Голем пожар на планината Шпираг во Албанија - Канал 5

Голем пожар на планината Шпираг во Албанија

Пожар од големи размери од синоќа беснее на планината Шпираг кај Берат, а ветерот дополнително го проширува, изјави албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши.

Голем пожар на планината Шпираг во Албанија

Станува збор за планината каде во еден нејзин дел компанијата Шел врши испитувања, а премиерот Еди Рама деновиве изјави дека има големи количини на нафта и гас.

Во гаснењето на пожарот покрај противпожарни единици од повеќе градови, ангажирани се и припадници и возила на албанската армија, како и хеликоптер.

- Ситуацијата е тешка поради теренот, а во проширувањето на пожарот придонесуваат и ветерот и високите температури. Ќе сториме се да го зачуваме нашето национално богатство, напиша Пелеши на Фејсбук

И за овој пожар надлежните се сомневаат дека е подметнат.

До сега, како што објави министерот за внатрешни работи, Таулант Бала за предизвикување пожари во притвор се 23 лица кои „ќе ја добијат заслужената казна“.

Кривичниот законик на Албанија за намерно предизвикување пожар предвидува казна затвор во траење до 15 години, што зависи од предизвиканата материјална штета и други несакани последици. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп ја менува „играта“: „Одлично се сложувам со Ким Џонг Ун“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека се сложува „многу добро“ со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Трамп ја менува „играта“: „Одлично се сложувам со Ким Џонг Ун“

Трамп ја нагласи важноста на одржувањето добри односи со лидерите на земјите што поседуваат нуклеарно оружје.

Трамп ги даде овие забелешки на предизборен митинг во Охајо пред изборите за Конгресот, зборувајќи за својот однос со кинескиот претседател Си Џинпинг и бранејќи ги своите врски со лидерите на големите сили.

„Не е ли одлично да се сложувам со лидерите на големите земји, големите нуклеарни сили? Одлично се сложувам со Ким Џонг Ун од Северна Кореја“, рече Трамп. Тој додаде дека е добро да се има договор со некој што има „112 нуклеарни ракети“.

Тој се сретнал со севернокорејскиот лидер три пати

Трамп потврди во август дека се надева дека ќе се сретне со Ким подоцна оваа година, што дополнително ги разгоре шпекулациите дека можеби ќе се обиде да ја обнови нивната лична дипломатија, што досега резултираше со три билатерални средби: првата во Сингапур во јуни 2018 година, втората во Ханој во февруари 2019 година и најновата во селото Панмунџом на меѓукорејската граница во јуни 2019 година.

Портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот, во петокот изјави дека Трамп не ги смета разговорите со Северна Кореја за „отстапка“ и е подготвен да разговара со Пјонгјанг ако тоа е во интерес на САД.

Најновите изјави на Трамп доаѓаат во време кога Северна Кореја продолжува да ги отфрла повиците за денуклеаризација и инсистира дека нејзиниот статус како нуклеарна држава е „неповратен“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче откри сомнеж за криминал од 37 милиони евра за пратеничка од СДС

Нека ги достави доказите и нека ги објави останатите сомнежи за криминал во СДС.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче откри сомнеж за криминал од 37 милиони евра за пратеничка од СДС

Венко Филипче конечно прозборе за сомнежи за сериозни злоупотреби во редовите на СДС.

Филипче изнесе сомнежи поврзани со пратеничката Славјанка Петровска, поранешен министер за одбрана и дел од Платформата 12.05, околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според неговите јавни наводи, постоела разлика од дури 37 милиони евра.

Ова се наводи за сериозни финансиски средства и затоа Филипче има обврска пред граѓаните да одговори: Од кога ги знае овие информации?

Зошто молчел досега?

Кои документи и докази ги поседува?

Кој го потпишал договорот и врз основа на што?

Ако Филипче навистина располага со информации за сомнежи за криминал, тогаш нема простор за селективност, калкулации или меѓупартиски пресметки.

Нека ги достави информациите до надлежните институции и нека ги презентира пред обвинител. Јавното обвинителство, согласно своите надлежности, треба да ги провери наводите и да утврди дали постојат основи за постапување.

Ако Филипче знае за овој случај и има информации за други вакви случаи да ги пријави.

Затоа го повикуваме да не застанува на овој случај. Ако има информации или сомнежи за други незаконитости во СДС, нека ги објави и нека ги достави до надлежните институции.

Граѓаните заслужуваат целосна транспарентност и одговорност за секој сомнителен договор, секој потрошен денар и секоја одлука со која можеби е оштетен јавниот интерес.

Јавноста има право да знае што се случувало.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИНРМ: Не за паметни броила кај сите домаќинства!

Не се согласуваме и сметаме дека е штетна за граѓаните идејата за задолжително масовно воведување на паметни броила кај сите домаќинства.

ИНРМ: Не за паметни броила кај сите домаќинства!

Реагираме уште во зародиш на ваквата идеја, бидејќи е извесно дека трошокот за набавка, инсталација, одржување и управување со системот на крајот ќе падне на товар на граѓаните, без оглед дали ќе се наплатува преку сметките за електрична енергија, преку мрежарина или преку буџетски средства обезбедени од даноците на граѓаните.

Законот за енергетика веќе го регулира прашањето кога не е извршено мерење на потрошената електрична енергија. Член 185 став (2) предвидува фактурирање врз основа на претпоставена потрошувачка и задолжително усогласување со реалната потрошувачка преку коригирана фактура во тромесечје.

Тоа значи дека за најголемиот дел од домаќинствата не е потребна скапа и задолжителна замена на постојните броила за да се обезбедат точни и коректни сметки. Потребно е доследно почитување на законот и редовно мерење на потрошувачката.

Паметните броила имаат оправдана примена кај просјумери, производители на електрична енергија, батериски системи и граѓански енергетски заедници. Тие што имаат потреба од таква функционалност можат да ги инсталираат на сопствен трошок.

Не постои оправдување целиот товар од една ваква инвестиција да се префрли врз сите домаќинства во државата.

Прво да се почитува законот. Потоа да се бараат нови трошоци од граѓаните.

ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер