3Средба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји
ТехнологијаГолем пад на продажбата на индустриски роботи во САД Северноамериканските компании нарачале значително помалку роботи во 2023 година, ставајќи крај на петгодишниот бум во услови на забавување на економијата и повисоки каматни стапки што ја отежнува набавката на софистицирани машини.„Кога економијата не е одлична, полесно е да се одложи купувањето“, рече Џеф Бурнштајн, претседател на Здружението на производители на роботи А3, кое ги следи нарачките, објави Економик Тајмс. Компаниите купиле 31.159 роботи минатата година, 30 отсто помалку отколку во 2022 година, пресметале А3. Процентуалниот пад е најголем од 2006 година, открија тие. Побарувачката е намалена кај компаниите поврзани со автомобилската индустрија, кои сочинуваа околу половина од пазарот на роботи минатата година, но и во секторите за преработка на храна и метал. Во четвртиот квартал, производителите на роботи забележале 7.683 нарачки, осум отсто помалку отколку во истиот период во 2022 година. Universal Robots, дански производител на мали флексибилни роботи, неодамна објави дека нивниот приход во 2023 година паднал за седум отсто на 304 милиони долари. Продажбата била попречена минатата година поради загриженоста за лошата економија и вишокот залихи создаден од пандемијата Ковид-19, кога продажбата на роботи пораснала, додека производителите барале решение за недостигот на работна сила. 2022 година била рекордна по бројот на нарачки, покажуваат податоците на А3. Забавувањето на побарувачката во 2023 година се совпаднало со најавата на некои производители за развој на понапредни верзии на машините. Така, стартапот за роботика Figure во јануари објави дека склучил партнерство со германското BMW што треба да резултира со распоредување на хуманоидни роботи во фабриката за автомобили на BMW во Јужна Каролина. Хуманоидни роботи се развиваат и од производителот на електрични возила Tesla.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - МенеменВо среда (14.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Изет Цури.Состојки за денешниот рецепт: 3 домати 3 пиперки 1 главица кромид 4 јајца масло сол, бибер и др.зачини по избор Прилог 2 парчиња сирење 3 парчиња потпечен леб Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“. Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се случи на 16 март 2025 година за време на концерт на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, што претставува една од најтешките несреќи во поновата историја на државата,Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураМНТ: Награда за режија за Нела Витошевиќ и три признанија за „Змеј“ на меѓународната сценаПретставата „Змеј“, во режија на Нела Витошевиќ и продукција на Младинско гледалишче од Љубљана (МГЛ), освои три награди на Меѓународниот фестивал „Театар на раскрсница“. Жирито, предводено од Ирфан Менсур, ѝ ја додели наградата за најдобра режија на Нела Витошевиќ. Признанието за најдобра сценографија му припадна на Игор Васиљев, а за најдобра костимографија беше наградена Јелена Проковиќ. Витошевиќ ја истакна важноста на заедничкиот придонес на сите учесници во создавањето на претставата, упатувајќи благодарност до директорката на МГЛ, членовите на жирито, актерскиот ансамбл, како и до авторскиот и техничкиот тим. Таа нагласи дека успехот е резултат на посветеноста и соработката на целата екипа. Најновата режија на Витошевиќ во нејзиниот матичен театар, Македонскиот народен театар, е претставата „Три сестри“ - современо сценско читање инспирирано од истоименото дело на Чехов, кое наиде на одличен прием кај публиката. Интересот за претставата го потврдува и исполнетата сала на секоја изведба, позиционирајќи ја како едно од најактуелните остварувања на репертоарот на МНТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook