Врнежливо време од утре до средината на следната недела со ниски температури- во вторник снег на планините
Одмазда за рускиот напад врз автобуска постојка- Украина ја погоди најголемата руска рафинерија (ВИДЕО)
1Врнежливо време од утре до средината на следната недела со ниски температури- во вторник снег на планините
2Одмазда за рускиот напад врз автобуска постојка- Украина ја погоди најголемата руска рафинерија (ВИДЕО)
3Крик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата
ЖивотГолем скандал: Принцот Хари се спомнува во тужбата против Пи Деди поради ескорт забавиПринцот Хари е именуван во судските документи поврзани со тужбата во која се тврди дека Шон Комбс, попознат како Пи Диди, организирал забави и тргувал со луѓе, пишува „Дејли мејл“.Продуцентот кој работеше со Диди, Родни Џонс (Лил Род), го тужеше познатиот рапер за сексуален напад и вознемирување од септември 2022 до ноември 2023 година. Според документите добиени од People, Родни, кој продуцираше девет песни на последниот албум на Диди, „сведочил , доживеал и издржал многу работи кои ја надминуваат неговата улога како продуцент на албумот 'Love'“. Меѓу другото, Лил Род во својата тужба тврди дека познанството на Диди со војводата од Сасекс и други големи ѕвезди нему и на неговите соработници им дало „легитимитет“. Адвокатите на Лил Род велат дека забавите на Диди, кои наводно служеле како „трговија со секс“, привлекувале гости поради неговиот пристап и врските со познати спортисти, политичари, музичари, актери, како и британското кралско семејство, принцот Хари. Сепак, документите поднесени во САД минатиот месец не укажуваат на тоа дека војводата од Сасекс сторил нешто незаконско. Дека Хари и Диди се познавале сведочат нивните заеднички фотографии, а на една од сликите со нив е и раперот Канје Вест. Инаку, ова не е првпат членовите на кралското семејство да бидат вмешани во тешки судски обвиненија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоВрнежливо време од утре до средината на следната недела со ниски температури- во вторник снег на планините Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 15 Попова Шапка, 20 Крушево, 22 Маврови Анови, Охрид, Претор, 24 Берово, Тетово, 25 Крива Паланка, Прилеп, 26 Битола, Зајчев Рид, 27 Демир Капија, Виница, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, 28 Велес, 28 Скопје Петровец, Штип. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Сончево и релативно топло попладнево имаше зголемена облачност. До крајот на денот ќе има услови за појава на врнежи во северните и западните делови. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на циклонска активност, од утре до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во врнежи од снег.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22
ЕвропаОдмазда за рускиот напад врз автобуска постојка- Украина ја погоди најголемата руска рафинерија (ВИДЕО)Украински беспилотни летала нападнаа рафинерија за нафта во Омск, Русија. Локалното население пријавило две експлозии и чад од централата, а гувернерот на областа Омск го потврдил нападот, пишува Telegram ASTRA, а пренесува Prm.ua. „Нападната е рафинеријата во Омск. Од цевките излегува чад. Се слушнале две експлозии“, велат локалните жители. Гувернерот на Омската област Виталиј Хоценко изјави дека руската воздушна одбрана наводно го одбила нападот со беспилотни летала. Според него, оперативните служби во регионот се ставени во состојба на готовност. Пред нападот во областа Омск беше прогласена опасност од дронови. На аеродромот во Омск се воведени привремени ограничувања за прием и испраќање на авиони. Рафинеријата Омск е една од најголемите рафинерии за нафта во Русија. Рафинеријата веќе беше цел на напад на украински беспилотни летала во јули оваа година, по што нејзината работа беше целосно прекината. Ukraine reportedly struck Russia’s Omsk oil refinery, located beyond the Ural Mountains, more than 3,000 km from the Ukrainian border. It is Russia’s largest oil refinery. https://t.co/cY6xGxqSHY — Clash Report (@clashreport) October 8, 2026 Да потсетиме дека ноќта кон четвртокот, 8 октомври, украинските одбранбени сили, според прелиминарните информации, нападнале два важни индустриски капацитети во Русија - комплексот за преработка на нафта „Гаспром Нефтехим Салават“ во Башкортостан и фабриката „Саста“ во регионот Рјазан. Пријавени се пожари на територијата на двете компании.Тагови: рафинерија руски напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМеси доби понуда што не се одбиваЛионел Меси, најдобриот фудбалер на сите времиња, се збогува со репрезентацијата на Аргентина против Бенин, со што заврши една одлична фудбалска приказна. Сепак, Аргентинецот нема да застане кога е во прашање клупскиот фудбал, а пристигна и многу интересна понуда. Меси освои бројни натпреварувања во светскиот фудбал, но никогаш не играл во Копа Либертадорес. - Мислам дека треба само да игра во Копа Либертадорес, па го прашувам дали го прифаќа овој предизвик - рече претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) Алехандро Домингез. Фудбалерот на Интер Мајами дури и не размислувал за оваа одлука, но навистина не би било чудно да го видиме во ова натпреварување. Најдобриот фудбалер на сите времиња практично освоил сè што може да се освои, а можеби и кренал уште еден трофеј во својата богата кариера.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22