Градоначалникот Сашко Митовски во посета на Перечин: Потпишан Меморандум за соработка - Канал 5

Градоначалникот Сашко Митовски во посета на Перечин: Потпишан Меморандум за соработка

Во рамки на официјалната посета на Перечин, Украина, по повод Денот на градот, градоначалникот на Општина Крива Паланка оствари работна и свечена средба со градоначалникот на Перечин, Иван Погорелјук, како и со претставници на локалната самоуправа.

Градоначалникот Сашко Митовски во посета на Перечин: Потпишан Меморандум за соработка

На средбата беше потпишан Меморандум за продлабочување и унапредување на меѓусебните односи, со што се потврди континуитетот и посветеноста на двете збратимени општини кон градење на силни и стабилни партнерски врски.

Средбата се одвиваше во духот на долгогодишното пријателство, заемната почит и доверба, како и заедничката определба за понатамошно унапредување на заедничките активности во повеќе области од заеднички интерес.

Во рамки на разговорите беа разгледани можностите за интензивирање на соработката во сферата на културата, образованието, младинските политики, спортот и туризмот, како и заедничко учество во европски и меѓународни проекти.

Градоначалникот Сашко Митовски, во своето обраќање по повод Денот на градот Перечин и 627-годишнината од неговото постоење, истакна дека збратимувањето помеѓу Крива Паланка и Перечин, воспоставено во 2018 година, претставува пример за успешно и искрено меѓународно пријателство.

„Збратимувањето помеѓу Крива Паланка и Перечин не е само формален чин, туку жив мост на доверба, почит и вистинска човечка блискост“, беше истакнато во обраќањето.

Во рамки на средбата беше нагласена важноста од негување на солидарноста, пријателството и меѓусебната поддршка меѓу народите, особено во услови на глобални предизвици.

„Нашите градови испраќаат јасна порака дека пријателството и меѓусебното разбирање се посилни од сите предизвици“, беше порачано на свеченоста.

Двете страни оценија дека досегашните заеднички активности претставуваат цврста основа за реализација на нови иницијативи и проекти кои ќе придонесат за уште посилно поврзување меѓу граѓаните на Крива Паланка и Перечин.

Општина Крива Паланка останува посветена на унапредување на меѓународните односи, јакнење на партнерските врски со пријателските градови и промовирање на мирот, меѓусебната почит и европските вредности како темел на заедничкото делување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров

На четирите малолетнички против кои се водеше постапка за насилство врз 13-годишно девојче во скопско Ѓорче Петров им е изречена мерка упатување во воспитно-поправен дом.

Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров

Како што потврдија од Основниот кривичен суд за Канал 5, судија за деца, на две од девојките им изрекол мерка во траење од една година, додека за останатите две, во траење од по осум месеци.

Од кривичен посочуваат дека се работи за одлука што не е правосилна.

Станува збор за случај од март годинава што ја шокираше јавноста поврзано со група деца која се изживува врз девојче, додека дел од присутните го снимаат насилството.

По откривањето на случајот, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири малолетнички, една на возраст од 17 години која во меѓувреме стана и полнолетна, како и против три девојчиња на возраст од 14 години, поради основано сомнение за кривичното дело „насилство“.. обвинителството тогаш информираше дека малолетничките учествувале во дејствија на насилство во два одвоени настани..

Во рамките на истиот случај, до обвинителството беа доставени и шест кривични пријави против родители за „запуштање и малтретирање дете“..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура

Премиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година.

Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура

Премиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година предводена од тогашниот премиер Димитар Ковачевски, со која како што тврди, по предлог тогашниот министер Фатмир Бесими се барало од владата да го овласти Државното правобранителство да ѝ ги отуѓи на Алта банка - Белград акциите што државата ги има во банката во Србија како резултат на сукцесијата на поранешна Југославија.

Лидерот на СДСМ, Филипче, пак, како целосни невистини и манипулации ги отфрли ваквите наводи на прес-конференција која ја одржа на пауза од надзорната расправа.

Тој објасни дека, откако Мацура во 2023 година се стекнал со над 90 проценти од акциите во белградската Алта банка, која претходно се викала ЈУБМЕС – односно Југословенска банка за меѓународна економска соработка, преостанатите акции биле преземени без согласност на македонската страна, според механизмот предвиден во српското законодавство.

На прес-конференцијата од Филипче реагираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

И тој покажа документи од записникот од владината седница во 2023 година кои според власта ги демантираат обидите на опозицијата да ги изврти фактите и аргументите, а опозициските пратеници како што рече наместо на пресови надвор од сала сите прашања можеле да ги постават директно до учесниците на надзорната расправа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски.

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

На средбата, министерот Ристовски ѝ го честиташе изборот на претседателската функција и ѝ посака успешна работа, со уверување дека со посветеност, визија и добра соработка можат да се постигнат значајни резултати во унапредувањето на скијачките спортови во Македонија.

Ристовски ја истакна подготвеноста на Министерството за спорт да даде поддршка на активностите и иницијативите на Федерацијата насочени кон развој на скијањето, создавање подобри услови за работа и тренинг на спортистите, како и поттикнување на младите да се вклучат во скијачките спортови.

На средбата беше потврдена важноста од континуирана соработка меѓу институциите и спортските федерации, со заедничка цел за создавање посилни основи за развој и афирмација на скијачките спортови во Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер