Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци
1Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци
ЗабаваГола навивачка од Мексико ги запали мрежите (ВИДЕО)Победата на Мексико од 1-0 над Јужна Кореја на Светското првенство, покрај спортската возбуда, донесе и еден од највиралните моменти на првенството.Во центарот на вниманието беше популарната инфлуенсерка позната како Thehtowngirl, чија дива прослава на голот стана вистински хит на интернет. Видеото ги преплави социјалните мрежи Социјалните мрежи беа преплавени со видео од реакцијата на навивачката кога Мексико постигна гол. Инфлуенсерката го прослави победничкиот гол со гласен извик „МЕКСИКООООО!“, а видеото брзо собра стотици илјади прегледи и лавина од коментари на различни платформи. Многу корисници ја пофалија нејзината „енергија“ и „емоционална реакција“ за време на прославата, но бројни коментари се однесуваа и на нејзиниот изглед. Токму нејзината облека привлече дополнително внимание, поради што видеото стана една од најсподелуваните објави по натпреварот. 🚨 WATCH: Thehtowngirl's reaction to Mexico's goal against South Korea! 🤯🇲🇽 "MEXICOOOOO!" 🗣️🔥https://t.co/aLU4jyimVE — World Cup 2026 (@WorldCupMedia_) June 19, 2026 Важна победа за Мексико Додека навивачите го споделуваа видеото на социјалните мрежи, мексиканските играчи прославија исклучително важна победа на теренот. Со тесна победа против Јужна Кореја, тие се квалификуваа во нокаут фазата на Светското првенство како победници во групата.Тагови: Мексико навивачка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураФранцуската вечер на „Охридско лето“ го носи квартетот „Хермес“Репертоарот на класична музика на годинешното 66. „Охридско лето“ вечерва продолжува со квартетот „Хермес“ од Франција.Концертот што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот е во рамки на традиционалната Француска вечер на фестивалот која се одржува со поддршка од Амбасадата на Франција во земјава и Францускиот Институт од Скопје. Ќе настапат Омер Буше и Елисе Лиу на виолина, Лоу Јунг Хсин Чанг на виола и Јан Левионоа на виолончело. Квартетот „Хермес“, именуван според познатиот гласник од грчката митологија, својата музичка уникатност ја градат преку тоа што се обидуваат да бидат „проводници“ на музичките идеи на композиторите и нив да ги спојат со сензибилитетот на публиката. Нивниот идентитет го градат преку бројните патувања и настапи насекаде низ светот. „Карнеги хол“ во Њујорк, Забранетиот град во Пекинг, „Вигмор хол“ во Лондон се само некои од местата во кои настапиле и кои суштински влијаеле врз нивниот развој како ансамбл. Настапуваат на фестивалите во Нант и во Рок Антерон, во Мекленбург-Форпомерн, на Фестивалот за камерна музика во Мантова и на фестивалите во Мароко и во Холандија. Квартетот е формиран во 2008 година на Конзерваториумот во Лион, каде студирале со членовите на квартетот „Равел“, а подоцна се усовршувале низ соработките со квартетите „Изаи“ и „Артемис“, како и со Еберхард Фелц и Алфред Брендел. Тие имаат широк репертоар и нивните соработки вклучуваат концерти со: Јо-Јо Ма, Никола Ангелич, Грегор Сигл, Павел Колесников, Ким Кашкашијан, Ан Гастинел и со квартетите „Ебене“ и „Аурин“. Победници се на бројни натпревари, меѓу кои Меѓународниот натпревар во Женева, аудициите за млади музичари во Њујорк и др. Биле резидентен квартет во Капелата за музика „Кралица Елизабета“ во Брисел од 2012 до 2016 година, а се квартет поддржан од Фондацијата „Сигнер-Полињак“ од 2019 година. Соработуваат со издавачката куќа „Ла долче волта“ и за истата го снимаат комплетниот опус за квартет на Роберт Шуман, како и албумот посветен на творештвото на Равел, Дебиси и Дитје. Нивното издание со квартетите од Франц Шуберт, „Розамунда“ и „Смртта и девојката“ ја добива наградата „Шок класика“, како и трофејот „Радио класик“ во 2022 година. Последниот албум „Ехо на Виена“ издаден во 2026 година е одлично примен од стручната критика. Од 2018 година заедно со хармоникашот Фелисиен Брут и со контрабасистот Едоард Макарес формираат секстет и заедно го издаваат првиот албум за Мираре во 2019 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55
МакедонијаОсмани: Која задача ќе ја извршува новиот пратеник за ЕУ, Фетаи?Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен потпретседател на опозициската ДУИ, Бујар Османи реагираше на поставувањето на поранешниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи за специјален пратеник на Македонија за Европската унија.Османи прашува кој ќе биде неговиот мандат со оглед дека Македонија има амбасадор и дипломати што работат во европските институции. „Македонија има постојана мисија при Европската унија, предводена од амбасадор и составена од десетици дипломати кои секојдневно работат со европските институции. Тогаш, кој е мандатот на новиот претставник? Која задача ќе ја извршува тој, а не можат да ја извршат амбасадорот, нашата мисија, министерството за надворешни работи и министерството за европски прашања“,вели Османи и додава дека не треба да се создава паралелен политички канал во Брисел.Фетаи, кој како вицепремиер беше кадар на ВРЕДИ, на почетокот на јуни поднесе оставка од функцијата, откако претходно извесен период отсуствуваше од работа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Ви плукнаа во лице со назначувањето на Фетаи во Брисел! Како се чувствувате сега?Награда за неодговорност, плата од народот, функција во Брисел — ова е вистинското лице на власта без осет!Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро ја осудува срамната и скандалозна одлука на Владата за именување на поранешниот вицепремиер за добро владеење, Арбен Фетаи, за нов специјален пратеник во Европската Унија. Ова назначување претставува директен шамар, отворено потценување и вистинско плукање во лице на сите чесни граѓани кои секојдневно се борат за преживување. Владата уште еднаш докажа дека нема ниту осет, ниту срам кога станува збор за трошење на народните пари и поделба на лукративни или измислени фотелји. Граѓаните уште помнат како истиот овој “функционер” со месеци не се појавуваше на работните состаноци и ги бојкотираше владините седници, додека од џебот на најсиромашниот народ во Европа редовно му легнуваше функционерска плата. Наместо да сноси одговорност за своето неработење, Фетаи безрбедно се потсмеваше со јавноста објавувајќи фотографии од Бангкок, за денес, од истите тие граѓани кои ги игнорираше, да биде награден со функција и привилегии во Брисел. Премиерот не само што се посрамоти туку и капитулираше. Дополнителен срам и потврда за партиската самоволие е фактот што Фетаи за назначувањето на оваа висока државна позиција се пофали преку социјалните мрежи и му се заблагодари на премиерот во објава напишана исклучиво на вториот официјален јазик. Каков сигнал испраќа оваа Влада до Брисел кога за специјален претставник именува човек чија единствена докажана „квалификација“ е неработењето и избегнувањето на обврските? Ова е скандалозна порака дека во Македонија неодговорноста се наградува, а државните позиции се користат како приватен банкомат за задоволување на апетитите на власта. Истата таа неодговорност што носи трагедии, пожари, труења, епидемии и човечки жртви. ЛДП бара итна ревизија на оваа одлука и стопирање на практиката со која дипломатијата се претвора во засолниште за партиски кадри без резултати. Граѓаните заслужуваат функционери кои ќе работат во нивен интерес, а не политичари кои си поигруваат со нивното достоинство. Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55