Голема криза во Јувентус, клубот бара од играчите четири месеци да не земаат плата

Според пишувањето на La Gazzette dello Sport, Јувентус побарал од своите играчи да прифатат одложување на платите. Наводно, станува збор за период од четири месеци, од март до јуни.

Медиуми уште во април пишуваа дека тоа е опција, но тогаш никој од Јувентус не ја потврдил приказната. Минатата година, играчите на сега веќе поранешниот италијански шампион се согласија на слично барање поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус. Се проценува дека Старата дама лани заштедила околу 90 милиони евра.

Тренерот Андреа Пирло ги демантирал гласините за вакви барања пред неколку дена и рече дека платите се редовни. Во наредните денови треба да се знае дали играчите ќе се согласат на таков договор со клубот.

За потсетување, Интер неодамна побарал од играчите да му простат на клубот неколку плати.

Фото: Нивес повторно провоцира

Хрватската пејачка и манекенка повторно ги остави без здив нејзините фанови.

Таа овој пат е облечена во боите на Хрватска за да им пружи поддршка на фудбалските репрезентативци кои учествуваат во ЕУРО 2020.

- И денес сончање во соодветни бои ... Каде го гледате натпреварот? - напиша Нивес.

„Ма каква Карлеуша, бомба си “, стои во еден од коментарите на фотографијата.

Затворена најголемата онлајн продавница за украдени податоци

„Slilpp“ - најголемата онлајн продавница со украдени податоци, конечно е затворена.

„Slilpp“ постои од 2012 година и се проценува дека сопствениците на оваа страница заработиле милиони долари.

Тие продавале украдени податоци, од обични налози за плаќање преку Интернет до податоци за кредитни картички, тековни сметки во банка и тн.

За девет години се проценува дека е направена штета од 200.000.000 американски долари преку оваа страница.

Продадени се повеќе од 80 милиони податоци за најавување на одреден налог.

Околу 1.500 компании настрадаа од „Slilpp“ .

Интернет експерти предводени од експерти од Соединетите Американски Држави конечно и ставија крај на оваа страница и таа е под контрола на ФБИ.

Фото: Ким Кардашијан има необично Ламборџини

Ким својот автомобил го обложи сто ткаенина која наликува на крзно.

Тешко дека на обожувателите на Ламборџини би им се допаднала оваа идеја, но зад екстравагантниот потег стои добро смислен маркетинг.

Имено, Ким го направи своето Ламборџини Урус во крзно со цел да ја промовира својата продавница „Скимс“.

Ова сигурно не е најчудниот персонализиран автомобил на некои од личностите од светот на шоу-бизнисот што сме го виделе досега, но Ким успеа во тоа што го посакуваше - да го привлече вниманието на обожавателите кон нејзината продавница.

притисни ентер