Халанд направи шоу на свадба во Италија: Ги зема тапаните, па ги натера гостите да веслаат како Викинзи (ВИДЕО)
1Халанд направи шоу на свадба во Италија: Ги зема тапаните, па ги натера гостите да веслаат како Викинзи (ВИДЕО)
СветГолема шесткатница е уништена во Газа, се зборува за отровен гас (ВИДЕО)Израел трупа копнени сили долж границата со Газа, а Хамас изврши ракетен напад врз јужен Израел, додека продолжуваат најжестоките судири, а крајот не се гледа.Во Тел Авив во текот на ноќта се огласија сирени, а звукот на ракетите што го урнаа израелскиот антиракетен систем „Железна купола“ го исполни небото додека илјадници Израелци бегаа за да се скријат. Израел вршеше до зори воздушни напади врз палестинската крајбрежна енклава, уништувајќи шесткатна станбена зграда среде градот Газа. Додека светските сили ги повторуваат повиците за смирување, бранот насилство меѓу Евреите и арапското малцинство продолжува да се шири во неколку израелски градови со напади врз синагоги и арапско-еврејски судири на улиците. Најмалку 72 лица се убиени во Газа од ескалацијата на насилството во понеделникот, соопшти Министерството за здравство на енклавата. Седум лица се убиени во Израел, соопшти израелската војска. Израел подготви борбени сили долж границата со Газа и е „во различни фази на подготовка за копнени операции“, рече воен портпарол. "Командантот на Генералштабот ќе изврши преглед на подготовките и ќе даде насоки. Имаме штаб на дивизијата и три маневарски бригади во Газа кои се подготвуваат за оваа ситуација и за разни непредвидени случаи", рече полковник Џонатан Конрикус. Здравствените власти во Газа соопштија дека истражуваат смрт на повеќе лица во текот на ноќта, кои можеби вдишувале отровен гас. Примероците се испитуваат и сè уште не се донесени конечни заклучоци. Поради стравувањата дека насилството може да се разгори уште повеќе, Вашингтон планира да го испрати претставникот Хади Амра на разговори со Израел и Палестинците. „Очекувам и се надевам дека ова наскоро ќе заврши, но Израел има право да се брани“, рече во средата американскиот претседател Џо Бајден по разговорите со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Бајден не ја објасни причината за неговиот оптимизам. Кабинетот на Нетанјаху соопшти дека премиерот му рекол на американскиот претседател дека Израел „ќе продолжи да ги напаѓа“ воените објекти на Хамас и другите терористички групи во Појасот Газа. Во средата, израелските сили убија висок командант на Хамас и бомбардираа неколку згради, вклучително и банка за која Израел рече дека е поврзана со активностите на Хамас. Хамас покажа пркос со изјавата на нејзиниот водач Исмаил Ханиех, кој рече: „Конфронтацијата со непријателот нема граници“. Израел ја започна својата офанзива откако Хамас истрела ракети кон Ерусалим и Тел Авив, како одмазда за израелската полициска пресметка со Палестинците во близина на џамијата ал-Акса во источен Ерусалим за време на муслиманскиот месец Рамазан. Палестински извор изјави дека напорите на Египет, Катар и Обединетите нации да постигнат прекин на огнот не донеле напредок во запирањето на насилството. Државниот секретар на САД, Антони Блинкен, го повика палестинскиот претседател Махмуд Абас и рече дека Вашингтон „прави напори да се постигне мир“ со сите релевантни страни, објави официјалната палестинска новинска агенција ВАФА. Абас е ривал на Хамс, чија моќ е ограничена на окупираниот Западен брег. Судирите предизвикаа и насилство внатре во Израел, каде што дел од арапското малцинство организира насилни про-палестински протести. Медиумите јавија за ширење улични напади од Евреите врз арапски минувачи во етнички мешани области вчера и во