Голманот Реина ја заврши кариерата - Канал 5

Голманот Реина ја заврши кариерата

 Голманот на Комо, Пепе Реина, објави дека се повлекува од професионално играње по крајот на сезонава.

Голманот Реина ја заврши кариерата

-Решив да ја завршам кариерата по завршувањето на тековната сезона. Оваа одлука ја донесов во јануари минатата година. Разговарав со сопругата и донесовме заедничка одлука, изјави Реина за „Movistar“.

Во текот на кариерата Реина бранеше за Виљареал, Ливерпул, Наполи, Баерн Минхен, Милан, Астон вила, Лацио и Комо.

Четириесет и двегодишниот голманот го има освоено Суперкупот на УЕФА, Купот и Суперкупот на Англија, стана германски шампион и победник на Купот на Италија.

Како дел од шпанската репрезентација, Реина стана светски шампион и двократен европски шампион.

Шварценегер: Имигрантите во САД се гости

Поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер вчера имаше мал „судир“ со водителките на американската емисија „Поглед“ (The View), откако  изјави дека доселениците во САД треба „да се однесуваат како гости“.

Шварценегер: Имигрантите во САД се гости

Поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер вчера имаше мал „судир“ со водителките на американската емисија „Поглед“ (The View), откако изјави дека доселениците во САД треба „да се однесуваат како гости“ и да вложат максимални напори за да ѝ се оддолжат на земјата.

- Клучната работа, во истовреме, е тоа што мораме да ги правиме работите законски! Тоа е најважното, знаете!?, додаде тој.

Во разговорот за тоа како Шварценегер би се справил со сегашната состојба со немирите во Калифорнија доколку сè уште беше гувернер, водителката Џој Бехар истакна дека во еден миг и самиот австриско-американски глумец бил имигрант. Шварценегер одговори дека „имал големо искуство со доселувањето и останува благодарен за животот што го имал во Америка“... Но, исто така, тој додаде дека имиграцијата треба да се случува на „вистинскиот начин“, пренесува „Јаху ентертејнмент“ (Yahoo Entertainment).

- Треба да ги правите тие работи според прописите. А оние луѓе кои прават нелегални работи во Америка - тие се странците, тие не се паметни. Бидејќи, кога ќе дојдете во Америка, Вие сте гости. И треба да се однесувате како гости... Како кога одам во нечија куќа - како гостин, тогаш ќе направам сѐ што можам - да ги чувам работите чисти, да го наместам креветот и да направам сѐ што е правилно... Наместо да направам кривично дело, или да навредам некого, или нешто слично, истакна Шварценегер.

Поранешниот политичар притоа ги охрабри доселениците „да ѝ се оддолжат на Америка за нивниот подобар живот“ со тоа што ќе направат нешто „без пари“ во нивната нова заедница.

- Тоа е точно. Но, Арнолд, не заборавајте дека 90 отсто од луѓето што доаѓаат овде се обидуваат да ја направат вистинската работа, се надоврза водителката и глумица Вупи Голдберг. - И многу од она што се случува во мигов е тоа дека луѓето се грабнуваат, а не треба да бидат грабнати, и се носат вон земјата. Тоа се луѓе кои имаат визи, луѓе кои ги имаат сите тие работи. Значи, ние ги сакаме сите вистински луѓе. Не сакаме луѓе кои прават лоши работи, додаде водителката.

Следејќи ја мислата на Вупи, нејзината со-водителка Асунсион Хостин изјави дека е помалку веројатно тоа имигрантите да извршат злосторства во САД, отколку граѓаните родени во оваа држава.

Волстрит џурнал: На Израел му снемува одбранбени пресретнувачи на ракети

На Израел му снемува одбранбени пресретнувачи на ракети „Аrrow“, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименуван американски функционер.

Волстрит џурнал: На Израел му снемува одбранбени пресретнувачи на ракети

Системот „Аrrow“ не е единствената одбранбена мерка што се користи против иранските ракети.

САД, исто така, имаат системи за ракетна одбрана „Патриот“ и системи за воздушна одбрана на голема надморска височина на Блискиот Исток, способни да пресретнат балистички ракети.

Според агенцијата, разорувачи на американската морнарица, исто така, собориле ракети.

„Аrrow“ е горниот слој на ракетната одбрана на Израел, заедно со „Железната купола“, која ги елиминира заканите од краток дострел како што се минофрлачи и ракети. „Arrow-2“ постои со години и пресретнува балистички ракети со долг дострел. Поновата „Arrow-3“ е специјализирана за пресретнување на ракети додека тие сè уште се надвор од Земјината атмосфера.

Претседателот на Собранието Гаши во Азербејџан се сретна со министри

 Во рамки на официјалната посета на Азербејџан, претседателот на Собранието Африм Гаши, оствари средби со министрите за надворешни работи и за енергетика, Џејхун Бајрамов и Парвиз Шахбазов.

Претседателот на Собранието Гаши во Азербејџан се сретна со министри

Како што соопшти Собранието, на средбата со министерот за надворешни работи, Џејхун Бајрамов, Гаши го поздравил интензивирањето на комуникацијата меѓу владините претставници на двете земји и додал дека се отвораат можности за поголема соработка на сите полиња.

Бајрамов истакнал дека како две пријателски држави без отворени прашања, треба да ја унапредиме соработката, не само во делот на стопанството и енергетиката, туку и во делот на туризмот.

Двајцата соговорници, како што се посочува во соопштението, заклучија дека во услови на геополитички предизвици, унапредувањето на меѓусебните добри односи и соработка ќе претставува промоција на мирот и стабилноста за поширокиот регион.

На состанокот со министерот за енергетика Шахбазов, претседателот на Собранието Гаши ги поздравил заложбите за зајакнување на партнерството во областа на снабдување на гас, што биле искажани во досегашната комуникација меѓу двете држави.

- Тој потенцираше дека за нас многу е важно да обезбедиме долгорочни договори за снабдување со гас, како и потенцијални инвестиции во гасната инфраструктура во Македонија, посочуваат од Собранието.

Министерот Шахбазов најавил дека веќе се разгледуваат можностите за зголемување на соработката со Македонија во делот на снабдувањето со природен гас и најавил дека на почетокот на есента оваа година планира да ја посети нашата држава.

На состанокот присуствуваа и пратениците Петар Марков, претседател на Пратеничката група за соработка со Азербејџан, пратеничката Имрлије Салиу-Фетаи, како и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

притисни ентер