БалканШтрајк на новинарите во ГрцијаНовинарите во Грција во 5 часот утрово започнаа 24-часовен штрајк преку кој бараат потпишување колективни договори и пристојни плати, а земјата денеска ќе биде без вести и информативни емисии, јави дописничката на МИА од Атина.Штрајкот е организиран од Грчката федерација на новинарски асоцијации во кој учествуваат сите новинарски здруженија, а главното барање на медиумските работници е потпишување на колективни договори во сите медиумски сектори, односно телевизии, весници, списанија, интернет, радија. Заклучно со утре наутро телевизиите нема да емитуваат вести и информативни емисии, а учествуваат и државната телевизија ЕРТ и новинската агенција АНА-МПА, како и голем дел од информативните портали. Освен колективни договори, вработените во медиумите бараат и: суштински и плодни колективни преговори со цел да се стави крај на заложништвото на индивидуалните договори за вработување; почетна плата од 1.250 евра во сите медиуми; зголемување на платите за 10 отсто врз основа на последните колективни договори за работа; загарантирана плата за работа за време на викендите (плус 25 отсто и слободен ден за сабота и плус 100 проценти во недела); зголемување на надоместокот за испраќање на терен вон градот каде што се наоѓаат; дневници од 350 евра за испраќање во воени зони и 250 евра во подрачја погодени од елементарни непогоди. Новинарите одржаа 24-часовни штрајкови во февруари, март и април годинава, а освен денешниот, закажан е и уште еден за следниот четврток. Тагови: грција новинари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотНа Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)Вработените во јавната установа Национален парк Пелистер спасија мала срна која била нападната од куче бездомник. Од установата на Фејсбук објавија дека малата срна ја спасил раководителот на помошно-техничкото одделение и ренџер во установата. По спасувањето, вработените презеле дополнителни активности за срната повторно да биде вратена во својата природна средина. Со помош на емитирање на звуци малата срна повторно беше споена со својата мајка“ посочуваат од Националнот парк Пелистер. Тагови: НП Пелистер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со ТрампИталијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри. Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако тој за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.Тагови: Мелони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПолитико: Унгарија го блокира забрзувањето на преговорите на ЕУ со Украина и МолдавијаУнгарија не даде согласност за клучниот процедурален чекор неопходен за забрзување на пристапните преговори на Европската унија со Украина и Молдавија, објави Политико, повикувајќи се на двајца дипломати на Европската унија.Европската унија на 15 јуни официјално го отвори првиот преговарачки кластер со Украина и Молдавија, а европските челници најавија дека Киев до средината на јули ќеги отвори сите шест кластери. Остварувањето на таа цел сега е доведено во прашање, бидејќи Унгарија вчера била единствената земја членка што се спротивставила на испраќањето писмо до Европскиот совет и до Европската комисија со таков предлог. Унгарскиот премиер Петер Маѓар не се спротивстави на отворањето на првиот кластер за Украина, но претходно реагираше дека ставањето на брза лента на земјата би испратило погрешна порака до Србија, Албанија, Црна Гора и Македонија, кои со години работат на членството во Европската унија.Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter