ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што правеа со марихуаната
2ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што правеа со марихуаната
3Вуди Харелсон откри дека неговиот татко бил интимен со мајката на Метју Меконахи- можеби се браќа?! (ВИДЕО)
ЗабаваФото: Прекрасната Дилета повторно провокативнаИталијанката Дилета Леота ја носи титулата најубава и атрактивна спортска новинарка во светот, а на Инстаграм ја следат 9,1 милиони луѓе. Прекрасната Италијанка често „ги полудува“ мажите со своите провокативни фотографии, а коментарите секогаш се полни со пофалби за нејзиниот совршен изглед. Најсексапилната водителка уште еднаш ги маѓепса мажите, овојпат поради нејзините бујни гради кои беа во преден план. Дилета позираше како дел од одредена рекламна кампања, а кошулата ја откопча токму онаму каде што ќе треба за да се истакнат нејзините бујни гради. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВЛЕН: Историски чекор за здравството во Тетово, 145 вработувања во клиничката болницаЗдравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН, а зајакнувањето и модернизацијата на здравствените установи продолжува со конкретни чекори.Во оваа насока, под раководство на кадрите на ВЛЕН, Клиничката болница во Тетово се зајакнува со 145 нови вработени – 107 медицински кадри, 28 специјализанти и 10 технички работници. Според директорот на болницата, Ерзен Елези, ова е најголемиот број вработувања реализирани досега во историјата на оваа установа. Процесот ќе продолжи и во наредните месеци. Во септември се очекуваат уште 22 специјализанти, а потоа ќе продолжат постапките за 12 помошни медицински сестри и 25 административни работници, односно вкупно уште 59 нови вработувања. Покрај зајакнувањето на кадарот, Одделот за урологија е реновиран и опремен со нова медицинска опрема, додека Кардиологијата е преместена во посоодветни простории, со што се подобруваат условите за пациентите и персоналот. Клиничката болница во Тетово им служи на повеќе од 250 илјади жители на Полошкиот регион. За ВЛЕН, зајакнувањето на човечките капацитети, подобрувањето на условите и обезбедувањето поквалитетни здравствени услуги се дел од заложбите за пофункционален здравствен систем, поблизок до граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што правеа со марихуаната Венко Филипче и Зоран Заев преку нивни испостави сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што тоа го правеа со лиценците за марихуана.Драги Ѓорѓиев, пратеник на СДС од 2002 до 2006 година е човекот кој стои зад Иницијативата за дата центар во Пехчево. Драги Ѓорѓиев е испостава на Зоран Заев и Венко Филипче. Додека Венко Филипче ја замајува јавноста со кампања против дата центрите, негови луѓе поднесуваат иницијативи и бркаат маркици за дата центри. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, дата центри треба да има, но истите мора да се по сите стандарди, надвор од населено место, а не како што тоа сакаат да го прават луѓето на СДС, дополнително оправданоста за истите мора да е силна и да влијае на развојот на локалната заедница. Бенефитот за општеството мора да е голем. Кадрите на СДС прават се спротивно на тоа. Следен пат кога Филипче ќе пушта пробни балони и ќе крои политика од јахта нека им каже на неговите пајташи, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваИбрахимовиќ прави акробации на море, се спореди со „Аквамен“ (ВИДЕО)Златан Ибрахимовиќ сподели видео од морски акробации во кои изведува акробации на флајборд, уред кој користи моќни водни млазови за да „лета“ над површината на морето.Видеото го прикажува 44-годишниот Ибрахимовиќ како „лебди“ неколку метри над водата додека е држен во воздух од моќни млазови. Контролирањето на таков уред бара добра рамнотежа и контрола на телото, а поранешниот фудбалер покажа дека е сè уште во одлична физичка форма. Во еден момент, тој нурна со главата напред во водата од флајбордот и накратко исчезна под површината. Не долго потоа, повторно се искачи во воздух, ги рашири рацете и позираше пред камерата. View this post on Instagram A post shared by Zlatan Ibrahimović (@zlatan) Се спореди со Аквамен Не му требаа многу зборови за да го опише снимката. Ибрахимовиќ накратко го напиша „Аквамен“ и на тој начин се спореди со познатиот суперхерој од светот на DC Comics кој е поврзан со океаните. Неговата објава брзо го привлече вниманието на следбениците, а многумина се потсмеваа на неговата позната самодоверба. „Аквамен ги добил своите моќи од Златан“, „Златан не се плаши од океанот, океанот се плаши од него“, „Злаквамен“ и „Само Златан може да го направи ова“ се некои од пораките што ги оставиле неговите следбеници.Тагови: Златан Ибрахимовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook