидат за градоначалник на општина Велес.

Еве денеска можеме и двајцата заедно со велешани да посведочиме дека голема работа е завршена, од ова што можеме да го видиме подготовката е направена. Моето искуство вели кога подготовката е добро направена, тоа значи 90% завршена работа.

Јас сум сигурен дека ако се оди според планот, а не гледам причина зашто така да не биде, дека таму некаде во првата половина на следната година, при крајот на првата половина ќе можеме да го пуштиме овој прекрасен објект во употреба, во функција да може да го користат велешани се разбира и да уживаат во новиот плоштад.

Ние како Влада ќе продолжиме да поддржуваме проекти низ општините се разбира, очекуваме првиот и вториот повик конечно оваа година еве да речеме делумно и почетокот на следната година да биде завршен.

Преку ЗЕЛС општините имаат инструкција да подготвуваат проекти за следната година.

Цениме дека овие проекти донесат резултат, тоа впрочем се гледа и во економската активност на македонските компании.

И цениме дека тоа беше правилна одлука кога бевме избрани како Влада и веднаш започнавме со реализација на овој проект.

На крај да му честитам на градоначалникот за посветената, инспиративна работа којашто ја прави во општина Велес, да се заблагодарам на советниците во општина Велес коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата се разбира без кои ова ништо не може да се случи, тие се најважниот дел во подготовката на документацијата за ваков тип на проекти, на колегите во Владата, се разбира, на пратениците во парламентот од Велес коишто се борат за проект повеќе да добие Велес и се разбира да се заблагодарам на велешани за трпението и се надевам дека многу наскоро ќе уживаме сите заедно во овој проект.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Борозан: За лотото на Мицкоски од 5,5 милиони евра за прославата мора да се отвори истрага по трагата на парите

Елитниот арамија Мицкоски ги излажа граѓаните дека прославата на независноста ќе чини „нула денари“.

Борозан: За лотото на Мицкоски од 5,5 милиони евра за прославата мора да се отвори истрага по трагата на парите

Сега сите знаат дека се потрошени 5,5 милиони евра. Толку е лотото за Мицкоски.

Околу 5 милиони евра од нераспределената добивка на Државната лотарија, а уште околу 40 милиони денари од приватни компании.

Влада сега ги крие документи, суми, договори, анекси, добавувачи...

Да било се чисто и законски немало да се крие.

Суштината е дека ова е обид да се прикрие трагите на парите.

5 милиони евра народни пари кога ќе се потрошат мора граѓаните да знаат секој денар, секое евро каде завршило.

Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски.

Сомнежите за дилови се оправдани, поради начинот, одлуката, криењето информации и отворањето на јавниот повик, кој траел само пет работни дена и на кој пристигнала само една понуда.

Значи условите биле однапред приспособени за конкретен организатор бил договорен.

Колку точно чинел настапот на Дејвид Гета – неговиот хонорар, продукцискиот пакет, сцената, техниката, транспортот и меѓународниот тим.

И кога бил договорен и исплатен.

Затоа што јавниот повик завршува на 8 мај, а само три дена подоцна, власта веќе го најавува настапот на Гета.

Граѓаните треба да знае кои фирми, домашни и странски профитирале, колкав бил хонорарот на организаторот и колкава заработка оствариле „Стардаст“, односно Авалон.

А Авалон е со блокирана сметка.

Дали е колкав данок е платен?

Скриени остануваат и компаниите што обезбедиле околу 40 милиони денари. Не се познати нивните имиња, поединечните износи и основата врз која биле уплатени средствата.

Нема јасна евиденција ниту за приближно 1,75 милиони денари од продадените билети – кој ги наплатил, на која сметка завршиле и како биле даночно и сметководствено евидентирани.

СДСМ бара веднаш да бидат објавени сите договори, анекси, фактури, банкарски исплати и даночни пресметки, како и целосната листа на приматели, изведувачи, добавувачи и приватни финансиери.

Ако владата не ги објави веднаш, мора да се отвори истрага.

Мора да се утврди каде завршил секој денар, кој заработил на грбот на народот и кој ги злоупотребил народните пари.

Народот не е ниту „талог“, ниту „идиот“.

Не може постојано да го лажете и да правите некакви споредби.

Едноставно е. Прославата за членството во НАТО, во 15 градови, чинеше 240.000 евра и објавени се сите детали и докименти.

А сега една прослава, неколку изведувачи, 5,5 милиони евра и се крие од народот.

Доста лажете!

Ќе одговарате! Доаѓа времето на вистината и правдата.

YouTube video

Прес конфереција на СДСМ, Маја Борозан

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Остатоците на СДС и ДУИ во правосудството повторно одработија во нивна корист, односно ги заштитија криминалците

Остатоците на СДС и ДУИ во правосудството повторно одработија во нивна корист, односно ги заштитија криминалците.

Манасиевски: Остатоците на СДС и ДУИ во правосудството повторно одработија во нивна корист, односно ги заштитија криминалците

Врховниот суд преводен од Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии, ја укинаа пресудата за случајот Ласкарци во кој загинаа 16 граѓани и ги ослободи виновниците. Повторувам, Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии ја укинале судската пресуда во која се ослободуваат виновниците за сообраќајната несреќа во Ласкарци.

Во исто време, Врховниот суд исто така на слобода го пушти и Стевчо Јакимовски, кој беше правосилно осуден за криминал.

Само во Македонското судство и обвинителство, може за случај во кој гинат 16 луѓе да нема ниту еден одговорен. Истото е случај и со модуларната болница каде загинаа 14 лица а нема ниту еден виновник според правосудните органи.

Дополнително, дали е точна информацијата дека овие судии се блиски до структурите на ДУИ?

Почитувани,

Одлуките на Врховниот суд предводено од Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии, доби уште една потврда зошто довербата на граѓаните во правосудството е на дното.

Политичките инсталации на СДС и ДУИ градени со години не исчезнуваат преку ноќ. Тие и понатаму се обидуваат да ги користат последните бастиони во институциите за да го заштитат системот што самите го создадоа.

На Македонија не и треба судство и обвинителство кое ќе биде бастион на СДС и ДУИ. И треба судство и обвинителство кое ќе биде бастион на правдата.

Нема да молчиме и нема да се откажеме. Правда и одговорност мора да има.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер