ЖивотГрад во Холандија, прв во светот забранува рекламирање месни производи Властите во холандскиот град Харлем планираат да ги забранат повеќето реклами за месни производи на јавни места од 2024 година поради климатските влијанија од таквото производство на храна.Законот, кој веројатно е прв од ваков вид во светот, го подготви зелената партија Гроенлинкс, а наиде на противење од локалниот сектор и оние кои сметаат дека е закана за правото на слобода на говор. Според наодите на ОН, добитокот произведува повеќе од 14% од сите стакленички гасови, вклучувајќи го и метанот. „Месото е многу штетно за животната средина. Не можеме да им кажеме на луѓето за климатската криза и во исто време да ги охрабруваме да купуваат производи кои влијаат на тоа“, вели Зиги Клазс, советник од GroenLinks, а пренесува Би-би-си. Властите на градот со 160.000 жители наведуваат дека се уште не е одлучено дали во забраната за рекламирање ќе биде вклучено и одржливото производство на месо. Месната индустрија многу брзо реагирала на оваа одлука. „Надлежните им кажуваат на луѓето што е најдобро за нив, тоа не е добро“, рече портпаролот на Централната организација на секторот за месо. Десничарската партија БВНЛ рече дека овој потег е „неприфатливо кршење на слободата на претприемништвото“ и ќе биде катастрофален за одгледувачите на свињи. „Забранувањето реклами од политички причини е слично на диктатура“, рече Џои Радемејкер од BVNL. Адвокатот Херман Броринг од Универзитетот во Гронинген рече дека таквиот закон може да ја загрози слободата на изразување и да доведе до тужби од трговците на големо. Околу 95% од луѓето во Холандија јадат месо, но повеќе од половина не го консумираат секој ден. Амстердам и Хаг веќе забранија рекламирање на воздухопловната индустрија и индустријата за фосилни горива.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во Кочани, лишени од слобода две лицаНа 27.08.2026 полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода Д.С.(42) и В.З.(26) двајцата од Кочани, по претходни оперативни сознанија дека се сторители на повеќе тешки кражби на подрачјето на ОВР Кочани. Извршен е претрес во нивните домови, со претходно издадена судска наредба, при што биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривично дело по член 236 од Кривичниот законик на РМ. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.Тагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаЛишен од слобода возач од Шведска, на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволенатаНа 27.08.2026 околу 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „фолксваген“ со српски национални ознаки, управувано од М.С.(39) од Шведска. При извршена проверка преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.С. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно на автопатот А-1, во близина на Демир Капија, управувал со возилото со брзина од 175 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час. М.С. е лишен од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Тагови: поголема брзина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГаши: Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлинаПретседателот на собранието Африм Гаши упати честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упатувам искрени честитки до сите православни верници и до сите граѓани кои го одбележуваат овој значаен празник. Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина и нека нè потсети на вредностите што нè обединуваат како општество. Во духот на соживотот и почитувањето на различностите, да продолжиме заеднички да градиме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува почитуван и еднаков. На сите кои го празнуваат, им посакувам добро здравје, благосостојба и пријатни празнични мигови со своите најблиски. Со почит, Африм ГашиТагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter