Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави
2Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави
3Фудбалската федерација на Македонија и селекторот на македонската А репрезентација, Гоце Седлоски, спогодбено го раскинаа договорот
МакедонијаГолема Велигденска акција во Sara Fashion Home: Пронајдете сè што ви е потребно за домот!Ни се приближуваат Велигденските празници, време кое го поминуваме со семејството, а доколку немате идеја годинава како да ја декорирате трпезарискaта маса, Sara Fashion Home ви нуди решение.Во Sara Fashion Home ве очекува специјална Велигденска колекција, инспирирана од традицијата и празничната елеганција! Од 1-20 Април, откријте ја совршената комбинација на стилски декорации и удобен текстил. Еве што сè можете да најдете во Sara Fashion Home за Велигден -Трпезариски сетови – декоративни чинии, чаши и салфети за незаборавни празнични моменти -Декоративни елементи – велигденски фигури, свеќници и украси што внесуваат празнична атмосфера -Корпи и држачи за јајца – стилски и практични за совршена Велигденска трпеза -Текстил за домот – чаршафи, прекривки и трпезариски столњаци во празнични бои и мотиви Уникатни производи на пазарот со одличен квалитет можат да го украсат вашиот дом за време на Велигденските празници – сè тоа можете да го најдете во продавницата на Sara Fashion Home кои се наоѓаат во најголемите трговски центри кај нас. Прикажи ову објаву у апликацији Instagram Објава коју дели Sara Fashion Home (@sarafashion.home 25 години дел од секој дом Sara Fashion Home е семејна компанија која постои од 1999 година и е тука за сè што им е потребно на жените – столбот на секој дом. Во срцето на секој дом се наоѓаат деталите што го прават посебен – токму такви се производите на Sara Fashion Home, широк избор на: -Текстил за спалната соба – 100% памучни чаршафи, удобни прекривки и меки перници за совршен сон -Трпезариски сетови – елегантен избор на чинии, чаши и прибор за јадење за секоја прилика -Кујнски додатоци – функционални и модерни решенија за вашата кујна -Бањарки и пешкири – софистициран допир на луксуз за вашето секојдневие -Чаши и стаклени сетови – од класични до модерни дизајни за уживање во секој пијалак Без разлика дали го уредувате вашиот дом или барате совршен подарок, во Sara Fashion Home ќе најдете производи што ќе внесат топлина, стил и удобност во секој простор. *комерцијална објава*Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизПочина Енди Тејлор, легендарниот гитарист на „Дјуран Дјуран“Енди Тејлор, поранешниот гитарист на британскиот бенд „Дјуран Дјуран“ (Duran Duran), почина на 65-годишна возраст како последица на рак на простата. Веста за неговата смрт во средата ја потврдија членовите на бендот и неговото семејство. „Енди почина мирно во својот дом, опкружен од своите најблиски, во понеделникот, на 23 ноември“, се наведува во заедничкото соопштение објавено на Инстаграм и на официјалната веб-страница на групата. Неговата сопруга Трејси зборуваше за неговата тешка борба со ракот на простата, истакнувајќи ја храброста со која тој се соочуваше со болеста. „Во последните години, тој се соочуваше со болеста со голема храброст и одлучност. Се бореше до самиот крај, никогаш не губејќи ја љубовта кон животот“, изјави неговата сопруга. Поранешните колеги на Тејлор од бендот – Сајмон Ле Бон, Џон Тејлор, Ник Роудс и Роџер Тејлор – исто така му оддадоа почит. Тие ја истакнаа „негасливата енергија“ и „заслепувачкиот шарм“ што тој ги внесуваше во бендот. „Неговата свирка на гитара беше движечката сила зад песните што нè однесоа низ целиот свет, додека неговиот специфичен, сув хумор – пропратен со неговата извонредно прагматична и непретенциозна животна филозофија – ни помагаше да останеме цврсто на земја и му даде на бендот негов уникатен карактер во текот на извонредните години што следеа“, напишаа членовите на бендот. Енди Тејлор беше дел од составот на „Duran Duran“ што ја дефинираше музичката сцена во 1980-тите години. Неговото свирење гитара и придонесот кон звукот на бендот одиграа значајна улога во нивниот меѓународен успех.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Омлет со зеленчукВо четврток (19.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Антонио Тасевски.Состојки за денешниот рецепт: 4 јајца 1 главица кромид 1 домат 150 гр. свежи печурки 1 зелена лута пиперка 100 гр. кашкавал малки мајонез масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТеодора Евтимовска-Бојковска е предложена во Собранието за нова судијка во Уставниот судТеодора Евтимовска-Бојковска е избрана на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за предлог за нова судијка во Уставниот суд. Нејзиниот избор следува по оставката на досегашниот уставен судија Гоце Наумовски, со што се пополнува испразнетото место во Судот. Евтимовска-Бојковска доаѓа од Основниот суд Гостивар, каде што за судијка е избрана во ноември 2008 година. Претходно работела како стручен соработник во Основниот суд Тетово, а во 2023 година Судскиот совет одлучил времено да ја упати на работа во овој суд, во период од една година. Предлогот за нејзин избор треба да помине и на пленарна седница во Собранието. Уставните судии се избираат со мандат од девет години, без право на повторен избор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook