2Клековски: Три нови антикоагулантни лекови се на позитивна листа – од 1 јули се достапни во аптеките
ЕкономијаГодишната инфлација во јуни 3,4 % – трошоците за живот намалени на месечно ниво, но повисоки од лани Стапката на инфалција оди во надлолна линија – трошоците на живот во јуни пораснале за 3,4 % споредбено со истито тмесец лани измери државниот завод за за статистика, откако во април и мај инфлацијата изнесуваше 5,7 % односно 4,8 %.Инфлација: Јуни 2025 - Јуни 2026 3.4 % Мај 2025 - Мај 2026 4.8 % Април 2025 – Април 2026 5.7 % Од податоците годишната инфлација главно ја зголемуваат алкохолните пијалаци, тутунот и транспортот, кои на годишно ниво се зголемени за 9,3 или 6,2% . Споредбено со земјите од регионот и пошироко Македонија има најниска стапка на инфалција. Македонија 3,4% Грција 3,9% Бугарија 5,6% Хрватска 4,5 % Словенија 3,6 % Турција 32,11 % На месечно ниво јуни споредбено со мај забележливо е намалување од -0,5%, кое, според статистичарите пред се се должи на намалените трошоци за траспорт и тоа за 1,6 % и храна за 1,1 %. Од министерството за економија велат осбено е значајно што има намалување во овие две категории кои имаа најголемо влијание врз семејните буџети. Инфлација: Јуни 2026 – Мај 2026 - 0.5 % Намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Транспорт за 1.6 % Храна и безалкохолни пијалаци за 1.1 % Во меѓувреме во следниве неколку дена се очекува ДПИ да ја завшри конторлата кај оние 700 прехранбени и непрехранбени производи, каде првичната анализа според инфорамции на канал 5 покажала одредени нерегуралности во однос на бруто профитните маржи кај дел од трговците. Како што посочуваат од ресорното министерство податоците покажале дека дел до растот на малопродажните цени не се должи само на повисоки набавни цени туку и на зголеување на бруто профитните маржи, а во одредени случаи дури каде имало намалување на набавните цени производите на раст не биле соодветно намалени поради повисоки маржи. „Податоците од Државниот пазарен инспекторат покажуваат дека во периодот мај 2025 – мај 2026 година просечните набавни цени на основните прехранбени производи, средствата за хигиена и производите за бебиња се зголемени за 2,66%, додека просечните продажни цени пораснале за 4,56%. Во истиот период, просечната бруто профитна маржа е зголемена за 1,88 процентни поени. “-Министерство за економија Велат од министерството за економија за Канал 5, посочувајќи дека доколку се утврди потреба ќе предложат превземање на соодветни мерки за заштита на животниот стандард. Инаку во јуни споредбено со мај минимално намалување од 88 денари имаше и кај кошничката која ја пресметува ССМ. Во јуни според синдикатот на едно четиричлено семејство му биле потребни 68 654 денари, од кои најмногу или нешто над 25 илјади одат само за храна и пијалаци. Тагови: ДЗС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски на средба со постојаната координаторка на ОН Рита КолумбијаЗаедничка посветеност за поефикасна превенција и заштита од родово базирано насилство.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија, на која се разговараше за унапредување на соработката во областа на превенцијата и справувањето со родово базираното насилство. Во фокусот на разговорите беше потребата од силна меѓуинституционална координација и континуирано унапредување на механизмите за превенција, заштита на жртвите и ефикасно институционално постапување во случаите на родово базирано насилство. Претставниците на Обединетите нации ја поздравија посветеноста на Министерството за внатрешни работи и активностите што се преземаат во насока на зајакнување на системот за превенција и заштита на жртвите, како и напорите за поефикасно справување со овој сериозен општествен предизвик. На средбата беа разгледани и можностите за понатамошна поддршка од агенциите на Обединетите нации, преку развој на заеднички програми, реализација на обуки и дополнително јакнење на професионалните капацитети на полициските службеници. Посебен акцент беше ставен на значењето на едукацијата и подготовката на идните полициски службеници уште во рамките на Средното полициско училиште, со цел тие да стекнат современи знаења и практични вештини за препознавање, превенција и професионално постапување во случаи на родово базирано насилство. Министерството за внатрешни работи и Обединетите нации ја потврдија заедничката определба за продолжување и продлабочување на соработката, со цел изградба на поефикасен систем за заштита на жртвите и создавање побезбедно општество за сите граѓани.