МакедонијаГрадоначалничката Арсовска со реакција на Фејсбук по апсењето на директорот на Комунална Хигиена Скопје Мицковистичкиот режим и МВРО да сее страв пред втор круг избори го привело директорот на Комунална Хигиена, за хаосот со ѓубрето кој токму криминалните кадри на Мицковски го креираат., пишува Арсовска меѓудругото на Фејбук. По објавите за медиуми кои се очигледно предизборен обид на МВРО на Мицковски да сеат страв низ Скопје без никаков законски основ дека е приведен директорот на Комунална Хигиена Скопје, градоначалничката јавно го исмеа режимскиот диктатор Мицковски со сатирична објава на социјалните мрежи. Мицковистичкиот режим и МВРО да сее страв пред втор круг избори го привело директорот на Комунална Хигиена, за хаосот со ѓубрето кој токму криминалните кадри на Мицковски го креираат. Претседателката на Управен одбор Јулијана Спировска, нема да ја апсат бидејќи има албум со сликички со сите функционери на ВМРО. Јулијана која ја управува Комунална Хигиена Скопје е осуден криминалец во 2022 година со казна затвор за убиство и осуден криминалец во 2006 за нанесување тешки телесни повреди. Јулијана во КХС ги команда другите членови на Управен одбор од ВМРО и ВЛЕН, кои се поставени од Советот на град Скопје од ВМРО и ВЛЕН. Јулијана 3 години опструира нови камиони, инвестициска програма, вработените кои 5 години ги чистат улиците не можат да земат решение за работа поради нејзините сопартијци од ВМРО и ВЛЕН во Советот. Јулијана по наредба на ВМРО континуирано со години прави опструкции додека градот не се удави во смет. И сега директоров им е крив кој не можел да набави 35 нови камиони бидејќи тоа Јулијана го одложила за да ги набави Орце. Мицко, кога ќе бегаш од Македонија за некоја година, бидејќи те болат коленцата нема да може во гепек од кола, ќе треба во багаж од автобус да те пренесат низ граница бегајќи накај Будимпешта, стои во објавата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Тагови: Данела Арсовска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПредложен притвор за едно лице по насилство во ЧаирОсомничениот и неговиот малолетен брат кој е под законската граница за кривична одговорност преземале дејствија на насилство со кои на едно дете и на едно полнолетно лице им биле нанесени тешки телесни повреди со убоди од нож.Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 19 години за кое постои сомнение дека сторило кривичнo делo – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот и неговиот малолетен брат кој е под законската граница за кривична одговорност преземале дејствија на насилство со кои на едно дете и на едно полнолетно лице им биле нанесени тешки телесни повреди со убоди од нож, а полесно било повредено уште едно дете. Во јавноста и кај присутните лица предизвикувале чувство на несигурност, загрозување, страв и вознемиреност. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот полнолетник.Тагови: насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 2. септември 2026 година Дневен хороскоп за среда, 2. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска ќе имате можност да го проширите кругот на луѓето со кои се дружите. Оние кои бараат нова љубов , тоа ќе им биде поттик. Кариера Иако во моментов малку потешко се снаоѓате, затоа што не може се да биде по ваше, денеска сепак ќе бидете пофалени. Здравје и совет Јадете повеќе овошје. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вие сте една од ретките личности која во секое време е расположена за забава и излегување. Ако сте во двојка , одете заедно. Кариера Тоа што знаете некои работи за одредени луѓе , резултат е на вашата способност да ги откриете . Не морате со тоа да се фалите. Здравје и совет Бидете подискретни. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во врска со љубовните прашања би можеле денеска да се фалите пред други или да си замислите дека вредите повеќе. Бидете поскромни. Кариера Приватниците ќе имаат една шанса, но треба да проверуваат дали е се легално поставено. Останатите добро ќе работат. Здравје и совет Ќе имате голем апетит. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веќе ви е здодеано да ударате со главата од ѕид. Признајте си дека не оди. Подобро да бидете трпеливи , отколку на сила да барате љубов. Кариера Во една работа ќе покажете исклучителна снаодливост. Без проблеми ќе го решите она што им е тешко на другите. Здравје и совет Во добра форма сте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ќе се впуштите во раскажување ,,ловечки приказни” за вашиот љубовен живот , за да го компензирате сегашното незадоволство. Кариера Вистината е дека сте постигнале многу добри резултати , но денеска ќе бидете склони уште повеќе да ги ,,надувате”. Бидете малку пореални. Здравје и совет Скромноста сепак е доблест. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Мали мудрости од некоја стара книга ќе ви помогнат за да го земете главниот збор во врската. Не претерувајте. Кариера Не е исклучено денеска да вио дадат мала работна задача што ќе треба да го заврпшите или дома или да се вратите назад на работното место. Здравје и совет Прифатете го неизбежното. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ништо нема да ги наруши вашите складни односи со саканите личности , но нема да биде ништо стимулирачко за љубовта. Кариера Одличен ден за проширување на стручните знаења Можно е дека пред вас е вистинска шанса за професионално усовршување. Здравје и совет Посилни сте од другите. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе се двоумите како да се поставите во еден посебен однос. Ве боли што сте провоцирани , а сепак сте вљубени. Кариера За да функционирате на работата , ќе морате со доверба да се потпрете на другите околу себе.Тие ќе ве упатат. Здравје и совет Поработете на својата дисциплина. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои се сами , нека излезат меѓу луѓе,зашто ќе имаат шанса за да ги прошират своите контакти , а при тоа и подобро да запознаат некого. Кариера Денеска најдобро ќе поминат оние кои ќе тргнат на кусо службено патување. Таму се ќе излезе подобро од очекуваното. Здравје и совет Опуштајте се редовно. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Има големи шанси за добар провод со пријателите. Ќе ви биде убаво , а доколку сте во врска , повикајте го партнерот во друштво. Кариера Ќе се чувствувате гордо поради очигледните заслуги. Ќе работите полесно и попосветено. Нема да ви недостига мотив. Здравје и совет Не возете ако сте возбудени. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе имате поддршка од партнерот за повеќето прашања . Тоа ќе ја зацврсти вашата меѓусебна доверба и однос. Кариера Извесни се добри финансиски резултати или вести за нив. Вие и натаму работите прецизно и квалитетно. Здравје и совет Зголемен апетит. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашите лични односи ќе се развиваат вообичаено без возбудувања. Ќе ви биде дури и по малку здодевно. Кариера Треба подобро да се фокусирате на другите.Внимателно следете ги како работат, па нешто и ќе научите. Здравје и совет Не ги надминувајте своите можности.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтефан Андоновскиво „Вести плус“ Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Стефан Андоновски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter