Голем пожар во рускиот град Казан предизвикан од украински дронови - Канал 5

Голем пожар во рускиот град Казан предизвикан од украински дронови

Голем пожар беше предизвикан денеска од напад на украинско беспилотно летало врз енергетски објект во Казан, Русија, соопштија локалните власти.

Голем пожар во рускиот град Казан предизвикан од украински дронови

Во предградието на Казан, главниот град на руската република Татарстан, „се запали резервоар за гас по напад со дрон“, соопшти локалната власт на каналот Телеграм.

Во соопштението се наведува дека нема повредени и дека претседателот на Татарстан Рустам Миниханов дошол да го посети местото на пожарот.

Локалните медиуми објавија снимка од голем пожар во магацин за течен гас во близина на хемиска фабрика.

Покрај тоа, индустриска зграда е оштетена во напад со дрон врз градот Енгелс, во областа Саратов, што се наоѓа на околу 700 километри југоисточно од Москва и на околу 500 километри од украинската граница, напиша на Телеграм регионалниот гувернер Роман Бусаргин.

Тој соопшти дека наставата во училиштата во Саратов и Енгелс денеска ќе се одржува од далечина поради нападите со беспилотни летала.

На 8 јануари, Енгелс исто така беше цел на голем напад со беспилотни летала што предизвика пожар во нафтениот комплекс.

Според властите, во тој пожар загинаа двајца пожарникари, а стихијата била ставена под контрола дури пет дена по неговото избувнување.

Украина редовно напаѓа воени цели и енергетски локации во Русија како одговор на нападите на Москва на нејзина територија од 2022 година.

Ангелов: Не ни е неопходна ЕУ да ги подобриме состојбите дома

„Не очекувам дека САД ќе се повлечат од Балканот“

Ангелов: Не ни е неопходна ЕУ да ги подобриме состојбите дома

Не доаѓаат предвид уставни имени без гаранции, ние не само што не ги добиваме, туку имаме анти-гаранции. Нам не ни е неопходна ЕУ да ги подобриме состојбите дома. Помали сме и понемоќни ос САД, државите од БРИКС се „малку“ далеку. Секој сака билатерална спогодба со САД, не секој сака со Македонија. Суровата реланост налага пат кон ЕУ и НАТО, плативме скапа цена но надворешно сме безбедни. Не очекувам дека САД ќе се повлечат од Балканот. Договорот со Британија е се' замо не е про-руски чекор, вели Стојанче Ангелов во Само Вистина.

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

Александар Вучиќ објави видео на Инстаграм од парк каде што седи на клупа за вежбање.

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

„Далеку сум од добра форма, но Србија е повторно на вистинскиот пат“, напиша српскиот претседател во описот на објавата. Во видеото, тој почна да ги наведува проектите што има намера да ги заврши во наредниот период.

Потоа рече:

„И треба да го искористам ова кратко време пред ручек како да правам нешто, за да биде помалку забележливо она што ќе го јадам. Во секој случај, Србија е повторно на вистинскиот пат. И време е да ги подобрам моите физички карактеристики, да бидам за нијанса помалку дебел и со малку повеќе енергија отколку во претходните неколку месеци.“ Тој не правеше никакви вежби.

Неговото видео набрзо се прошири на социјалните мрежи, а луѓето му пишуваа дека се бламира.

„Лошо се храниш“, се пошегуваа некои во коментарите со емотикони за сендвичи.

Алмеида нoв тренер на Севиља

Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља го назначи денеска поранешниот аргентински репрезентативец Матијас Алмеида (51) за нов тренер, потпишувајќи тригодишен договор.

Алмеида нoв тренер на Севиља

За време на неговата фудбалска кариера, Алмеида мина една сезона во Севиља, што беше негова прва европска станица по пристигнувањето од Ривер Плата, а подоцна играше во Италија за Лацио, Парма и Интер.

Алмеида го постигна најголемиот успех во својата тренерска кариера досега со грчкиот АЕК, со кој ја освои грчката титула и трофејот во Купот во својата прва сезона на клупата на клубот од Атина./МИА

притисни ентер