Голем љубовен хороскоп за април:Дознајте што ви подготвуваат ѕвездите!

Што ќе ви донесе април на полето на љубовта?

Овен – Месец исполнет со страст, чувства, сексуална моќ, повеќе храброст во романтичните акции и повеќе љубовни понуди кои тешко ќе можете да ги одбиете. Се на се месец исполнет со возбуда на љубовен план/Сепак внимавајте во изборите кои ќе ви се нудат не избрзувајте и не носете брзи одлуки поврзани со луѓе кои не ги познавате доволно зошто може да ви се случат непредвидливи проблеми и несакани неверства и интриги.

Бик – Април ви носи благосостојба, среќа и задоволство. Оние кои се во врска ќе ги продлабочат емоциите, слободните ќе зрачат со магнетизам кој ретко кој ќе може да го негира,а можно е и враќање на некои поранешни љубови и оживување на стари врски . Доколку и се случат некакви проблеми во љубовниот живот имајте на ум дека се привремени и дека добрата енергија нема да ве напушти за долго.

Близнаци – Тежок месец во кој нема да можете да имате контрола врз ситуација во врската. Но овие проблеми колку и да ви изгледаат безизлезни нема да траат долго, всушност тие се само период на транзиција кој морате да го поминете со смирена глава и рационални одлуки. Наоружајте се со трпение и хумор и ќе видите дека тоа што април ви го зготвил всушност е увертира за љубовните уживања во следниот период.

Рак – Можно е да поминувате низ некој одредени проблеми во љубовниот живот или како двојка ќе поминувате низ тежок период поради некои надворешни фактори или пак саканата личност може да поминува низ одредени проблеми ( на професионален план, со здравјето или слично) кои ќе влијаат и врз вас. Најдоброто што двајцата можете да го сторите е да ги здружите силите за да најдете заедничко решение за тешките задачи. Наспроти проблемите со кои ќе морате да се сочите, добрата вест е дека помошта ќе ви доаѓа и по овој турбулентен период ве очекува вистинско уживање.

Лав – Месец кога се ќе се врти околу вас. Ќе постои врска помеѓу љубовниот и професионалниот живот или општествениот статус. Можно е да се случи да ве привлече личност од повисоки кругови или некој познат. Месец исполнет со поврзаност помеѓу љубовниот живот и обврските, одговорностите, залагањата. Изгледа дека нема да имате толкава слобода на избор колку што посакувате и можеби ќе бидете присилени да се однесувате според правилата.

Девица – Хармоничен однос ви носи љубовна еуфорија се до ноември 2018 година. Доколку постои интелектуална компатибилност и добра комуникација тогаш се ќе биде извонредно. Љубовта цути и со саканата личност ќе откривате нови хоризонти низ знаење или патување. На слободните конечно им се отвора шанса за нова романса која ќе биде се само здодевна не.

Вага – Љубовта, бракот и семејниот живот се во преден план. Можеби ќе вложите заеднички сили за да решите некои проблеми поврзани за вашиот дом или на вас ќе влијаат родителите или ќе водите расправија околу прашање на сопственост и слично. Може да има одлични романтични импулси, но секојдневието ќе ве држи цврсто на земја и комуникацијата е од пресудна важност за љубовниот однос. Во вториот дел од месецот работите ќе станат јасни.

Скорпија – Кога се работи за љубовниот живот вие сте вистински среќници во април 2018 година. Ќе имате најдобро од се: љубов, активност, нежност, среќа во нови љубовни врски, мир и хармонија во паровите. Може да се каже дека ги имате сите потребни парчиња од мозаикот кои ви се потребни за да ја пронајдете вашата среќа. Направете го првиот чекор!

Стрелец – Месец исполнет со страст. Ќе се чувствувате мотивирани и полни со енергија и жедни по нови искуства. Можни се неочекувани пресврти и настани. Некои настани во текот на април 2018 година ќе ве поттикнат поблиску да ги разгледате некои проблеми поврзани со љубовниот живот или децата. Идеален месец за дефинирање на плановите за иднината.

Јарец – Пред вас е месец полн со страст, романтика и нежности. Поотворени сте кога станува збор за флертување и авантури, а нови љубовни можности нема да недостасуваат. Можно е од време на време да се чувствувате напнато и понервозно. Одмор, извор на среќа и склад доаѓаат низ креативност, забава и најважно од се низ љубовта. Ако имате семејство, домот и најмилите ќе бидат во центарот на вашето внимание, а децата извор на среќата.

Водолија – Комуникацијата и менталната компатибилност се најважни за вашиот љубовен живот во текот на април 2018 година. Разговорите, разменувањето на мислењето, пораките и исти интелектуални интереси ќе го олеснат зближувањето со партнерот или може да донесат нова љубов, ако тоа го посакувате. Можеби работите нема секогаш лесно да течат, но можеби тоа е причината да научите некои лекции, да се открие вистината, да дојде до напредок, да научите подобро да ја разбирате саканата личност, да можете да разговарате за било што, вклучувајќи ги и најчувствителните и најинтимните работи.

Риби – Емотивните врски ќе страдаат поради зголемениот стрес, веројатно затоа што ќе морате да се соочите со премногу работи низ финансиски прашања или заеднички планови. Можеби да се работи за притисок кој доаѓа од околината, што нема да влијае на поврзаноста на двојката или некои тешкотии кои ги имате, туку тие надворешни фактори само ќе укажат на можните проблеми во врската. Проблемите може да ги решите низ разговор, со дипломатија и хумор.

Во Германија со 100.000 евра се казнува доколку миете автомобил во својот двор

Посетата на автоперална може да биде прилично скапа на долг рок.

Според извештајот на Германската автомобилска фондација за 2019 година, околу 40 отсто од возачите ги мијат своите автомобили еднаш месечно, а речиси три четвртини од нив ги користат услугите на перална за автомобили по цена од 11 евра по перење, што е околу 130 евра годишно.

Ако сакате да заштедите пари и да го миете автомобилот сами дома, може да се соочите со големи казни, според списанието Fenix.

Самото миење на автомобилот може да биде забрането, а во зависност од сојузната држава, може да бидете казнети до 100.000 евра. Ова се должи на таканаречениот Закон за водни ресурси (WHG), кој забранува употреба на токсични материи или оние кои ја загадуваат водата во подземните води со цел да се спречи загадување на водата (член 48 WHG).

При перење автомобил на приватен имот, мора да се спречи можноста нечистата вода да навлезе во земјата. Затоа, обично е забрането миење автомобил со хемиски средства за чистење во вашиот двор.

Бидејќи законодавството не предвидува единствени регулативи, спроведувањето на барањата за WHG е оставено на самите општини. Додека во некои заедници е дозволено миење автомобили со чиста вода, во други е забрането поради можноста од контаминација на водата со остатоци од масло, пишува списанието Феникс.

Во зависност од државата, прекршувањето на Законот за водни ресурси може да резултира со високи казни. На пример, казната за загадување на подземните води со големи количини на други течности кои ја загадуваат водата во сојузната покраина Саксонија е до 100.000 евра.

Доколку планирате сами да го миете автомобилот, задолжително проверете однапред во канцеларијата за комунални регулативи во дотичната општина или однесете го автомобилот на чистење во перална за автомобили.

Се снима шестиот игран филм за Астерикс и Обеликс

Продукциската компанија StudioCanal и издавачката куќа Editions Albert René потпишаа договор за шестиот игран филм од серијата Астерикс, инспириран од истоимениот јунак од стрипот, потврди Variety.

Стриповите на Астерикс, создадени во 1959 година од Рене Гошини и Алберт Удерзо, оваа година ја слават својата 65-годишнина. Стрипот ги следи авантурите на Астерикс и Обеликс и нивните пријатели кои живеат во мало село во Галија каде се обидуваат да се спротивстават на инвазијата на Римската империја.

Стриповите на Астерикс се продадени во повеќе од 300 милиони примероци ширум светот. Досега се снимени пет играни и десет анимирани филмови инспирирани од авантурите на Астерикс.

Последниот филм, Астерикс и Обеликс: Средното Кралство, излезе минатата година и беше огромно промашување. Со негативни критики од познати критичари, филмот заработи само 46,5 милиони долари, не успевајќи да ги покрие трошоците за производство од над 72,4 милиони долари.

„Мило ми е што го потпишавме овој ексклузивен договор со Editions Albert René, кој ќе ни овозможи да го продуцираме шестиот долгометражен авантуристички филм за Астерикс. Но, најмногу од сè, во име на StudioCanal и конгломератот Canal+ Group, можам да кажам дека се чувствувам почестен што покажавме доверба во Editions Albert René“, рече Ана Марш, извршен директор на StudioCanal.

„Свесни сме дека Астерикс е културна икона и ќе се погрижиме да го прикажеме неговиот свет со почит за да им оддадеме почит на прекрасните творци, Рене Гошини и Алберто Удерцо“, додаде таа.

Заедно со претстојниот игран филм, следната година ќе може да ја гледаме и анимираната серија за Астерикс, која ќе биде достапна на Нетфликс. Францускиот режисер и сценарист Ален Шабат работи на серијата.

Претседателот на Светскиот економски форум: Глобалниот долг е највисок од времето на Наполеон

Денеска глобалниот јавен долг е највисок од Наполеонските војни, односно од првата и втората деценија на 19 век, изјави претседателот на Светскиот економски форум, Борге Бренде на конференција во Ријад.

Бренде изјави дека глобалниот јавен долг се приближува до границата од 100 отсто од БДП, како и дека напредните економии се соочуваат со закана од стагфлација, односно раст на цените со истовремен пад на производството, пренесува CNBC.

Неговото предупредување се совпаѓа со неодамнешниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во кој се вели дека глобалниот јавен долг достигнал 93 отсто од БДП минатата година, што е за девет отсто повеќе од нивото пред пандемијата.

ММФ предвиде дека глобалниот јавен долг би можел да биде близу 100 отсто од БДП до крајот на деценијата.

Бренде нагласи дека владите треба да размислат како да ги намалат долговите и да ги преземат вистинските фискални мерки, без истовремено да предизвикаат рецесија.

Претседателот на Светскиот економски форум предупредил и на последиците од забавувањето на светскиот економски раст кој, според прогнозата, во 2024 година ќе изнесува 3,2 отсто.

Светот ќе се соочи со една деценија слаб економски раст доколку не се спроведат вистинските мерки, заклучил Бренде.

притисни ентер