раните утрински часови денес. Жителите на градовите, вклучувајќи го и крајбрежниот град Акре во северен Израел, изјавија дека се плашат да ги напуштат куќите. Во Газа беа срушени две станбени згради и облакодер со канцеларии за медиуми, вклучувајќи и една поврзана со Хамас, откако Израел ги повика жителите да се евакуираат пред воздушните напади, а друга зграда е сериозно оштетена. „Израел полуде“, рече еден човек на една улица во Газа, каде што луѓето бегаат од своите домови додека експлозии ги тресеа зградите. Многумина во Израел, исто така, избегаа во засолништата за ракетен оган. Неколку авиокомпании, вклучувајќи ги „Бритиш ервејс“, „Јунајтед ерлајнс“, „Делта ер лајнс“ и „Американ ерлајнс“ ги откажаа сите летови кон Тел Авив. "Целиот Израел е нападнат. Ситуацијата во која се наоѓаме е многу застрашувачка", рече Марго Аронович, 26-годишна студентка во Тел Авив. Меѓу убиените во Израел има и еден војник убиен додека патролирал на границата со Газа и пет или шест цивили, вклучувајќи две деца и индиски работник, соопштија здравствените власти. Министерството за здравство во Газа соопшти дека 17 деца и шест жени биле убиени. Израелската армија денес соопшти дека околу 400 од 1.600 истрелани ракети од Газа не ги погодиле целите и дека тие можеби предизвикале некои од палестинските цивилни жртви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
ЗабаваХаланд направи шоу на свадба во Италија: Ги зема тапаните, па ги натера гостите да веслаат како Викинзи (ВИДЕО)Ерлинг Халанд доби многу нови фанови за време на претходното Светско првенство.Норвешкиот фудбалер и играч на Манчестер Сити сега е на заслужен одмор, каде што очигледно се забавува одлично, бидејќи оваа недела беше гостин на свадбата на познатиот италијански голман Џанлуиџи Донарума. Голманот на Манчестер Сити се ожени со Алесија Елефанте, а покрај Ерлинг Халанд, на свадбата се појавија и други фудбалери на Манчестер Сити. Сепак, видеото што се појави на социјалните мрежи ги насмеа фановите. Ерлинг Халанд реши да го земе тапанот во свои раце и да направи вистинска забава. Следејќи го примерот на она што го правеше на Светското првенство по секоја победа за Норвешка, кога шутираше и ги тераше навивачите да веслаат, го направи истото и на прославата на Џанлуиџи Донарума. Гостите седнаа на подот и почнаа со специфични движења, исто како што правеа Викинзите на големите бродови, и никој не можеше да ја избрише насмевката од нивните лица. Wodzirej Haaland na weselu Donnarummy 🥰 Dałby radę poprowadzić oczepiny w Polsce? 😂pic.twitter.com/g1NVF4ZCiX — Betclic Polska 🔞 (@BetclicPolska) July 26, 2026 Ерлинг Халанд повторно ќе го видиме на теренот од 21 август, кога започнува новата сезона во англиската Премиер лига, а дотогаш - па, којзнае, можеби ќе заврши на уште една свадба со својот тапан.Тагови: свадба Халанд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПетмина алпинисти од БиХ загинаа на планината Елбрус, објавија руските медиуми Петмина босанско-херцеговски алпинисти загинаа на планината Елбрус во Русија, објави рускиот портал Lenta.ru.Само двајца членови на експедицијата успеаја да ги преживеат екстремните услови на планината, пренесе Кликс. Повикувајќи се на информации од рускиот Телеграм канал Shot, руските медиуми објавија дека само двајца членови на групата за искачување преживеале. Еден човек успеал сам да се симне од планината и да повика помош, додека другиот бил пронајден од спасувачките екипи. Двајцата преживеани се хоспитализирани и моментално се прегледуваат од лекари. Веста дека група туристи биле заробени на Елбрус и не можеле да се симнат од планината се појави на 25 јули. Според локалните водичи, временските услови за искачувањето првично биле релативно поволни. Сепак, времето нагло се влошило, со брзина на ветерот која достигнала 45 километри на час, а до утрото се засилила на катастрофални 70 километри на час. Истражната дирекција на Истражниот комитет на Руската Федерација за Кабардино-Балкарија претходно објави детали за почетокот на оваа драма и потврди дека е започната истрага. Според прес-службата, на 25 јули, група од седум лица тргнала да го освои Елбрус. Еден од алпинистите успеал да се спушти и пријавил дека двајца членови на групата се разболеле на надморска височина од 5.100 метри. „Според достапните информации, тие починале. Потрагата по уште четворица алпинисти е во тек“, објави тогаш Рускиот истражен комитет. За жал, подоцнежните информации што ги објавија медиумите ги потврдија најлошите стравувања - бројот на жртви се зголеми на пет, а од четворицата алпинисти по кои се бараше, само едно лице беше спасено. Врвот Елбрус е највисокиот врв во Европа и Русија, но е познат по своите исклучително сурови и непредвидливи услови. Како потсетник за опасностите од оваа планина, руските медиуми известуваат дека само неколку дена претходно, на 19 јули, единаесетгодишно момче починало за време на искачувањето, додека неговиот татко бил тешко повреден.Тагови: алпинисти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Шоу бизОпра Винфри откри која одлука во кариерата ја смета за голема грешка (ВИДЕО)Опра Винфри откри дека сè уште смета дека една одлука во нејзината кариера е голема грешка. Во гостувањето во подкастот „Бејби, ова е Кеке Палмер“, таа се потсети на својот единствен музички сингл „Run On“, кој во 1999 година послужи како воведна шпица за 13-тата сезона на нејзиното иконско ток-шоу „Шоуто на Опра Винфри“. Иако со децении беше една од најпознатите телевизиски презентерки во светот, таа признава дека пеењето никогаш не било нејзина работа. Во времето на создавањето на песната, Винфри размислувала дали да продолжи да ја води емисијата или да се сврти кон нови деловни предизвици. Таа рекла дека во тоа време се молела за одговор, а инспирацијата ја пронашла во старата духовна „Run On“, која зборува за фактот дека човек не може да избега од вистината и од сопствените постапки. „Исус ми рече: „Мора да продолжиш“, рекла таа, објаснувајќи зошто одлучила да ја сними својата верзија на песната, според „Пипл“. Призна дека пеењето била нејзина голема грешка Иако во тој момент ѝ се чинеше дека донела правилна одлука, денес таа гледа на таа музичка екскурзија сосема поинаку. „Сфативме дека не можам да пеам, иако земав часови по пеење“, призна таа. Кога Кеке Палмер ѝ кажа дека песната не е толку лоша како што мислеше, Винфри одговори со насмевка: „Го кажуваш тоа само затоа што ме гледаш во очи. Беше доста лошо.“ Подоцна откри дека тоа сепак не е нејзиното најголемо жалење во кариерата. Таа рече дека не жали што го завршила „Шоуто на Опра Винфри“ во 2011 година, туку дека во исто време ја започнала својата телевизиска мрежа, OWN. „Не би ја рестартирала сопствената мрежа и би ја завршила емисијата во исто време. Тоа е единственото нешто за кое жалам“, рече таа, додавајќи дека требало да земе една година пауза пред да се впушти во нов голем проект. View this post on Instagram A post shared by Baby, This is Keke Palmer (@kekepalmerpodcast) Денес, вели дека најмногу ужива во едноставните работи и потивкиот начин на живот. „Кога е дождлив ден, го сакам животот“, рекла таа. Додала дека дождот, каминот, ќебето, кучето и добрата книга ѝ носат најголема среќа бидејќи тогаш нема притисок или очекувања од другите.Тагови: Опра Винфри Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter