Градоначалникот на Кочани Крстевски поднесе кривични против неколку угостителски објекти - Канал 5

Градоначалникот на Кочани Крстевски поднесе кривични против неколку угостителски објекти

Незаконски угостителски објекти добиваат приклучоци на струја, а кујните со броила до фритези имаат ХАСАП дозволи, обвинува градоначалникот на Кочани – Венко Крстевски.

Градоначалникот на Кочани Крстевски поднесе кривични против неколку угостителски објекти

Незаконски угостителски објекти добиваат приклучоци на струја, а кујните со броила до фритези имаат ХАСАП дозволи, обвинува градоначалникот на Кочани – Венко Крстевски, кој вели дека три месеци по трагедијата се уште има угостители кои узурпираат јавен простор, работат незаконски и спротивно на стандардите, за што денеска им поднесе кривична пријава до кочанското обвинителство. ДПИ, АХВ и останатите институции пак ги прашува зошто и натаму се толерира ваквото работење..

-Со жалење можам да констатирам дека на угостителите кои што работат незаконки и нерегуларно, побитен им е личниот профит, отколку безбедноста и здравјето на граѓаните. Загрозени се жителите на тоа подрачје, меѓутоа загрозени се и посетителите на нивните објекти. Трагедијата која што се случи во Кочани е плод на институционални пропусти и корупција која што се случувала сите овие години. Жал ми е што многу угостители се уште не се освестуваат, меѓутоа и жал ми е што многу институции се уште не постапуваат соодветно со нивните надлежности. - Венко Крстевски – Градоначалник на О. Кочани

Во меѓувреме, опозициската СДСМ продолжи со прес-конференциите на кои обвинува за селективност во истрагата за трагедијата.. Тие тврдат дека началникот на СВР Штип, Дејан Салтировски, не бил опфатен со истрагата, односно, како што велат, власта го штити началникот, бидејќи фирмата на неговата сопруга Салтировски Консталтинг, а и лично таа, биле донатори за капмањите на ВМРО-ДПМНЕ..

-Дали оваа компанија водела фиктивно сметководство за компаниите „Класик“ ДООЕЛ и „ММММ“ ДООЕЛ кои управувале со дискотеката „Пулс“ на газда Деко? Дали со транши од Деко на „Салтировски консалтинг“ ДООЕЛ од Делчево се исплаќал договорениот паушал за полициска заштита на „Пулс“? Дали „Салтировски Консалтинг“ ДООЕЛ била вмешана и во скандалот „Делчевски Ниви“ кој магично исчезна од судските процеси? Конечно, дали овие пари од Деко завршувале за финансирање на кампањите на ВМРО-ДПМНЕ?

Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека никој не е поштеден и дека не се води селективна правда, а СДСМ го обвинуваат дека ја злоупотребува трагедијата во политички цели.

СДСМ имале состанок на кои присуствувале повеќемина од раководството и договориле Кочани да биде дел од кампањата во следниот период. Ова е одлучено и покрај обидите на неколкумина да укажат дека ова не е совесно, ниту чесно и морално, да се тера кампања за оваа трагедија во која има починати 62 лица. - Валентин Манасиевски – ВМРО-ДПМНЕ

Инаку, со обвинението кое го покрена кочанското обвинителство опфатени се 34 физички и три правни лица. Втората истрага пак ја води ОЈО ГОКК и во неа досега се опфатени речиси 30 поранешни и сегашни полициски функционери и службеници, но таа се уште трае, а рокот за поднесување на обвинение е до октомври...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: Состојбата во Гостивар се следи – намален вкупниот број прегледи

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции.

МЗ: Состојбата во Гостивар се следи – намален вкупниот број прегледи

Во текот на 3 август се регистрирани вкупно 78 прегледи, што е за шест помалку во споредба со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи.

Во однос на западнонилската треска, на Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај. Во тек се потребните испитувања за лабораториска потврда или исклучување на заболувањето.

Министерството за здравство, во координација со надлежните здравствени установи, продолжува внимателно да ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови релевантни податоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Радеска: Обвинителството да отвори истрага – Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар

Има нов, сериозен момент во скандалот со загадената вода во Гостивар.

Радеска: Обвинителството да отвори истрага – Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар

Власта официјално потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa во водата.

Водата што ја прогласија за „техничка“ и дека може да ја користат граѓаните има бактерија. Страшно!

Тоа значи дека граѓаните на Гостивар се капеле со бактерија која претставува ризик по здравјето.

Кожни инфекции и бројни други сериозни заболувања и други инфекции предизвикува оваа бактерија.

Ова е врв на институционалниот колапс и уште еден здравствен скандал.

Системот на Мицкоски и Клековски целосно потфрли во својата основна задача, наместо да го заштити здравјето на граѓаните го загрози.

Затоа Мицкоски и Клековски се кријат зад Тошковски и Ангелов, луѓе кои не се стручни за ова и само создаваат забуна и грижа кај граѓаните.

Сѐ уште Владата не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна.

Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски. Ништо повеќе.

Со признанието за присуство на бактерија се потврдува дека капењето не било дозволено, а граѓаните се капеа.

И повторно се врши хиперхлорирање.

Кога се прави хиперхлорирање - капењето не е дозволено исто така поради високото ниво на хлор.

Концетрацијата на хлор мора да се спушти на дозволени вредности за да може да се користи.

Министерот Клековски најавуваше дека од оваа недела водата ќе може да се пие.

Мицкоски рече дека има бактерија.

Сега и официјално е потврдено: присутна е опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa, која има сериозни последици по здравјето на човекот.

Ова е страшна информација.

Обвинителството мора веднаш да отвори истрага, мора да има кривична одговорност за:

• Христијан Мицкоски;

• Сашо Клековски;

• Сите одговорни лица во институциите кои молчеа и не презедоа мерки додека беше загрозено здравјето на илјадници граѓани.

Одговорноста не може и не смее да се избегне.

Обвинителството мора да покаже дека законот важи за сите и веднаш да отвори истрага за овој тежок скандал.

YouTube video

Прес конференција на Елена Радеска, СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 27.7.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,069%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 4,806%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 0,930% и кај мазутот намалување во просек за околу 4,787%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1423%.

Од 05.08.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 91,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 93,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 46,419 (денари/килограм)

Во денешната одлука е применет намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,680 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 05.08.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

РКЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер