Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
2Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
ЖивотСкандал во Украина: Почесна конзулка целосно гола на дрво (ФОТО)Социјалните мрежи се „запалија“ од објави за новоназначената почесна конзулка на Украина во Доминиканската Република, Викторија Јакимова, со серија нејзини голи фотографии.Почесниот конзулат на Украина во Доминиканската Република беше отворен на 21 март, а Викторија Јакимова (37) беше назначена за почесен конзул. Назначувањето предизвика дебата, бидејќи Јакимова претходно работеше како фото модел, на што таа одговори „дека не го крие своето минато“ и дека „има право да го промени својот кариерен пат“. Таа додаде и дека „благодарение на отворањето на конзулатот, Украинците во Доминиканската Република имаат можност да добијат важни консултации и помош“. Ukraine's new 'model' ambassador to Dominican Republic fired over explicit photos Ukraine’s Ministry of Foreign Affairs cited 'negative public backlash' as the reason https://t.co/49DVgJOyHL pic.twitter.com/587IuHQAy4 — RT (@RT_com) April 8, 2026 Според неа, по почетокот на војната, многу Украинци ја промениле кариерата и се придружиле на напорите за поддршка на земјата. Таа исто така нагласи дека нејзината работа е финансирана од нејзиното семејство, како и од нејзиниот сопруг со кого поминала 13 години, „но кој, за жал, повеќе не е со нас“. Јакимова е по потекло од Одеса, а како што објавија многу светски медиуми, таа студирала на Државниот економски универзитет во Одеса. Yakymova, Honorary Consul in Dominican Republic who wore kokoshnik, has been #dismissed. 👍🙏👍 DOCUMENThttps://t.co/Ijs29PhyzE — Egalitmus🌱 🇸🇪 🇮🇱 🇺🇦 🇬🇱 (@bookfacet) April 8, 2026 Покрај дипломатската улога, Јакимова работи за компанија која развива софтвер за логистички компании. Моментално живее во Ла Романа. Меѓутоа, во последните денови, Јакимова се најде во центарот на скандал - се појавија нејзини голи и топлес фотографии. И додека социјалните мрежи „гореа“, некои ја осудуваат за нејзината голотија, други ја бранат. „За прв пат, ние „не се срамиме од нашиот конзул““, беше еден од низата саркастични коментари за „државната личност“ и „напредокот во дипломатската служба“. 📍De POSAR DESNUDA A CÓNSUL honoraria de Ucrania https://t.co/B77QJLzaid Victoria Yakímova, una exmodelo ucraniana conocida por sus fotografías explícitas, fue nombrada cónsul honoraria de Ucrania en la República Dominicana. pic.twitter.com/ULJ7B0Amj9 — RT en Español (@ActualidadRT) April 2, 2026 „Овие фотографии не се доволен доказ дека овој почесен конзул не може да биде ефикасен“, нагласи поранешниот министер за надворешни работи Павло Климкин. „Верувам дека секој има право на свој пат и свои одлуки. Ова е дел од мојот живот и мојата приказна. Искрено, не гледам цел во криењето или бришењето на нешто - ова е мое искуство, моја работа и мој избор“, заклучи Јакимова. ¯\_(ツ)_/¯ МЗС екстрено відкликало почесну консулку України у Домініканській Республіці Вікторію Якимову, яку було призначено декілька днів тому, після того як люди виявили, що вона раніше працювала ню-моделлю і фотографувалася у ... Продовження тут https://t.co/rK4LqG1LEX pic.twitter.com/47jl60cV1D — 🇺🇦 ЄвроМайдан 🇪🇺 (@EuroMaydan) April 8, 2026 Тагови: скандал украина Викторија Јакимова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаТошковски на „Мото Илинден урбан драјв“Безбедноста мора да биде пред адреналинот - наскоро „Безбеден град“ ќе може да препознава и неносење кацига.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети „Мото Илинден Урбан драјв“ фестивалот, кој од 1 до 4 октомври се одржува на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а чиј фокус, покрај промоцијата на мотоциклизмот, е подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот. Во рамки на фестивалот се организираат тест-возења, работилници за безбедно управување со мотоцикл, едукација на почетници, правилна употреба на заштитната опрема, како и запознавање на учесниците со законските прописи од областа на сообраќајот. Во едукативниот дел од настанот е вклучен и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Тошковски ја поздрави иницијативата, потенцирајќи дека токму едукацијата, личната одговорност и почитувањето на сообраќајните правила се клучни за поголема безбедност на мотоциклистите, кои се меѓу најранливите учесници во сообраќајот. „Љубовта кон моторите, адреналинот и слободата што ја носи мотоциклизмот секогаш мора да одат заедно со одговорноста. Кацигата и заштитната опрема, почитувањето на ограничувањето на брзината и сообраќајните правила не се формалност – тие спасуваат животи. Затоа ваквите настани се важни, особено за младите и за оние кои првпат влегуваат во светот на мотоциклизмот“, истакна Тошковски. Министерството за внатрешни работи континуирано спроведува засилени акциски контроли во сообраќајот, вклучително и контроли насочени кон возачите на мотоцикли и мопеди, со посебен акцент на брзината, поседувањето соодветна возачка дозвола, употребата на заштитна кацига и почитувањето на останатите сообраќајни правила. Дополнителен исчекор во оваа област е системот „Безбеден град“, кој ги детектира и прекршоците сторени од возачи на мотоцикли, а со помош на вештачката интелигенција системот наскоро ќе може да ги казнува и оние кои не носат кацига и така го загрозуваат својот живот и животот на другите учесници во сообраќајот. Тошковски потенцираше дека резултатите од новиот пристап во сообраќајната безбедност веќе се видливи. Во првите девет месеци од годинава има 33 помалку жртви во сообраќајот во споредба со истиот период минатата година, односно околу 30 проценти помалку загубени човечки животи, додека бројот на повредени лица е намален за околу 19 проценти. Во позитивниот тренд се вклучени и сообраќајните незгоди во кои учествуваат мотоциклисти, а целта е тој тренд дополнително да се засилува. „Овие резултати не се само бројки. Зад секоја бројка стои човечки живот, семејство и нечија иднина. „Безбеден град“, засилените контроли, едукацијата и, пред сè, одговорното однесување на граѓаните покажуваат дека можеме суштински да ја промениме сообраќајната култура. Нашата цел е јасна – помалку незгоди, помалку повредени и што е можно помалку загубени човечки животи“, порача министерот Тошковски. Министерството за внатрешни работи ќе продолжи паралелно со превентивните активности, едукацијата, засилените контроли и примената на современи технологии, со единствена цел – побезбедни улици и патишта за сите учесници во сообраќајот.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook