Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
2Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
БалканГрција: Повеќе од 200.000 животни угинаа по бурата Даниел Повеќе од 200.000 мртви животни се пријавени во Грчката организација за земјоделско осигурување (ЕЛГА) во Тесалија, централна Грција, изјави министерот за рурален развој и храна, Лефтерис Авгенакис.Зборувајќи од Центарот за координација на кризи во Лариса, Авгенакис рече дека досега се пријавени за угинати 61.786 овци и кози, 19.355 свињи, 5.306 говеда и 123.810 птици. Како што јави Екатимерини, според Авгенакис, тешко се пристапува до сточарските единици, поради што има проблеми во собирањето и справувањето со угинатите животни. Авгенакис изјави дека „справувањето со прашања во врска со јавното здравје е одговорност на сите нас“, охрабрувајќи ги поединците да преземат мерки за да се обидат да ги избегнат здравствените опасности. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСедма вечер на отвореното културно лето во КарпошВчеравечер Карпошовото културно лето започна со презентација на фолклорната уметност , во организација на АКУД „Мирче Ацев“. Освен домашни групи, танцовите фолклорни ансамбли од Мексико, Романија, Унгарија , Полска и Турција, беа одлична можност, почитувачите на автентичниот фолклор да се насладат на интернационална играорна култура од други земји. Во присуство на градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски, во рамки на проектот „ReArt, во кафулето „Ли“, за љубителите на овој вид на уметност, беа изложени и презентирани автентично изработени скулптури од рециклирани материјали, создадени од млади таленти . -Навистина ми претставува особена чест, што вечерва имаме можност да ги видиме овие фасцинантни дела од оваа изложба. Она што го гледаме пред нас е најдобар доказ дека уметноста може да се роди токму таму, каде што најмалку ја очекуваме. Особено ме радува што зад овие дела стојат млади луѓе. Тие ни покажуваат дека креативноста нема граници, а одговорниот однос кон животната средина може да започне со едноставна промена во начинот на кој гледаме на работите околу нас, потенцираше првиот човек на Карпош , Лукровски. Во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“ со почеток од 20:00 часот , во рамки на отвореното кино, беше прикажан филмот „Исцелител“. И овој пат, карпошани, заедно со своите маалски соседи, роднини и пријатели, гледаа домашен македонски филм, во една релаксирана и опуштена атмосфера. Седмата вечер на отвореното културно лето во Карпош, заврши на најдобар можен начин-со одлична забава со неповторливите Игор Џамбазов и Гуру Харе . Нашиот легендарен шоумен заедно со гитаристот во придружба, направија незаборавна вечер за паметење. Со бравурозен настап, како на „филмска лента“ сe редеа познатите македонски поп-рок хитови и евергрини од познати македонски изведувачи кои ги натераа присутните заедно со Џамбазов и Гуру Харе да пејат и одлично да се веселат. Меѓу своите карпошани во релаксирана и опуштена атмосфера се забавуваше и градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски , заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаОстварена посета на фабриката Адиент Аутомотив во ТИРЗ СтрумицаДиректорот Гоце Димовски оствари посета на Адиент Аутомотив во ТИРЗ Струмица, каде заедно со менаџментот на фабриката беа разгледани тековните активности, плановите за во иднина, како и можностите за раст и развој. Покрај ова, беше реализирана и обиколка на производствениот погон. Во рамки на средбата, Димовски посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ и натаму продолжува со континуирана соработка со компаниите кои работат во зоните, со цел навремено да се согледаат нивните потреби и да се обезбеди соодветна поддршка во нивното работење. Тој посочи дека активно се работи на дополнително подобрување на условите за инвестирање, како и на создавање уште подобра деловна средина за компаниите кои се дел од ТИРЗ. Од страна на менаџментот на фабриката, беше изразено задоволство од досегашната соработка со Дирекцијата за ТИРЗ, при што беа претставени тековните активности и идните планови и очекувања на компанијата. Преку ваквата директна и отворена комуникација со инвеститорите, Дирекцијата за ТИРЗ продолжува со јакнење на партнерскиот однос, подобрување на условите за работа и поддршка на компаниите во нивните развојни планови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Топол продолжен викенд со изолирани невремињаПродолжува топлотниот бран, со температури кои во Скопје ќе достигнат и до 36 степени во делови од државата температурата ќе биде и до 39 степени.Продолжува топлотниот бран, со температури кои во Скопје ќе достигнат и до 36 степени во делови од државата температурата ќе биде и до 39 степени, можно е изолирано невреме во делови од земјата, велат од УХМР.. Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter