3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МакедонијаГраѓаните се жалат на поскапувања во очи не велигденските празнициДали граѓаните годинава ќе имаат велигденска трпеза со „солени цени“? Канал 5 направи обиколка низ маркетите и пазарите, каде може да се забележи дека цените варираат. Па така, табла јајца низ маркетите може да се најде и по цена од 170 до 200 денари, но низ пазарите истата чини од 280 па се до 320 денари. Јагнешкото месо пак, низ месарниците достигнува цена и до 650 денари. На пазарите, килограм краставици се движи од 100 до 140 денари, а слична цена се и доматите. Пазарџиите зад камерите велат дека во пресрет на празниците цените ги намалиле за 20 до 30 денари по килограм. Но граѓаните со поинакви мислења. Се жалат на повисоки цени од 20 до 50 денари на сите неопходни производи за велигденската трпеза , не само во пресрет на празникот, туку и неколку недели претходно. - Покачени се и јајцата и месото се е покачено и зејтинот - Има покачување и на јагнешкото и на салатите и на доматите, компирите од 80 на 110-20 денари. Па така, моментално во однос на 80% има покачување, 80% од робата е покачена. - Покачени се 20 денари, еве салата земав 120, 140 денари како не е покачено. Мандарините земав исто 140 денари. - Цените за наш стандард се неподносливи и зеленчукот и основните продукти се неиздржливи, но мора да бидеме на диета да не јадеме многу и да ослабиме ова е добра прилика - Зеленчукот ужасно, домат 200 денари, 180 салати, кромид, другите цени не ги следам ама зеленчикот е ужасен. Сепак граѓаните сметаат традицијата мора да се испочитува, можеби ќе биде попразна од лани, но велат секој со своите можности ќе ја наполни трпезата. - Традиционално секогаш е иста без разлика на цената, цената влијае, меѓутоа традицијата останува да се заврши. Ако се јадело 2 килограми јагнешко сега ќе се јаде помалце. - Никогаш не може да биде иста трпезата од минатото подобра. - Па малку ќе се скрати, да. - Зависи кој има пари ќе биде богато, кој нема пари ќе биде празно секогаш било така, се зависи од буџетот од примањата на луѓето а ние знаеме стандардот на народот каков е. А по засилени инспекциски контроли во пресрет на празникот, АХВ унишни 1230 килограми различни производи како месо, јајца, бои за јајца, мед, ракија, маслиново масло и други производи, а инспекторите изрекоа казни во висина од над 3000 евра. Од АХВ велат засилените инспекциски надзори ќе продолжат и во наредниот период и апелираат граѓаните да ги пријавуваат сите неправилности. Тагови: Велигден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25
СветБелата куќа отвори „Трамп ТВ“ откако ги укина акредитациите на дел од медиумитеБелата куќаго отвори својот онлајн стриминг канал „Трамп ТВ“ откако ескалираше нејзиниот спор со главните американски медиумски куќи.Каналот започна да се емитува синоќа, првично емитувајќи говори на Трамп и снимки од американски воени вежби. „Емитувањето ќе оди 24 часа на ден, со минати моменти, најави и со најновите и најдобри информации од администрацијата, сè на едно место“, соопшти Белата куќа. Лансирањето на „Трамп ТВ“ следува откако Трамп во петокот објави дека им забранува пристап до Белата Куќа на новинарите од телевизиите „Си-Ен-Ен“ и „Ем-Ес Нау“ и од сајтот „Политико“. Тој ги обвини медиумите за ширење лажни вести, но и дека не известуваат доволно за неговите постигнувања. Трите медиуми вчера поднесоа тужба против администрацијата, велејќи дека нејзините постапки ги загрозуваат слободата на медиумите и правото на јавноста на независно новинарство. Други големи американски ТВ-мрежи и весници одговорија со намалување на нивното известување за претседателот.Тагови: Белата куќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПобедата на Левица, Евреите во Берлин ја сметаат за заканаИзраелскиот амбасадор во Германија, Рон Просор, предупреди на непосредна егзистенцијална закана за еврејската заедница во Берлин откако крајнолевичарската партија Левица победи на регионалните избори во германскиот главен град.Тој кажа дека Левица, наследничка на комунистичката партија што владееше со поранешна источна Германија, покажала „апсолутно неконтролиран антисемитизам“. „ За еврејската заедница во Берлин, теоретската закана станува конкретна и непосредна егзистенцијална опасност“, рече Просор. Со победата на Левица, нејзината водечка кандидатка, 45-годишната Елиф Ералп, би можела да стане првата градоначалничка на Берлин од редовите на оваа партија и прва со турско потекло.Тагови: Берлин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Канада, Анита АнандНа маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Њујорк оствари средба министерката за надворешни работи на Канада, Анита Ананд.Во годината кога се одбележуваат 30 години дипломатски односи, соговорниците ја потврдија цврстата основа на македонско-канадското партнерство и заедничкиот интерес за негово натамошно продлабочување. Беше истакнато и значењето на бројната македонска заедница во Канада, која претставува важен мост и дополнителна вредност во односите меѓу двете земји. На средбата стана збор и за унапредување на политичката и економската соработка, со посебен фокус на можностите за зголемување и диверзификација на трговската размена. Двајцата министри ја потврдија блиската соработка и меѓусебната поддршка во рамките на мултилатералните организации, особено во Обединетите нации и НАТО, како и заедничката посветеност на стабилноста и меѓународната безбедност, соопштуваат од МНРиНТКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook