Голема божиќна пештера го краси центарот на Кичево - Канал 5

Голема божиќна пештера го краси центарот на Кичево

Пред големиот христијански празник, Христовото раѓање-Божик центарот на Кичево го краси голема божиќна пештера,изработена од вредните раце на сестрите од манастирот „Света Богородица Пречиста".

Голема божиќна пештера го краси центарот на Кичево

Пештерата е поставена веднаш до новогодишната елка, каде всушност беше поставена за првпат и минатата година и веднаш привлече вниманието на сите жители на градот.

– Ова божиќна пештера е со височна од три метри и исто толкува широчина. Изработена е од сестрите на манастирот „Света Богородца Пречиста",кои беа дел од сестринството на нашиот манастир,каде всушност и почна изработката на божикните пештери. Од пред четири години со благослов на владиката Партениј а по барање на владиката Тимотеј тие се во кичевскиот манастир, изјави за МИА сестра Ефимија од женскиот манастир „Свети Георгиј Победоносец" во дебарското село Рајчица.

Сестрата додава дека пред пештерата која го симболизира Христовоти раѓање во Витлемската пештера доаѓаат од сите страни за да се поклонат, да остават по некоја честитка во кутиите од Бадниковите поворки и да испеат Божиќна каланда.

-Се пее на македонски, словенечки, грчки, англиски, па дури и на арапски, вели со блага насмевка, по која е претпознатлива сестра Ефимија.

Жителите на Кичево не може да го скријат чувството на радост во нивните души,за „Кичево кое во полн сјај го дочекува рожденството Христово".

-На градскиот плоштад постојано ечи Вечниот Бог но и другите каланди испеани за овој голем празник. Го живееме и се радуваме за празникот што доаѓа. Нека биде и овој Божик празник кој сплотува, празник кој радува, празник кој дава надеж за подобро утре. Да се радуваме и да се надеваме на милоста од спасителот Господ Исус Христос. Незаборавајќи на божиќната честитка и желба за подобро утре желба за побрзо оздравување на болните, но и поттик и подршка за здравствените работници да истраат и да ја добијат битката со невидливиот и опасен непрјател, вели Бошко Серафилоски.

Голема украсна пештера има и во Охрид,каде на плоштадот за првпат беше поставена пред неколку години и тука останува до Водици.Освен што и се восхитуваат, охриѓани и туристите не заминуваат а да не се фотографираат.Посебно радосни на тоа се децата.

По повод Христово раѓање-Божик, во многу македонски домови веќе е внесена божиќната атмосфера, благодарение токму на преубавите божиќни пештери изработени од вредните и трудољубиви сестри од манастирот „Свети Георгиј Победоносец".

-Пештерите се направени од различни прикладни материјали, уникатно украсени и збогатени со иконата на

Рождеството Христово и со кандило. Претставуваат прекрасно надополнување на божикното дрвце, во духот на православната традиција. Со изработката на божикните пештери во нашиот манастир почнавме пред десеттина години, со благослов на владиката Партениј,додава сестрата.

Сестрите ги изработуваат со голема љубов кон Бога, трпение и молитви за мир и благостојба а пештерите веќе красат многу домови, цркви, но и простории на компании, фирми, институции.

-Токму Витлеемските пештери, кои и оваа година со благослов на нашиот Старец, владиката Партениј, ги изработуваме во нашиот манастир, ни се своевиден потсетник на тој духовен амбиент во кој треба да се најдеме. Убаво е да се знае дека тие веќе ги украсуваат домовите на се поголем број заинтересирани луѓе и внесуваат радост во сечие срце, вели сестра Ефимија./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поплави во Грција: Атика, Евија, Скијатос и Родос – затворени патишта и забрана за пловидба

Во Евија имаше прекини во сообраќајот на патиштата, додека на Скијатос, надојдените води ги поплавија улиците и продавниците и однесоа автомобили.

Поплави во Грција: Атика, Евија, Скијатос и Родос – затворени патишта и забрана за пловидба

Големи поплави, проблеми со сообраќајот, паднати дрвја и прекини во снабдувањето со електрична енергија се предизвикани од лошото време што ја погодува земјата од вчера, со обилни врнежи од дожд и силни ветрови што главно ги погодуваат Атика, Евија, Скијатос и Родос .

Во Евија имаше прекини во сообраќајот на патиштата, додека на Скијатос, надојдените води ги поплавија улиците и продавниците и однесоа автомобили.

Метеоролошката служба го ажурираше билтенот за вонредни состојби за опасни временски феномени, со осум области во Родос, Евија и Скијатос, со препораки до граѓаните да ги ограничат своите движења и да ги следат упатствата на властите.

Во исто време, училиштата остануваат затворени во Скијатос, Скопелос, Кикладите. Забрана за пловидба е воведена во Пиреја и Лаврио, а ситуацијата се преиспитува во зависност од еволуцијата на временските услови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска на средби со претставници на Светска банка и ИФЦ: Потврдена поддршката за реформите и развојните приоритети на државата

Светската банка останува еден од значајните развојни партнери на Македонија, обезбедувајќи финансиска и експертска поддршка за спроведување на реформите и реализација на проекти во повеќе области.

Димитриеска-Кочоска на средби со претставници на Светска банка и ИФЦ: Потврдена поддршката за реформите и развојните приоритети на државата

Во рамки на Годишните средби на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари средби со регионалната потпретседателка на Светската банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, потпретседателот на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) за Европа, Латинска Америка и Карибите, Алфонсо Гарсија Мора, и извршниот директор на Светската банка за Конституенцата во која членува Македонија, Јуџин Ругенат.

На средбите беше разговарано за досегашната соработка со овие меѓународни финансиски институции, тековните активности и проектите што се реализираат во земјата, како и можностите за натамошно унапредување на партнерството во поддршка на реформите и развојните приоритети на државата.

Светската банка останува еден од значајните развојни партнери на Македонија, обезбедувајќи финансиска и експертска поддршка за спроведување на реформите и реализација на проекти во повеќе области.

Тековното портфолио опфаќа активности насочени кон унапредување на јавните финансии, модернизација на инфраструктурата, енергетска ефикасност, образование, социјална заштита и земјоделство.

Во разговорите беше истакната и важноста на соработката со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) во насока на поттикнување на приватните инвестиции, подобрување на деловното опкружување, поддршка на зелената транзиција и зголемување на конкурентноста на домашната економија.

Посебно внимание беше посветено на реализацијата на Рамката за партнерство со Светската банка за периодот 2024–2028 година, која предвидува значителна финансиска и техничка поддршка за земјата која е во износ од околу 700 милиони долари.

Во таа насока, акцентот беше ставен на забрзување на реализацијата на проектите, поефикасно користење на расположливите средства и постигнување конкретни резултати за граѓаните и економијата.

На средбите беше разговарано и за можностите за поддршка на нови стратешки инвестиции, како и за унапредување на соработката во областите што се значајни за економскиот раст, конкурентноста на приватниот сектор и подобрувањето на квалитетот на јавните услуги.

Министерката Димитриеска-Кочоска истакна дека Владата останува посветена на спроведувањето на реформите, одржувањето на макроекономската стабилност и унапредувањето на управувањето со јавните финансии. Партнерството со меѓународните финансиски институции има важна улога во реализацијата на развојните приоритети и стратешките инвестиции што треба да придонесат за долгорочен и одржлив економски раст.

Претставниците на Светска банка ја поздравија определбата на Владата за продолжување на реформите и ја потврдија подготвеноста на институцијата и во наредниот период да обезбедува експертска и финансиска поддршка за остварување на развојните приоритети на земјата.

На средбата покрај министерката присуствуваше и гувернерот на Народната банка Трајко Славески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Комисијата за избори и именувања ќе ги интервјуира тројцата кандидати за член на Судскиот совет

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интервју на кандидатите кои ги исполнуваат условите по одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Судскиот совет на Македонија.

Комисијата за избори и именувања ќе ги интервјуира тројцата кандидати за член на Судскиот совет

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интервју на кандидатите кои ги исполнуваат условите по одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Судскиот совет на Македонија што го избира македонското собрание.

На огласот биле пријавени четворица кандидати, а тројца ги исполнувале условите по проверката на нивните документи. Интервјуа ќе бидат спроведени со Емилија Алексовска, адвокат од Куманово, Џоко Диков, адвокат од Струмица и Фадил Џелили, адвокат од Гостивар.

Претходниот оглас за избор на член на Судскиот совет што го избира собранието беше поништен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер