3Државните институции ќе се оценуваат на секои пет години – Минчев го претстави новиот закон за државна управа
ЕвропаГолем руски напад на Киев среде бел ден (ВИДЕО)Денеска Русија го продолжи својот напад со беспилотни летала врз Киев, а нападите се продолжија од ноќта и утрото па сè до дневните часови. Според најновите податоци од градоначалникот Виталиј Кличко, две лица загинаа, а најмалку 43 беа повредени. Асошиејтед Прес објави дека руски беспилотни летала го нападнале украинскиот главен град во неколку бранови во текот на денот, а нападот продолжил и попладне. Колони црн чад се издигале над делови од градот, а зградите и инфраструктурата биле погодени. 💥 Aftermath of the Geran drone strike on the "G50" data center in Kyiv. 📍 50.4357592, 30.5002801 https://t.co/ATw1chRhzp — Military Summary (@MilitarySummary) September 23, 2026 Погодени згради, бензински пумпи и областа до главната станица Напади се регистрирани во неколку области на Киев. Погодени се деловни згради, магацини и бензински пумпи, а едно беспилотно летало погоди деветкатна зграда. Пожарот избувнал и во областа на историската зграда на поранешниот железнички пазар недалеку од главната железничка станица. Железничката инфраструктура е исто така оштетена. Two people were killed and 36 people were wounded during a Russian kamikaze drone attack on Kyiv, which began early this morning and ended just 20 minutes ago. https://t.co/D9efq2OmfE — Douggie Fukkew (@MrFukkew) September 23, 2026 Фотографиите на Ројтерс од местото на нападот покажуваат пожарникари во погодениот деловен центар и чад што се издига над градот. Ројтерс објави и фотографија од украинските сили како отвораат оган врз руски дрон над Киев. Нападот се случи во време кога украинскиот претседател Володимир Зеленски е во Њујорк, каде што учествува на Генералното собрание на Обединетите нации. Тој треба да се обрати на Генералното собрание и да одржи состаноци со европските лидери и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Русија сè повеќе користи брзи млазни беспилотни летала Денешниот напад доаѓа во време кога Русија сè повеќе користи млазни верзии на беспилотните летала „Шахед“. Ројтерс вчера објави дека овие беспилотни летала летаат многу побрзо и на поголеми височини од класичните „Шахед“ со пропелер, што им отежнува на украинските мобилни противвоздушни групи да ги пресретнат. Според украинските проценки објавени од Ројтерс, ефикасноста на пресретнувањето на вакви беспилотни летала е значително помала од онаа на постарите модели. Руското Министерство за одбрана објави дека за време на ноќните напади тие ги таргетирале објектите на украинската воена индустрија и енергетскиот сектор, логистичките центри и бродовите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФормиран Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите Нападот врз новинар е напад врз демократијата и правото на јавноста да биде информирана, порача министерот за внатрешни Тошковски.Прашуваат каде што повеќето молчат, бараат одговорност онаму каде што недостасува и остануваат будното око во општеството што неретко ги изложува под притисоци, закани и обиди за замолчување – Дали денешното формирање на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите ќе гарантира реален институционален механизам за сигурност? Нападот врз новинар е напад врз демократијата и правото на јавноста да биде информирана, порача министерот за внатрешни Тошковски, кој кажа дека ова тело ќе има задача да создаде услови за послободно и професионално новинарство, без било какви стравувања. -Новинарите не треба да бидат храбри, туку сигурни и безбедни да поставуваат прашање да добиваат одговори во јавен интерес на крајот на денот. Тоа не е обесхрабрувачка порака за новинарите, туку бара одговорност од страна на институциите од аспект на овозможување на општествена сигурност за да го работат она што е нивна работа, зошто – затоа што вашата работа, на новинарите е да го заштитите јавниот интерес и да отворите прашања во јавноста кои што се од интерес за граѓантие и тоа така треба да биде. И се надевам дека во иднина ќе бидеме подобри во споредба од претходно. - Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи Иницијативата за форимрањето на комитетот е на Владата, во согласност со препораките на Советот на Европа, чии претставници беа дел од дискусијата и посочија дека има простор за напредок. Покрај МВР, која претседава со истиот, меѓудригуте, дел се и новинарски здруженија и јавното обвинителство. Шефицата на ОЈО – ГОКК, Искра Хаџи Василева порача дека комитетот е значаен исчекор кон поголема безбедност и сигурност. -Слободата на изразување е највисок демократски стандард кој институциите се обврзани да го штитат, правото на јавноста да биде навремено и точно информирана никој не смее да го загрозува, а оние кои ќе се обидат тоа да го сторат, мора да бидат идентификувани и санкционирани- Искра Хаџи - Василева – ЈО на ОЈО ГОКК Последната евидентирана закана се случи викендов кон новинарот Кристијан Ландов, по неговата емисија за случај во Охрид, по што како што е пријавено, на социјалните мрежи му се заканувале по животот преку саботирање на неговото возило. Остра реакција за ова пристигна од ЗНМ, а министерот Тошковски кажа дека се преземени сите чекори за расчистување на случајот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНикако да се усвои Националната стратегија за спречување на корупцијатаРечиси една година Македонија е без стратешки документ за борба против корупцијата. Од Платформата на граѓански организации реагираат дека со неусвојувањето на стратегијата во Собранието се нарушува континунитетот на националните антикорупциски политики и се испраќа загрижувачка порака за приоритетите на институциите во справувањето со корупцијата. Освен тоа веќе подолг период, укажуваат невладините, нема никакви антикорупциски активности и мерки за коишто се задолжени самите институции истите да ги спроведуваат. -Стравот е дека ќе останеме цела година без стратегија, дополнително сето тоа ќе влијае на самиот акциски план и во наредните години на имплементација, а секако и институциите нема да бидат соодветно спремни навремено да започнат со имплементација, а уште помалку со обезбедување средства, што ааа е секогаш една од најголемите критики за тоа зошто не се спроведуваат одредени антикорупциски мерки. – Снежана Камиловска – Трповска – МЦМС Претходната стратегија истече на крајот од минатата година, а новата која треба да е со важност 2026 – 2030 година ДКСК ја усвои во јуни годинава и уште истиот месец ја испрати во Собранието. Но и покрај комисиските расправи и усвоените заклучоци во септември, документот не стигна на пленарка пред пратениците. Од кабинетот на собранискиот спикер Африм Гаши нема одговор зошто стратегијата досега не се најде на пленарна седница и кога планира да ја стави на дневен ред. Дека не е усвоена новата стратегија за борба против корупцијата предупреди и ЕК во последниот извештај. Во него Брисел констатира дека Македонија нема напредок во спречувањето и борбата против корупцијата, која и понатаму е широко распространета и претставува сериозна причина за загриженост. Од Платформата на граѓански организации го повикуваат Собранието без понатамошно одложување да ја разгледа на пленарна седница и да ја усвои Стратегијата заедно со акцискиот план, предупредувајќи дека одолговлекувањето директно ја загрозува реализацијата на мерките предвидени за 2026 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДржавните институции ќе се оценуваат на секои пет години – Минчев го претстави новиот закон за државна управаДали е неопходно министрите и директорите да имаат заменици, треба ли да се намали бројот на министерства, има ли јасна разграниченост на надлежностите на институциите.Овие дилеми ги отворија експертите на јавната расправа за нацрт законот за организација и работа на органите на државна управа, во собраниската комисија за политички систем. Според стручната фела, неопходно е да има промени на актуелниот закон стар 26 години и да се укинат непотребни агенции, дирекции и паралелни тела кои само го оптеретуваат државниот апарат. Имаа пофалби, но и конкретни забелешки за нацрт верзијата на законот. Министерот за јавна администрација Горан Минчев уверува дека работат на суштински, а не на козметички законски измени, со цел да се прецизираат надлежностите и одговорностите на органите на државната управа. Со овој закон е предвидено да има оценување на секои пет години за оправданоста и функционалноста на самостојните органи. Исто така се разграничува политичката одговорност за носење на јавните политики, од професионалната одговорност на администрацијата за нивното спроведување. Законот е дел од реформската агенда, а откако ќе бидат вградени дел од сугестиите на експертите, ќе влезе во собраниска процедура. За негово донесување е потребно двотретинско мнозинство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28