Голфер си го ризикува животот за да го земе топчето од алигатор (ВИДЕО) - Канал 5

Голфер си го ризикува животот за да го земе топчето од алигатор (ВИДЕО)

Голфер од Флорида доби бројни критики откако го зеде топчето од опашката на алигатор.

Голфер си го ризикува животот за да го земе топчето од алигатор (ВИДЕО)

Шансата играчите кои редовно играат голф на Флорида во одреден момент да се најдат пред алигатор е навистина голема, но контактот со нив е сè уште ретка појава. Но, откако топката му застанала на алигатор, еден играч одби казнен удар и ја грабна топката од животното.

NBC2 News пишува дека момчето во видеото е брат на Кајл Даунс кој снимал. Тој изјавил дека неговиот брат не го предизвикал алигаторот на кој било начин.

YouTube video

Но, многумина го критикуваат на социјалните мрежи, нарекувајќи го неговиот потег глупав и несовесен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

Меѓународниот кривичен суд (МКС) презеде низа чекори за да се заштити од потенцијални сеопфатни санкции од страна на Соединетите Американски Држави, изјави денес заменик-обвинителката на МКС, Наџат Шамим Кан.

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT).

Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите системи во текот на изминатата година, вклучително и префрлање од канцеларискиот софтвер на „Мајкрософт“ на германскиот софтвер со отворен код „ОпенДеск“, како и алтернативни решенија за здравствено осигурување на вработените и банкарски услуги.

Фајненшл тајмс соопшти дека судот им исплаќал плати на вработените со месеци однапред за да ги ублажи сите потенцијални прекини во плаќањата.

Порано оваа недела, „Ројтерс“ објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвила санкции против целиот Меѓународен кривичен суд и планирала наскоро да ги објави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет се уште е член на Централниот одбор на СДС

На Венко Филипче и СДС не може да им се верува за ништо.

ВМРО-ДПМНЕ: Рубин Земон, човекот кој го негираше македонскиот идентитет се уште е член на Централниот одбор на СДС

Рубин Земон кој беше член на Извршниот одбор на СДС пролетва излезе во јавност со тврдење дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и оти не е важен за македонскиот идентитет.

По критиките кон него како член во највисокиот партиски орган, а и критики кон претседателот на СДС Венко Филипче, Земон излезе во јавноста и рече дека се повлекува од ИО на СДС бидејќи не сака да и нанесе штета на партијата.

Сега истиот тој Земон беше на седницата на Централниот одбор на СДС која се одржа во четвртокот вечерта.

Очигледно се што прават Земон и Филипче е лажење на граѓаните и ништо повеќе. Со терање на ваква политика СДС само тоне, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп го одби иранскиот предлог за седумдневен прекин на огнот, планира бомбардирање

Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли иранскиот предлог за седумдневен прекин на огнот, предложен од иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи.

Трамп го одби иранскиот предлог за седумдневен прекин на огнот, планира бомбардирање

Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли иранскиот предлог за седумдневен прекин на огнот, предложен од иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, објави денес „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на американски претставници.

Американските претставници изјавија за весникот дека Трамп им кажал на своите помошници дека очекува бомбардирањето на Иран да продолжи по ноемвриските избори за Конгресот на САД, додека американскиот претседател, велат тие, изразил сомнежи на затворени состаноци дека Иран ќе ги исполни неговите барања.

Иран предложи седумдневен прекин на огнот минатата недела за време на состанокот во Катар, што би можело да го отвори патот за запирање на иранските напади врз бродовите во замена за укинување на блокадата од САД, објави WSJ, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите.

Сепак, американски претставници запознаени со ситуацијата изјавија дека Вашингтон им кажал на Иран и на медијаторите дека Трамп нема намера да ја укине поморската блокада на Иран, бидејќи САД веруваат дека економскиот притисок ќе го принуди Техеран да го потпише договорот.

Според „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на арапски медијатори, иранските дипломати дале неколку предлози за прекин на војната и признале дека економската криза во нивната земја се влошува.

Сепак, официјалните лица нагласија дека сегашниот став на Трамп би можел да се промени ако конфликтот продолжи во наредните недели и дека на него би можеле да влијаат резултатите од изборите за Конгресот.

Американските претставници изјавија дека Трамп се двоуми да продолжи со големи воени операции против Иран, делумно затоа што САД сакаат да ги зачуваат своите намалени резерви на муниција за други итни случаи.

Во меѓувреме, преговорите меѓу Вашингтон и Техеран продолжуваат преку медијатори, вклучително и разговори за нуклеарната програма на Иран, потврдија официјални лица за американскиот весник.

Американските претставници открија дека напорите предводени од САД да им дозволат на танкерите да поминат низ Ормускиот теснец ја намалија итноста за постигнување договор.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, потврди во петокот дека Техеран доставил план до Вашингтон со кој Ормускиот теснец би се отворил за поморски сообраќај во рок од седум дена.

Аракчи рече дека Иран доставил конкретен седумдневен план до САД преку Катар и дека, доколку се исполнат потребните услови, теснецот би можел да се отвори повторно, а сообраќајот да се врати во нормала во предвидениот временски рок.

Според него, на шестиот ден од рокот, Ормутскиот теснец би бил отворен, додека преговорите за договорените прашања би започнале следниот ден за да се постигне конечен договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер