Годишната инфлација во јуни 3,4 % – трошоците за живот намалени на месечно ниво, но повисоки од лани - Канал 5

Годишната инфлација во јуни 3,4 % – трошоците за живот намалени на месечно ниво, но повисоки од лани

Стапката на инфалција оди во надлолна линија – трошоците на живот во јуни пораснале за 3,4 % споредбено со истито тмесец лани измери државниот завод за за статистика, откако во април и мај инфлацијата изнесуваше  5,7 % односно 4,8 %.

Годишната инфлација во јуни 3,4 % – трошоците за живот намалени на месечно ниво, но повисоки од лани

Инфлација: Јуни 2025 - Јуни 2026 3.4 %

Мај 2025 - Мај 2026 4.8 %

Април 2025 – Април 2026 5.7 %

Од податоците годишната инфлација главно ја зголемуваат алкохолните пијалаци, тутунот и транспортот, кои на годишно ниво се зголемени за 9,3 или 6,2% . Споредбено со земјите од регионот и пошироко Македонија има најниска стапка на инфалција.

Македонија 3,4%

Грција 3,9%

Бугарија 5,6%

Хрватска 4,5 %

Словенија 3,6 %

Турција 32,11 %

На месечно ниво јуни споредбено со мај забележливо е намалување од -0,5%, кое, според статистичарите пред се се должи на намалените трошоци за траспорт и тоа за 1,6 % и храна за 1,1 %. Од министерството за економија велат осбено е значајно што има намалување во овие две категории кои имаа најголемо влијание врз семејните буџети.

Инфлација: Јуни 2026 – Мај 2026 - 0.5 %

Намалување на трошоците на животот е забележано во групите:

Транспорт за 1.6 %

Храна и безалкохолни пијалаци за 1.1 %

Во меѓувреме во следниве неколку дена се очекува ДПИ да ја завшри конторлата кај оние 700 прехранбени и непрехранбени производи, каде првичната анализа според инфорамции на канал 5 покажала одредени нерегуралности во однос на бруто профитните маржи кај дел од трговците. Како што посочуваат од ресорното министерство податоците покажале дека дел до растот на малопродажните цени не се должи само на повисоки набавни цени туку и на зголеување на бруто профитните маржи, а во одредени случаи дури каде имало намалување на набавните цени производите на раст не биле соодветно намалени поради повисоки маржи.

„Податоците од Државниот пазарен инспекторат покажуваат дека во периодот мај 2025 – мај 2026 година просечните набавни цени на основните прехранбени производи, средствата за хигиена и производите за бебиња се зголемени за 2,66%, додека просечните продажни цени пораснале за 4,56%. Во истиот период, просечната бруто профитна маржа е зголемена за 1,88 процентни поени. “-Министерство за економија

Велат од министерството за економија за Канал 5, посочувајќи дека доколку се утврди потреба ќе предложат превземање на соодветни мерки за заштита на животниот стандард.

Инаку во јуни споредбено со мај минимално намалување од 88 денари имаше и кај кошничката која ја пресметува ССМ. Во јуни според синдикатот на едно четиричлено семејство му биле потребни 68 654 денари, од кои најмногу или нешто над 25 илјади одат само за храна и пијалаци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во единствена снимка, Баба Ванѓа споменува црвенокоси самовили: Насекаде се околу нас, само не можеме да ги видиме (ВИДЕО)

Ретко видео од мистичната јасновидка Баба Ванѓа кружи на социјалните мрежи веќе неколку дена.

Во единствена снимка, Баба Ванѓа споменува црвенокоси самовили: Насекаде се околу нас, само не можеме да ги видиме (ВИДЕО)

Во гореспоменатото видео, Баба Ванѓа зборува за „прекрасни црвенокоси самовили кои се насекаде околу нас, но кои ние не можеме да ги видиме“, објави Телеграф.

Потоа тврди дека наводно „животните сè уште можат да ги видат и дека самовилите не се чисти“.

Ванѓа, исто така, тврди дека овие „самовили“ биле присутни ноќта кога го изгубила видот.

Баба Ванѓа, чие вистинско име било Вангелија Пандева Гуштерова, била слепа пророчица и билкарка, позната низ целиот Балкан и Источна Европа. Родена е во Струмица во 1911 година, која тогаш била дел од Отоманската империја, и поголемиот дел од својот живот го поминала во Бугарија, околу Петрич и Рупита. Починала во 1996 година.

Според најпознатата верзија на нејзината биографија, го изгубила видот како тинејџерка по силна бура. Едно време се школувала во училиште за слепи во Земун, каде што научила Брајова азбука, музика и домашни вештини.

Таа стана позната по своите тврдења дека може да предвиди идни настани и да ги „види“ судбините на луѓето. Со текот на времето, таа беше заслужна за бројни предвидувања за големи светски настани, вклучувајќи го 11 септември, распадот на Советскиот Сојуз и други историски настани.

Баба Ванѓа остави зад себе „предвидувања“, според нејзините следбеници, кои датираат „илјадници години нанапред“. Едно од најдалечните е поврзано со годината 5078, за која се тврди дека го означува „крајот на светот каков што го знаеме“.

Сепак, важно е да се нагласи дека овие „предвидувања“ не можат со сигурност да се припишат на самата Ванѓа. Таа не ги запишала лично, па затоа голем дел од информациите стигнале до јавноста преку други луѓе, преку последователни толкувања и прераскажувања.

Во годината 4599, таа наводно „предвидела“ дека „бесмртноста ќе стане вообичаена“, додека во 4674, се вели дека претставува „врв на човековата благосостојба“. Според истата „временска рамка“, населението потоа „ќе достигне дури 340 милијарди“, а луѓето ќе стапат во „контакт и ќе се мешаат со вонземјани“. Следбениците на наследството на Ванѓа често ја цитираат „приказната“ дека бугарските и советските научници процениле дека предвидувањата на Ванѓа се „околу 85 проценти точни“. Сепак, нема доволно сигурни докази за да се земе ова како утврден факт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мотоциклист со полна брзина прелета низ врата на автобус- снимката од Колумбија е неверојатна (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео кое предизвика морници кај корисниците ширум светот.

Мотоциклист со полна брзина прелета низ врата на автобус- снимката од Колумбија е неверојатна (ВИДЕО)

Видеото доаѓа од Колумбија, каде што камера за надзор го снимила мотоциклистот како со полна брзина „удира“ во вратата на автобус што минува, ја пробива и на тој начин влегува во автобусот.

Истиот инцидент е снимен и од камера од друг агол, имено од внатрешноста на автобусот. Видеото покажува дека, за среќа, автобусот бил речиси празен, а возачот на автобусот и патникот кој бил на самиот крај останале неповредени.

Најголемото чудо е што мотоциклистот станал веднаш по несреќата и се чинело дека е свесен, а неговите повреди не биле сериозни.

Сепак, ако го удрел автобусот само момент подоцна, исходот можел да биде многу поинаков.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расте бројот на жртви- во поплавите во Непал загинаа најмалку 1.344 луѓе, а речиси 5.000 се исчезнати

Бројот на жртви од катастрофалните поплави на границата меѓу Непал и Тибет се искачи на 1.344, а 4.996 лица се уште се водат како исчезнати, соопштија денес непалските власти.

Расте бројот на жртви- во поплавите во Непал загинаа најмалку 1.344 луѓе, а речиси 5.000 се исчезнати

Бројот на жртви од поплавите и лизгањата на земјиштето на кинеската страна од границата во Тибет се искачи на 16, а 546 лица се уште се водат како исчезнати, објави ABC News.

Околу 70 Американци се водат како исчезнати во лизгањата на земјиштето и поплавите што го погодија граничниот регион меѓу Непал и Тибет пред десет дена, а досега се спасени 17 Американци, соопшти претходно американскиот Стејт департмент.

Спасувачките операции во регионот продолжуваат и досега, благодарение на меѓународната помош, околу 12.000 луѓе се спасени, додека повеќе од 5.000 повредени добиле медицинска помош.

Катастрофалните поплави на границата меѓу Непал и Кина на 26 август беа предизвикани од уривање на огромно парче глечер, широко околу 600 метри, кое се лизнало од висина од околу 5.200 метри со брзина од повеќе од 100 километри на час, а чие влијание во долината предизвикало земјотрес со јачина помеѓу 4,4 и 5,2 степени според Рихтеровата скала, кој го регистрирале сеизмолошките центри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер