БалканГрција се подготвува за удар на реткиот ураган: Одете кај роднини или пријателиГрција се подготвува за ударот на големиот циклон, односно невремето Јанус, кое утре ќе ја погоди земјата.Експертите апелираат на претпазливост, а генералниот секретар за цивилна заштита денес издаде посебни упатства до граѓаните. Грците се повикуваат да бидат внимателни и сите што живеат на приземје да бараат сместување кај роднините или пријателите за да се заштитат од овој медитерански циклон. Заменик министерот за цивилна заштита, Никос Хардалиас, во обраќањето до нацијата рече дека се очекува многу лошо време. Тој предупреди на поплави и дека може да паднат дрвја и да се подигне нивото на морето, особено во областите Закинтос, Келафониа, Итака, Месинија, Евија ... Медикан или медитеранскиот тропски ураган е многу редок метеоролошки феномен во Средоземното море, а најмногу се јавува само во најтоплиот дел на Медитеранот. За развој на урагани на Медитеранот, условите се многу неповолни: температурата на морето не е доволно висока, честопати нема доволно влага, а Медитеранот е едноставно премал за нивно развивање. Од 1948 до 2011 година се забележани вкупно само 99 циклони кои потсетуваат на ураган. „Ефектите од Јанус, мора да бидеме јасни, ќе бидат слични на оние од посилно невреме. Обилните врнежи од дожд ќе донесат поплави во урбаните делови на Грција, а може да има и привремени потешкотии во снабдувањето со електрична енергија, вода и телекомуникациите. За сите што живеат на овие места потребно е да ги следите трите главни упатства: Оние што живеат во области кои претходно претрпеле поплави или во близина на реки и брегови,да избегнуваат престој на риземје, подруми и сутерени “, рече заменик-министерот за цивилна заштита. "Размислете да одите кај роднини или пријатели неколку дена поради лошите временски услови. Избегнувајте какво било непотребно движење за време на овие тешки услови и заштитете ги прозорците и вратите, секогаш имајќи ја предвид можноста да се качите на горниот кат. Не преминувајте преку поројни води и поплавени патишта без причина. Следете ги медиумите за понатамошни насоки “, додаде Хардалиас. Бурата Јанус се очекува утре, во четврток, но циклонот ќе се движи до сабота. Последниот медикан беше оној наречен Зорбас, кој ја погоди областа во Грција кон крајот на септември 2018 година, а неговата траекторија беше скоро идентична со онаа што се предвидува за претстојниот систем. Поради тоа невреме, сообраќајот со траекти беше запрен, како и авиосообраќајот, а училиштата беа затворени неколку дена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
ФудбалФИФПРО тимот на годината без освојувачот на Златната топка Хари КејнДобитникот на „Златната топка“ капитенот на Англија, Хари Кејн, изненадувачки го нема во тимот на годината!Легендарниот Лео Меси повтормно е меѓу најдобрите 11-сетмина. Добитникот на „Златната топка“, Хари Кејн, на изненадување на сите, не се најде во идеалниот тим на годината според ФИФПРО (FIFPRO). Од друга страна, Лионел Меси по рекорден 18-ти пат е дел од најдобрите 11 во изборот на професионалните фудбалери. Овогодинешниот добитник на „Златната топка“ (Ballon d'Or), капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн, изненадувачки не се најде во идеалниот тим според изборот на ФИФПРО (FIFPRO). Во гласањето учествуваа фудбалери од 73 земји, а Лионел Меси се најде меѓу најдобрите 11 по рекорден 18-ти пат. Аргентинецот повторно е избран во најдобриот тим, откако во 2023 година не беше дел од него. Во нападот, покрај него, се најдоа Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и Ламин Јамал. Во идеалниот тим за сезоната 2025/26 се наоѓаат четворица шпански репрезентативци кои летово ја освоија светската шампионска титула: Родри, Пау Кубарси, Давид Раја и Ламин Јамал. Неочекуван е и изборот на голманот. Голманот на Арсенал која за време на Светското првенство му беше резерва на Унаи Симон е избран за прв голман во идеалниот тим, иако шпанската единивца, беше прогласена за најдобар голман на годината во изборот на списанието „Франс фудбал“. FIFPRO Светски тим (World 11) за сезоната 2025/26. ГОЛМАН: Давид Раја (Арсенал, Шпанија) ОДБРАНА: Пау Кубарси (Барселона, Шпанија), Ашраф Хакими (Пари Сен Жермен, Мароко), Нуно Мендеш (Пари Сен Жермен, Португалија) СРЕДЕН РЕД: Џуд Белингам (Реал Мадрид, Англија), Родри (Манчестер Сити/Барселона, Шпанија), Витиња (Пари Сен Жермен, Португалија) НАПАД: Ерлинг Халанд (Манчестер Сити, Норвешка), Килијан Мбапе (Реал Мадрид, Франција), Лионел Меси (Интер Мајами, Аргентина), Ламин Јамал (Барселона, Шпанија).Тагови: ФИФА Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сосВо вторник (03.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Игор АндреевскиСостојки за денешниот рецепт: 500 гр. шпагети 200 гр. мелено месо 2 главици кромид 2 чешниња лук 400 мл. доматен сос масло сол, бибер и др. зачини малку свежо нане или магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаНАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секогоАмериканската вселенска агенција НАСА бара кандидати со високо образование во научни и технички области, додека договор вреден 10 милијарди долари ги очекува приватните компании.Американската вселенска агенција, НАСА, објави повик за регрутирање нова класа на астронаути. Овој пат, целта е многу поамбициозна од самиот престој во орбитата: се бараат поединци кои ќе живеат и работат на површината на Месечината. Овој процес на регрутирање е дел од програмата „Артемида“, а избраните кандидати ќе сочинуваат тим задолжен за поставување на темелите за постојана месечева база, како и за подготовка на теренот за првите мисии со екипаж до Марс. Обуката ќе опфаќа движење по предизвикувачкиот терен на Месечината и издржување долготраен престој во екстремни услови. Како што се очекуваше, критериумите за подобност се исклучително строги. Право на пријавување имаат само државјани на САД кои поседуваат магистерска диплома од областите инженерство, биологија, физика или компјутерски науки. Нема многу време за размислување, бидејќи крајниот рок за поднесување пријави преку официјалната веб-страница на агенцијата е 3 декември 2026 година, а имињата на новите астронаути ќе бидат објавени кон крајот на 2027 година. Истовремено, НАСА го решава прашањето за логистиката, без која една база не може да опстане. Распшан е тендер во вредност од дури 10 милијарди долари за втората фаза од програмата „Комерцијални услуги за испорака на товар на Месечината“ (Commercial Lunar Payload Services – CLPS). Станува збор за десетгодишен договор со приватни компании за изградба и управување со летала за слетување, наменети за испорака на инструменти, залихи и опрема директно на површината на Месечината. За овие договори се натпреваруваат осум компании, меѓу кои „SpaceX“, „Blue Origin“ и „Lockheed Martin Space“. Впечатливо е отсуството на „Boeing“ од списокот; вселенската програма на оваа компанија, „Starliner“, веќе подолго време се соочува со технички проблеми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook