Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска
1Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска
БалканГранит 2023: Приказ на воената моќ на Србија со 5000 војници, 2300 оружјаПовеќе од 5.000 српски војници со 2.300 парчиња оружје и 60 воздухоплови на воениот аеродром во Батајница извршија приказ на се со што располага Војската на Србија на манифестацијата Гранит 2023, одржана по повод Денот на Војската на Србија. <На манифестацијата покрај целиот државен врв на Србија предводен од претседателот Александар Вучиќ, беа и унгарскиот премиер Виктор Орбан и претседателот на Република Српска, Милорад Додик, јави дописникот на МИА од Белград. Приказот „Гранит 2023“ опфати програма за летање, вертикални маневри на специјалните единици, воздушна огнена поддршка, блиска воздушна борба, дефиле на припадници на специјалните единици, воздушни напади и тактичко-техничко изложба на оружје и воена опрема. Во летечкиот дел од програмата учествуваа авиони и хеликоптери „МиГ-29“, „Орао“, „Ласта“, „Ми-35“, „Х-145М“ и „Ми-17“. Беа преставени и противвоздушните ракетни системи „ФК-3“ и „Панцир“, противвоздушен самооден артилериско-ракетен систем ПАСАРС, противтенковски ракетни системи „Корнет“, оклопни борбени возила „Милош“, „Лазар-3“ и „Хамер“, самооден топ – хаубица НОРА 155 мм, самооден повеќецевни ракетен фрлач „Огањ“, како и современи оптоелектронски средства. Заедно со оклопниот транспортер МРАП 6×6, тенковите Т-72МС, оклопните извидувачки возила БРДМ-2МС и беспилотните возила „Мал Милош“, прикажани беа и беспилотните летала CH-92 и Пегаз и новиот ракетен систем со краток дострел Мистрал. Претседателот на Србија заедно со гостите го обиколи оружјето и воената опрема на аеродромот во Батајница. - Пред 10 години немавме ништо, а ова што го прикажуваме денес е илјадници километри оддалечено од она што го имавме во минатото. Ова е големата сила на Србија, изјави Вучиќ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАндоновски од Белград: Инвестициите во ИКТ-индустријата и технологијата го движат економскиот растМинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше на економскиот форум BELTALKS 2026, кој вчера и денес се одржува во Белград, Република Србија, во организација на GLOBSEC.Во рамки на форумот, министерот Андоновски беше говорник на панел-дискусијата „Градење економија заснована на вештачка интелигенција: податоци, инфраструктура и конкурентност“. „Разговараме за иднината на регионот од економски аспект, а јас ги претставувам можностите за инвестирање во Македонија во областа на новите технологии и вештачката интелигенција. Имаме добар почеток, затоа што Македонија забележа раст на БДП од 3,7 проценти во првата половина од 2026 година и раст од 4,3 проценти во вториот квартал, во услови на ниска инфлација. Овој раст е воден и од инвестициите во ИКТ-индустријата и технологијата“, изјави Андоновски. „Затоа сме тука – да отвориме нови можности за инвестиции во дата-центри, примена на вештачката интелигенција и развој на технолошки компании, како и да привлечеме што е можно повеќе компании, разновиден капитал и ново знаење во Македонија“, додаде министерот. На панелот учествуваа и претседателката на Народното собрание на Република Србија, Ана Брнабиќ, претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, и претседателот на Извршниот одбор на Yettel Bank, Александар Богдановиќ. Дискусијата беше насочена кон можностите Западен Балкан да се позиционира како центар за иновации, дата-центри и нови технологии, како и кон значењето на дигиталната инфраструктура, енергетските капацитети, човечкиот капитал и поволното деловно опкружување за привлекување високотехнолошки инвестиции. За време на форумот, министерот Андоновски даде изјава и за гледачите на Македонската радио-телевизија, во која се осврна на придонесот на ИКТ-индустријата во економскиот раст и на можностите за нови инвестиции во Македонија. Во продолжение на форумот, министерот Андоновски ќе учествува и на затворената тркалезна маса „Еден регион, еден пазар? Трговијата, работната сила, инвестициите и иднината на регионалната интеграција“. BELTALKS 2026 го отвори претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут, додека завршното обраќање е предвидено за претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Форумот обедини високи политички претставници, носители на одлуки и претставници на деловната заедница од регионот и Европа. Кабинет на Министер Стефан Андоновски,Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСрбин за малку ќе испаднеше од авион на Рајанер- од компанијата ги оспоруваат неговите тврдења Авиокомпанијата „Рајанер“ објави дека ќе ги оспори тврдењата на патникот Љубиша Каровиќ дека дел од неговото тело бил надвор од авионот откако се скршил прозорец на летот од Грција до Германија во јули. Во инцидентот, кој сега го истражуваат американските регулатори, 61-годишниот претприемач бил сериозно повреден, пишува „Гардијан“. Адвокатот на српскиот претприемач тврди дека неговиот клиент морал да биде повлечен назад во кабината од други патници бидејќи неговата глава и десна рака биле исфрлени од отворот поради ненадејна декомпресија. Шефот на „Рајанер“ ги негира тврдењата Извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О'Лири, не се согласува со таа верзија. Тој им изјави на новинарите по годишното собрание на акционерите во Даблин дека компанијата ќе го побие таков опис на настанот. Тој рече дека Каровиќ „сигурно бил повлечен кон прозорецот, но не излетал низ него“. „Тој не бил делумно низ прозорецот. Ниту еден дел од неговото лице не завршил надвор“, рече О'Лири. „Веруваме дека ниту еден дел од неговото тело не бил надвор од авионот, иако тој навистина бил повлечен кон прозорецот во многу драматични околности“. Тој нагласи дека Србинот носел сигурносен појас и најави: „На крајот од процесот сигурно ќе оспориме дека тој или кој било дел од неговото тело бил надвор од прозорецот“. Сепак, додаде дека не се обидува да ја намали сериозноста на ситуацијата и дека компанијата ќе почека на резултатите од извештајот од Националниот одбор за безбедност во сообраќајот на САД (NTSB), кој ја води истрагата. Улогата на сопругата во спасувањето Самиот Каровиќ изјави во претходно интервју дека верува оти сигурносниот појас го држел во авионот додека ја губел свеста. Неговата сопруга Светлана рече дека клучната улога во спасувањето ја одиграла друг патник додека го гледала својот сопруг кој бил „половина во авионот, а половина надвор од него“. Таа рече дека непознатиот патник, за кого веруваат дека е Албанец, „направил сè за да го внесе внатре“, а потоа успеал да го блокира отворот со куфер.Тагови: Рајанер Србинот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаУапсени се 12 вочачи- 11 возеле без возачка дозвола Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување возило“, 11 возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол .Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 11 управувале возило без положен возачки испит и тоа: С.И.(24), Ф.Б.(24), Б.М.(21), Д.С.(20) и С.Р.(36) од Скопје, С.Ф.(30) од Зелениково, Џ.У.(34) од село во општина Чашка, О.Ф.(41) од крушевско, Ф.В.(24) и Д.М.(31) од Куманово и кумановско. Додека, С.А.(34) од кичевско возел без возачка дозвола и со брзина од 100 км на час на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 40 км на час. Од слобода е лишен и А.С.(37) од село во општина Илинден бидејќи возел под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook