Герасимовски: „Нешто што ќе остане“ по четврти пат – 50 години Центар ги славиме со најдоброто од македонската музичка сцена
2Герасимовски: „Нешто што ќе остане“ по четврти пат – 50 години Центар ги славиме со најдоброто од македонската музичка сцена
3Мицкоски на промоција на комунална опрема: Ја наследивме државата на колена, но денес Македонија оди напред
БалканГрција се подготвува за топлотен бран и температури од над 40 степениСпоред прогнозите, во периодот од петок до недела температурите да бидат од 42 до 44 степени Целзиусови.Со состаноци во надлежните Министерства, со препораки до граѓаните за заштита, но и со специјални простории со клима уреди од општините, Грција се подготвува за топлотниот бран „Клеон“ што ќе ја зафати земјата и се очекува, според прогнозите, во периодот од петок до недела температурите да бидат од 42 до 44 степени Целзиусови, јави дописничката на МИА од Атина. По состанокот во Министерството за труд и социјала на Грција, беше упатена силна препорака до работодавците во периодот меѓу 12 и 17 часот да се намали обемот на работа и/или да се прекине за оние кои работат на отворено или се изложени на високите температури. Министерството за здравство излезе со препораки и совети до граѓаните како да се заштитат од високите температури, додека пак Министерството за животна средина и енергетика одржа состанок за да нема проблеми во снабдувањето со електрична енергија и повикаа на разумно користење на електричните уреди во периодот меѓу 20 и 22 часот. Паралелно, денеска, вонреден состанок ќе се одржи и во Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција. Прогнозите во земјата се дека температурата, од утре постепено ќе почне да се зголемува, ќе кулминира за време на викендот, а метеоролозите не ја исклучуваат можноста топлотниот бран „Клеон“ да трае и една седмица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДвајца Срби се осомничени за нападот на аеродромот во Лајпциг, фатени се со експлозив (ВИДЕО)Германските истражители открија нови детали за обидот за напад со беспилотно летало врз украински товарен авион на аеродромот во Лајпциг, а клучните индиции водат директно до Србија, пишува германскиот неделник „Шпигел“.Германските истражители открија нови детали за обидот за напад со беспилотно летало врз украински товарен авион на аеродромот во Лајпциг, а клучните индиции водат директно до Србија, пишува германскиот неделник „Шпигел“, повикувајќи се на извори од безбедносните кругови таму. Еден од осомничените за нападот во Лајпциг е поврзан со маж кој беше уапсен во Србија во јуни за поседување експлозиви. Според „Шпигел“, на 11 јуни, српската полиција запрела два автомобила што се движеле кон Европската Унија во близина на унгарската граница. Меѓу нив биле Данило Б., кој има српско и руско државјанство, и српскиот државјанин Слободан Д. Дронови и експлозиви во конзерви: „Србија е жариште за руска саботажа“ Полициските службеници пронајдоа делови од модифициран дрон и контролни склопови во првиот автомобил, додека во вториот, во скриен дел, открија конзерви полни со експлозиви. Двајцата се во притвор од јуни, а германските власти сега истражуваат нивна директна поврзаност со осомничените за нападот во Лајпциг - Белорусин и двојно државјанство на Русија и Латвија. Покрај тоа, истражителите ги реконструираа движењата на осомничените и открија дека еден од нив избегал во Русија по операцијата преку рутата преку Србија и Истанбул. Затоа, европските разузнавачки служби ја означија Србија како „жариште“ за руска саботажа низ цела Европа, наведувајќи дека руските служби таму регрутираат и обучуваат оперативци за теренски операции. Истражителите веднаш беа воодушевени од идентичниот метод на изработка на уредот. Во Лајпциг, околу 600 грама од екстремно деструктивниот пластичен експлозив Семтекс, кој го користи и војската, беа ставени во метална конзерва прикачена на авионот, точно исто како и во конзервите запленети на српската граница. Како нападот во Лајпциг не успеа Самиот напад во Лајпциг се случи на 4 август, и само комбинација од околности ја спречи катастрофата. Беспилотно летало што носеше експлозиви влета во паркирани украински товарни авиони Антонов и го погоди крилото на еден од авионите, но експлозивната направа не можеше да детонира поради неисправен осигурач. Авионот што беше погоден имал полни резервоари за гориво и транспортирал воена помош и муниција во Украина само еден ден претходно. Аеродромот Лајпциг/Хале е клучен логистички центар за операциите на НАТО и испораката на оружје во Киев. Истражителите утврдија дека соборениот дрон бил значително модифициран: имал дополнителна батерија за поголем дострел, камера, 5G рутер и две SIM картички, немал надворешни светла и можел да се контролира од голема далечина преку мобилна мрежа. На блиско дрво е пронајдена и посебна антена која служела како засилувач на сигналот. U.S. intelligence has reportedly linked the explosive-laden drone discovered at Germany's Leipzig/Halle Airport this week to the Russian government, according to The Wall Street Journal. The drone was discovered Tuesday night inside a secure area of the airport, just meters from… pic.twitter.com/4w5KulzYMm — OSINTdefender (@sentdefender) August 7, 2026 ДНК траги и палење во Полска Истрагата е свртена наопаку со ДНК траги изолирани од дронот, антената и конзервата што содржи Семтекс, кои биле споредени преку бази на податоци во Литванија и Финска. Истражителите, исто така, поврзуваат еден од осомничените со претходна саботажа во полскиот град Лоѓ, каде што во јули 2024 година бил запален пожар во големата продавница за градежни материјали Лерој Мерлин. Иако на почетокот се сметало дека се запалиле инсектициди, полското обвинителство подоцна докажало дека станува збор за руска саботажа. Според разузнавачките проценки на неколку европски служби, во моментов има најмалку четири диверзантски мрежи под директна контрола на Москва кои се активни на територијата на Европската Унија, а полицијата проверува дали повеќе авиони учествувале во операцијата во Лајпциг. Имено, истата ноќ, товарен авион на DHL удрил во непознат летачки објект при слетувањето. Поради целиот случај, германскиот министер за внатрешни работи, Александар Добриндт, јавно објави дека руските државни структури стојат директно зад нападот. Како знак на одмазда, Берлин нареди затворање на рускиот конзулат во Бон и протерување на неговиот персонал, и го раскина договорот со Руската куќа во Берлин. Москва одговори со тврдења дека станува збор за монтиран судски процес и провокација, и ги затвори германските Гете-институти и конзулатот во Санкт Петербург.Тагови: аеродромот лајпциг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаГерасимовски: „Нешто што ќе остане“ по четврти пат – 50 години Центар ги славиме со најдоброто од македонската музичка сценаОпштина Центар на 12 септември, со почеток во 20 часот, во Паркот на Франкофонија по четврти пат го организира музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“.Годинашното издание се одржува во годината кога Општина Центар одбележува голем јубилеј – 50 години од своето постоење, а по тој повод е подготвена силна музичка програма со познати имиња од домашната сцена. На сцената во Паркот на Франкофонија ќе настапат Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона, кои ќе бидат дел од големата музичка вечер со која Центар заедно со граѓаните ќе го прослави својот 50-годишен јубилеј. На денешната прес-конференција, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека јубилејот е уште една причина годинава Центар да ги собере сите генерации на едно место и да го прослави со македонска музика и домашни артисти. „Оваа година за Центар е навистина посебна – славиме 50 години од нашата општина. Половина век Центар, половина век приказни, генерации, култура и настани што оставиле свој белег. Затоа сакавме овој голем јубилеј да го одбележиме онака како што му доликува – заедно со нашите граѓани и со најдоброто од македонската музичка сцена. „Нешто што ќе остане“ го организираме по четврти пат и особено ми е драго што токму годинава имаме навистина силна програма. Од самиот почеток имавме една јасна идеја – нашите настани да бидат простор за македонските музичари, уметници и автори. Имаме одлични домашни артисти и наша обврска е да ги поддржуваме, да им даваме сцена и публика и да покажеме дека го цениме она што го имаме дома. Тоа е нешто на што сум особено горд и нешто по што сакам Центар да продолжи да се издвојува“, изјави Герасимовски. Герасимовски ги покани сите центарци, но и сите скопјани, на 12 септември да бидат дел од музичката вечер и заедничката прослава. „Сакам Паркот на Франкофонија да биде полн со луѓе од сите генерации. Да пееме, да се дружиме и заедно да прославиме 50 години Центар. На крајот, токму тоа е и суштината на овој настан – да создадеме убави моменти и спомени, нешто што навистина ќе остане“, порача Герасимовски. Музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“ ќе се одржи на 12 септември, од 20 часот, во Паркот на Франкофонија. Настанот е отворен за сите граѓани. Општина Центар - СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
АвтомобилизамПретставен целосно електричен „Range Rover“! (ФОТО)Пристигна првиот целосно електричен „Range Rover“, што означува важна пресвртница во историјата на брендот познат по своите големи бензински и дизел мотори.Електричниот „Range Rover“ ќе се произведува во фабриката на компанијата во Солихал, каде што се произведуваат моделите на брендот од 1970 година, а почетната цена на британскиот пазар е 154.070 фунти (околу 180.000 евра). Новиот модел е напојуван од два електрични мотори со моќност од 260 kW секој. Нивната комбинирана моќност е до 550 КС, додека максималниот вртежен момент достигнува 850 Nm. Ваквите перформанси му овозможуваат на големиот луксузен „SUV“ да забрза од 0 до 100 км/ч за само 4,3 секунди. Според „WLTP“ стандардот, електричниот „Range Rover“ може да помине до околу 599 километри со едно полнење. „Range Rover Electric“ користи батерија од 118,5 kWh и поддржува технологија на полнење од 800 волти, а според производителот, батеријата може да се наполни од 10 до 80 проценти за само 22 минути. За 10 минути полнење, можно е да се добијат до 220 километри дополнителен опсег според стандардот „WLTP“. Развојот на електричниот „Range Rover“ траел повеќе од десет години, велат од компанијата. Преминот кон производство на електричниот модел барал и обемна подготовка на вработените, па затоа околу 10.500 работници биле вклучени во процесот на обука. Доаѓањето на целосно електричниот „Range Rover“ претставува една од најважните промени во историјата на овој модел, додека брендот се обидува да ги одржи традиционалните карактеристики на „Range Rover“ без мотор со внатрешно согорување. Извор: Б92Тагови: Range Rover Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00