Голема победа на СПЦ во Црна Гора, сменет е законот за верски слободи - Канал 5

Голема победа на СПЦ во Црна Гора, сменет е законот за верски слободи

Новото црногорско владејачко парламентарно мнозинство денеска во 2 часот по полноќ ги усвои измените и дополнувањата на законот за слобода на вероисповед под влијание на Српската православна црква.

Голема победа на СПЦ во Црна Гора, сменет е законот за верски слободи

Сите пратеници од опозицијата ја бојкотираа расправата велејќи дека нема кворум за седницата на црногорскиот парламент.

Усвојувањето на измените и дополнувањата на законот било придружено со аплауз од владејачките пратеници, додека опозицијата одржа прес-конференција во холот на црногорскиот парламент, тврдејќи дека црногорскиот Устав е „прекршен“ и дека парламентарните одлуки се нелегитимни и неважечки.

Законот за слобода на вероисповед, усвоен од претходната црногорска влада предводен од Демократската партија на социјалистите, предвидуваше верските заедници да докажуваат сопственост на недвижниот имот.

Веднаш по усвојувањето, се спротивстави Српската православна црква, која организираше масовни протести во поголемиот дел од 2020 година, тврдејќи дека целта на законот е „да им се запленат имотите во Црна Гора“.

Според аналитичарите, овие протести доведоа до прв изборен пораз на Мило Ѓукановиќ и до прва промена на владата во Црна Гора во последните три децении.

Со измените и дополнувањата на законот се укинала промената на статусот на црковниот имот, што значи дека тој останува во сопственост на Српската православна црква, а државата, доколку сака да го заведе тој имот како свој, може да се обрати на суд.

Пратениците од опозицијата рано утрово изјавија дека владејачкото мнозинство нема кворум затоа што еден пратеник бил во изолација поради коронавирусот и се приклучил на дебатата преку Интернет, додека другиот не бил потврден од Државната изборна комисија.

„Скандалозно однесување, драстично кршење на Уставот, демократските принципи и стандарди на мнозинството“, рече пратеникот на ДПС и поранешен премиер Душко Марковиќ, нагласувајќи дека тој ќе и укаже на таквото однесување на меѓународната заедница.

Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ, кој присуствувал на дебатата, рече дека Демократската партија на социјалистите (ДПС) се обидува да ја смени изборната волја на граѓаните преку политичка корупција.

„Ова е организиран криминал поврзан со највисоките органи и ние ќе го докажеме тоа во наредниот период“, рече Кривокапиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува.

Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите.

Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто.

Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто.

Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови.

Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Во понеделник (02.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Ленче Кукиќ.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Состојки за денешниот рецепт:

1 помека тиква

2 главици кромид

2 моркови

4 чешниња лук

1 парче сирење

400 гр. шманд или кисела павлака

100 гр. печени семки

100 мл. маслиново масло

2 големи лажици сув зачин

2 големи лажици куркума

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ирачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку Ирак

Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп.

Ирачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку Ирак

Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп, кој предвидува влез на американските сили во јужен Иран преку Ирак.

Ова го пренесува весникот „Ал-Мада“, повикувајќи се на анонимни извори блиски до владата.

Според овие наводи, планот содржи три сценарија. Едното предвидува копнен упад на САД во Иран, додека другото вклучува можност Иран да изврши притисок врз Багдад за да дозволи влез на иранските сили во Кувајт преку ирачкиот град Басра. Третото сценарио не е опишано. Оваа информација не е независно потврдена, а ниту Белата куќа, ниту кабинетот на ирачкиот премиер не ја коментираа.

Според истиот извор, Ал-Заиди предупредил дека вооружените фракции ќе бидат уапсени доколку се вклучат во војната на страната на Иран. Наводно, Вашингтон бара од Багдад да преземе конкретни мерки во однос на групите блиски до Техеран, стравувајќи дека Ирак би можел да стане појдовна точка за напади или одмазда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер