Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
2Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
ЕвропаГолем корупциски скандал во Украина: Пронајден е таен комплекс со луксузни вили (ВИДЕО)Таен комплекс од луксузни вили, наводно изграден за најблискиот круг соработници на Володимир Зеленски, би можел да се претвори во корупциски скандал што ќе го одбележи неговиот претседателски мандат. Обвинителите тврдат дека преку изградбата на четири луксузни куќи во близина на Киев, секоја со површина од околу 1.000 квадратни метри, за четири години се испрани речиси девет милиони долари, пишува „Киев Индепендент“. Според Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САПО), куќите наводно биле наменети за поранешниот вицепремиер Олексиј Чернишов, претприемачот Тимур Миндич и поранешниот шеф на Кабинетот на претседателот Андриј Јермак. Сите тројца, заедно со уште четири лица, беа обвинети во овој случај. Истата група луѓе се најдоа под истрага во случајот од 100 милиони долари во кој е вклучен државниот нуклеарен монопол „Енергоатом“. Полициски извор за „Киев Индепендент“ изјавил дека осомничените во случајот „Енергоатом“ наводно му дале пари на тогашниот заменик-премиер Чернишов за да изгради луксузни куќи во близина на Киев, поврзувајќи ги двата случаи. За каква градба станува збор? Четирите приватни куќи се наоѓаат во Козин, елитна населба јужно од Киев, позната како дом на високи функционери, политичари и претприемачи. Трага од корупција меѓу високи функционери почна да се открива околу Чернишов, пријател на семејството Зеленски кој брзо напредуваше во политичката хиерархија. Проектот започна во 2018 година, кога Чернишов беше коосновач на „Блум Девелопмент“. Во рок од една година, компанијата купи повеќе од четири хектари земјиште во Козин, а подоцна го прошири имотот. Пред да биде назначен за гувернер на Киевската област, Чернишов го префрли својот удел на својата сопруга, која формално ја напушти компанијата во 2023 година, додека тој ја водеше државната гасна компанија „Нафтогас“. Според канцеларијата за борба против корупцијата, за време на неговиот мандат како министер за заедници и територии (2020-2022), Чернишов и неговите соработници ја потцениле вредноста на земјиштето со цел да фаворизираат инвеститор во замена за поткуп. За возврат, тие наводно добиле значителни попусти за станови во новоизградени згради во вредност од над 346.000 долари. Овие дејствија, според НАБУ, ја оштетиле Украина за 24 милиони долари. Истражителите тврдат дека приближно во исто време, Чернишов помогнал во започнувањето на проект за луксузно домување. Идејата се оформила во 2020 година, кога тој ги вклучил Миндич, а подоцна и Јермак во проектот. Проектите биле со кодно име R1, R2, R3 и R4 за да ги сокријат своите вистински сопственици, а покрај нив имало и петта, заедничка резиденција R0, посветена на спа-центар, базен и теретана. Целото градилиште, кое се протега на повеќе од осум хектари, би можело да вреди над шест милиони долари. Активната фаза на изградба започна во мај 2020 година и дополнително се забрза кратко по почетокот на руската инвазија во 2022 година. „Реков... полека повторно да ја започнеме работата. Мораме некако да продолжиме напред. Прозорците, покривот и ќерамидите треба да пристигнат наскоро... Сè беше веќе нарачано“, наводно Чернишов ѝ пишал на својата сопруга на 29 март 2022 година, додека борбите сè уште се воделе на периферијата на Киев. НАБУ, исто така, објави преписка што покажува како Јермак, поврзан со куќата R2, се распрашал кај дизајнерот за напредокот на работите неколку дена пред инвазијата. Плашејќи се од разоткривање, Миндич наводно одлучил да ја запре изградбата во јули 2025 година, кратко откако Чернишов беше официјално обвинет за скандалот со корупција во земјиштето. Високиот антикорупциски суд на Украина во меѓувреме го заплени земјиштето и петте недовршени резиденции. Чернишов се соочува со вкупно три обвиненија и негира какво било кривично дело. Како бил финансиран проектот? Агенциите за борба против корупцијата тврдат дека куќите биле финансирани на два начина. Луѓе поврзани со Чернишов ја основале станбената задруга „Соњачни Берех“ (Сончев Брег), која собрала и користела дел од парите за изградбата. Истите овие луѓе наводно добивале пари за фиктивни услуги од фиктивни компании и фармацевтски компании. Овој метод сочинувал околу 10% од вкупното финансирање. Сепак, поголемиот дел од средствата, дури 72%, наводно доаѓале од нелегални извори и биле исплатени во готово на работниците на градилиштето. Обвинителите тврдат дека повеќе од 8,9 милиони долари потрошени за проектот потекнуваат од мултимилионска корупциска шема поврзана со државниот нуклеарен монопол „Енергоатом“. Според истрагата, високи функционери на „Енергоатом“ наводно земале мито од 10 до 15 проценти од изведувачите за да им обезбедат статус на добавувачи. Овие пари подоцна биле инвестирани во изградба на луксузни домови. Дали четвртата куќа била наменета за Зеленски? Истражителите сè уште не откриле за кого била наменета четвртата куќа, со кодно име Р1. Кон крајот на април, весникот „Украинска правда“ објави транскрипти од наводен разговор помеѓу Миндич и лице по име Наталија, вклучено во изградбата. Според објавените транскрипти, Наталија вели дека фасадите на проектот „Андриј“ се веќе завршени и дека ограда сега ја одделува куќата на Миндич од „Вовина“, скратена форма на името Володимир. Во разговорот, Миндич наводно го споменува и очекуваното пристигнување на Макс Донец, кој новинарите го идентификуваа како шеф на личното обезбедување на претседателот Зеленски. Шефот на НАБУ, Семен Кривонос, на 12 мај изјави дека Зеленски не бил вклучен во предистражната постапка во овој случај и дека како сегашен претседател е заштитен од кривично гонење. Кабинетот на претседателот одби да коментира за истрагата.Тагови: скандал украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски на „Мото Илинден урбан драјв“Безбедноста мора да биде пред адреналинот - наскоро „Безбеден град“ ќе може да препознава и неносење кацига.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети „Мото Илинден Урбан драјв“ фестивалот, кој од 1 до 4 октомври се одржува на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а чиј фокус, покрај промоцијата на мотоциклизмот, е подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот. Во рамки на фестивалот се организираат тест-возења, работилници за безбедно управување со мотоцикл, едукација на почетници, правилна употреба на заштитната опрема, како и запознавање на учесниците со законските прописи од областа на сообраќајот. Во едукативниот дел од настанот е вклучен и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Тошковски ја поздрави иницијативата, потенцирајќи дека токму едукацијата, личната одговорност и почитувањето на сообраќајните правила се клучни за поголема безбедност на мотоциклистите, кои се меѓу најранливите учесници во сообраќајот. „Љубовта кон моторите, адреналинот и слободата што ја носи мотоциклизмот секогаш мора да одат заедно со одговорноста. Кацигата и заштитната опрема, почитувањето на ограничувањето на брзината и сообраќајните правила не се формалност – тие спасуваат животи. Затоа ваквите настани се важни, особено за младите и за оние кои првпат влегуваат во светот на мотоциклизмот“, истакна Тошковски. Министерството за внатрешни работи континуирано спроведува засилени акциски контроли во сообраќајот, вклучително и контроли насочени кон возачите на мотоцикли и мопеди, со посебен акцент на брзината, поседувањето соодветна возачка дозвола, употребата на заштитна кацига и почитувањето на останатите сообраќајни правила. Дополнителен исчекор во оваа област е системот „Безбеден град“, кој ги детектира и прекршоците сторени од возачи на мотоцикли, а со помош на вештачката интелигенција системот наскоро ќе може да ги казнува и оние кои не носат кацига и така го загрозуваат својот живот и животот на другите учесници во сообраќајот. Тошковски потенцираше дека резултатите од новиот пристап во сообраќајната безбедност веќе се видливи. Во првите девет месеци од годинава има 33 помалку жртви во сообраќајот во споредба со истиот период минатата година, односно околу 30 проценти помалку загубени човечки животи, додека бројот на повредени лица е намален за околу 19 проценти. Во позитивниот тренд се вклучени и сообраќајните незгоди во кои учествуваат мотоциклисти, а целта е тој тренд дополнително да се засилува. „Овие резултати не се само бројки. Зад секоја бројка стои човечки живот, семејство и нечија иднина. „Безбеден град“, засилените контроли, едукацијата и, пред сè, одговорното однесување на граѓаните покажуваат дека можеме суштински да ја промениме сообраќајната култура. Нашата цел е јасна – помалку незгоди, помалку повредени и што е можно помалку загубени човечки животи“, порача министерот Тошковски. Министерството за внатрешни работи ќе продолжи паралелно со превентивните активности, едукацијата, засилените контроли и примената на современи технологии, со единствена цел – побезбедни улици и патишта за сите учесници во сообраќајот.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16