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
ЗабаваГеоргина се огласи откако Роналдо го напушти теренот во солзиПартнерката на еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Георгина Родригез се огласи откако Кристијано Роналдо го напушти теренот во солзи: Испрати емотивна порака.Кристијано Роналдо ја пропушти шансата да ја освои титулата на Светското првенство, а по болниот пораз на Португалија од Шпанија, неговата свршеница Георгина Родригез јавно му ја понуди својата поддршка. Португалија во понеделникот ја заврши својата кампања со пораз од 1–0 против Шпанија, откако Микел Мерино постигна гол во судиското надополнување на натпреварот одигран во Далас. Поразот особено тешко му падна на капитенот на Португалија, 41-годишниот Роналдо, кој го напушти теренот во солзи. Кратко по натпреварот, Георгина се огласи на социјалните мрежи за да испрати емотивна порака за поддршка на португалската фудбалска ѕвезда. На својот Инстаграм, таа сподели објава од Најк, еден од долгогодишните спонзори на Роналдо. На фотографијата е прикажан профилот на Роналдо заедно со пораките „Легендата живее“ и „Приказната продолжува“, придружени со иконското лого на Најк. Георгина, која има над 74 милиони следбеници на Инстаграм, додаде емотикон во форма на црвено срце на објавата. Роналдо беше видливо емотивен по елиминацијата, а камерите ги забележаа моментите кога не можеше да ги задржи солзите. Фотографиите и видеата набрзо ги преплавија социјалните мрежи, предизвикувајќи бројни реакции од навивачите ширум светот. Многумина ги гледаат солзите на Роналдо како симбол на потенцијалниот крај на една од најголемите меѓународни кариери во историјата на фудбалот. Португалскиот капитен има рекордни 233 настапи за националниот тим и постигна импресивни 146 гола. Иако сè уште не донел одлука во врска со неговата иднина со националниот тим, се зголемуваат шпекулациите дека ова би можел да биде неговиот последен голем турнир во дресот на Португалија. o Cristiano Ronaldo chorando pela eliminação de Portugal contra Espanha. acho que nunca vi esse homem chorar na vida #PORxESP pic.twitter.com/qaXIlDX93n — ☙ (@layzhis) July 6, 2026 Сепак, поддршката од неговите најблиски е непоколеблива, а пораката на Џорџина им послужи како потсетник на многумина дека - како што е наведено во објавата што ја сподели - „приказната продолжува“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГодишна инфлација во јуни: Македонија – 3,4%, Хрватска – 4,5%, Турција 32,11%Годишната инфлација во Македонија во јуни е 3,4%, но тоа што е посебен успех е фактот што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци е 2,5%, а кај облеката и обувките 2,1%.Практично, годишната инфлација во јуни најмногу ја зголемуваат алкохолните пијалаци, тутунот и наркотиците со 9,3%, како и транспортот со 6,2%. Колку за споредба во регионот: Грција – 3,9% Бугарија – 5,6% Хрватска – 4,5% Словенија – 3,6% Турција – 32,11% Другите земји од регионот сè уште немаат објавено податоци за јуни, па последните достапни се за мај: Косово – 6,8% БиХ – 5,6% Црна Гора – 3,6% Србија – 3,5% Албанија – 3% Ако го споредиме јуни 2026 со јуни 2022, тогаш бројките се следни: Јуни 2026 – 3,4% Јуни 2022 – 14,5% Ова е споредбата кога ќе се споредат двете енергетски кризи – првата по нападот на Русија врз Украина, а втората по нападот на САД врз Иран. 1 : 4,26.Тагови: инфлација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07