ФудбалАморим: Милан е поголем предизвик од ЈунајтедРубен Аморим призна дека преземањето на Милан претставува уште поголем предизвик од оној со кој се соочи кога го презеде Манчестер Јунајтед. Португалскиот тренер официјално ја презеде функцијата шеф на стручниот штаб на италијанскиот гигант на 6 јули; по пристигнувањето во Италија, тој разговараше со медиумите и објасни зошто ја прифатил новата работа, иако претходно изјавуваше дека би избрал помалку захтевен проект. „Ако погледнете некое мое старо интервју, ќе видите дека ова е клуб што навистина ми значи многу. Тоа е огромен предизвик. По претходниот (Манчестер Јунајтед), си ветив дека ќе изберам помал предизвик. Но, еве ме тука – а предизвикот е уште поголем“, изјави Аморим. Поранешниот тренер на Спортинг потпиша двегодишен договор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
МакедонијаОсум случаи на западнонилска треска во Македонија- сите се хоспитализирани со тешки симптомиБројот на заразени со западнонилска треска во Македонија се искачи на осум, од кои седум се лабораториски потврдени, а еден се води како веројатен случај, информираат од Институтот за јавно здравје.Во текот на јули се регистрирани пет нови случаи, а најновиот е потврден оваа недела. Најголем дел од пациентите се од Скопје и Велес, при што повеќето се заразиле во земјава, додека за еден постои сомнеж дека инфекцијата ја добил во Грција... Според податоците, најголем дел од заболените се мажи и лица постари од 60 години, што дополнително укажува на ризикот кај повозрасната популација. Западнонилската треска се пренесува преку убод од заразен комарец. Кај повеќето луѓе поминува без симптоми или со лесна клиничка слика, но кај мал број пациенти може да предизвика сериозни невролошки компликации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
СветМу се слошило на целиот екипаж на интерконтинентален лет- авионот принудно слета во ДаблинАвион на Американ Ерлајнс на летот од Рим до Филаделфија бил пренасочен кон Даблин откако неколку членови на екипажот се пожалиле на мачнина и вртоглавица за време на летот. Инцидентот се случил на 25 јули на лет кој полетал од аеродромот Фиумичино. Медицински проблем Пилотите на Боинг 787-9 Дримлајнер пријавиле медицински проблем во контролата на летање, по што авионот безбедно слетал во главниот град на Ирска. Американ ерлајнс подоцна потврди дека има необичен мирис во кабината, но неговиот извор се уште не е утврден. Според неофицијални информации, здравствени проблеми имале шест од деветте членови на кабинскиот екипаж. Наводно, тие се пожалиле на вртоглавица и општа слабост, но нема информации дека некој од нив бил во состојба која би ги спречила да ги извршуваат работните задачи. Летот е прекинат Авионот бил во воздух околу четири часа на пат кон Филаделфија пред екипажот да донесе одлука да го смени правецот и да слета во Даблин. По пристигнувањето ги пречекале медицинските служби. Патувањето за патниците не било продолжено со истиот авион бидејќи авиокомпанијата немала на располагање екипаж за замена, а причината за здравствените проблеми се уште не е позната. Патниците биле згрижени и пренасочени на други летови, додека леталото останало во Даблин на преглед. Американ ерлајнс потврди дека летот 719 од Рим до Филаделфија бил пренасочен поради пријавен мирис.Тагови: авион Даблин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПоскапува парното Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која цената на топлинска енергија од 1 август се зголемува во просек за 5,96% за домаќинствата.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која цената на топлинска енергија од 1 август се зголемува во просек за 5,96% за домаќинствата што се снабдуваат од најголемиот систем ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција и ЕСМ производство на топлина. За потрошувачите на поранешна топлана Скопје Север, сегашна Енерџи Еколинк зголемувањето е во просек за 3,6%, а за ЕСМ Енергетика зголемувањето е за околу 5% за домаќинствата. „По извршените сеопфатни економско технички анализи за работењето на енергетските компании кои ги снабдуваат потрошувачите со топлинска енергија во Градот Скопје, РКЕ донесе одлука за корекција на цената од 5,96 %, односно просечната сметка ќе се зголеми за 140 денари. (од 2 353 денари на 2 493 денари). Вие го следевте процесот од почеток и јавноста е веќе информирана дека барањата на енергетските компании се движеа од 30% до 130%. Она што е клучно во периодот што следува и кое што ние го подржуваме е спојување на сите компании на ЕСМ за топлинска енергија, а со цел оптимизирање на ресурсите и зголемување на ефикасноста, што би значело поволна цена за потрошувачите. Она што сакам да го споделам со јавноста се резултатите од направените аналзии кои укажуваат дека на годишно ниво жителите на Скопје кои се греат на топлинска енергија имаат најнизок годишен надоместок, за разлика од жителите на Белград, Љубљана, Софија и Сараево.“ посочи Ацо Ристов, претседател на РКЕ. За една грејна сезона има ново приклучени 1.521 потрошувачи, а вкупно 67.494 потрошувачи се снабдуваат со топлинска енергија, соопштуваат од РКЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook