3Клековски: Три нови антикоагулантни лекови се на позитивна листа – од 1 јули се достапни во аптеките
ЗдравјеКлековски: Три нови антикоагулантни лекови се на позитивна листа – од 1 јули се достапни во аптекитеКлексанот од 1 јули е на позитивната листа со уште два лека антикоагуланти „надопарин“ и „ривароксабан“ кои се достапни во аптеките, соопшти првиот човек на фондот Сашо Клековски. Тој потендира дека двата лека кои чинат од 1.100 денари до 2.700 денари во зависност од дозата се достапни си партиципаија од 160 до 240 денари и еден од брендовите ќе биде без доплата. Осигурниците имаат право да го изберат лек и без допалта. Изјава Сашо Клековски „Третиот антикоагулант, ‘ривароксабинот’, е за првпат на позитивна листа. Тој досега се движеше во рангот од 2.000 до 2.200 денари. Сега ќе биде достапен за партиципација од 160 денари. Во почетниот период ќе има доплата од 105 до 505 денари во зависност од дозажата и бројот на таблети. Во најчесто користената дозажа, тоа се 10 милиграма по 30 таблети, заштедата на граѓаните ќе биде 1.752 денари. Од 1 јануари 2027 овај лек ќе биде достапен без доплата, само со партиципација“, кажа Клековски. Доколку има проблем и од аптеките не ги издаваат лековите за што се жалат граѓаните дека им било кажано дека ги нема, веднаш да пријават во фондот, поради интерноста на аптеките од 1 до 15 јули ќе се прифаќаат рефундации за антикоагулансите. Клековски е кандидат за нов министер за здравство една од задачите е со идниот директор на фондот за здравство, Златко перински, ќе работат на усогласување за следните лекови на позитивна листа, меѓу кои ќе има за хронична опструктивна болест, за астма, за синдромот на хронична бубрежна инсуфициенција, дијабетeс, срцеви слабости. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамНовата кинеска лимузина го собори рекордот: речиси 65.000 нарачки пристигнаа за само 30 часаНовата кинеска лимузина го собори рекордот, за само 30 часа пристигнати скоро 65.000 нарачки. Оваа импресивна бројка вклучува 40.000 „слепи“ резервации направени од купувачите од 12 јуни. Кинескиот автомобилски гигант BYD повторно го раздвижи пазарот, овојпат со лансирањето на својот нов водечки седан – моделот Seal 08. Претставен на 2 јули 2026 година, овој автомобил долг 5,15 метри не само што ги редефинира очекувањата во премиум-сегментот, туку тоа го прави и со почетна цена од само 196.900 јуани, односно околу 27.000 евра. Реакцијата на пазарот беше моментална и изненадувачка. Само триесет часа по официјалниот почеток на продажбата, компанијата прими околу 65.000 потврдени нарачки, што укажуваше на појава на нов пазарен феномен. Оваа импресивна бројка вклучува 40.000 „слепи“ резервации направени од купувачите уште од 12 јуни – без притоа да ја знаат конечната цена – како и дополнителни 25.000 нарачки пристигнати веднаш по објавувањето. Аналитичарите истакнуваат дека овие бројки имаат можна маргина на грешка од десет до петнаесет проценти, но и покрај тоа, обемот на интерес е неспорен. Се чини дека BYD пронашол формула што ги спојува врвната технологија, перформансите и материјалите со цена која до неодамна беше резервирана за автомобили со многу поскромна опременост.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски на средба со постојаната координаторка на ОН Рита КолумбијаЗаедничка посветеност за поефикасна превенција и заштита од родово базирано насилство.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија, на која се разговараше за унапредување на соработката во областа на превенцијата и справувањето со родово базираното насилство. Во фокусот на разговорите беше потребата од силна меѓуинституционална координација и континуирано унапредување на механизмите за превенција, заштита на жртвите и ефикасно институционално постапување во случаите на родово базирано насилство. Претставниците на Обединетите нации ја поздравија посветеноста на Министерството за внатрешни работи и активностите што се преземаат во насока на зајакнување на системот за превенција и заштита на жртвите, како и напорите за поефикасно справување со овој сериозен општествен предизвик. На средбата беа разгледани и можностите за понатамошна поддршка од агенциите на Обединетите нации, преку развој на заеднички програми, реализација на обуки и дополнително јакнење на професионалните капацитети на полициските службеници. Посебен акцент беше ставен на значењето на едукацијата и подготовката на идните полициски службеници уште во рамките на Средното полициско училиште, со цел тие да стекнат современи знаења и практични вештини за препознавање, превенција и професионално постапување во случаи на родово базирано насилство. Министерството за внатрешни работи и Обединетите нации ја потврдија заедничката определба за продолжување и продлабочување на соработката, со цел изградба на поефикасен систем за заштита на жртвите и создавање побезбедно општество за сите граѓани.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваГеоргина се огласи откако Роналдо го напушти теренот во солзиПартнерката на еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Георгина Родригез се огласи откако Кристијано Роналдо го напушти теренот во солзи: Испрати емотивна порака.Кристијано Роналдо ја пропушти шансата да ја освои титулата на Светското првенство, а по болниот пораз на Португалија од Шпанија, неговата свршеница Георгина Родригез јавно му ја понуди својата поддршка. Португалија во понеделникот ја заврши својата кампања со пораз од 1–0 против Шпанија, откако Микел Мерино постигна гол во судиското надополнување на натпреварот одигран во Далас. Поразот особено тешко му падна на капитенот на Португалија, 41-годишниот Роналдо, кој го напушти теренот во солзи. Кратко по натпреварот, Георгина се огласи на социјалните мрежи за да испрати емотивна порака за поддршка на португалската фудбалска ѕвезда. На својот Инстаграм, таа сподели објава од Најк, еден од долгогодишните спонзори на Роналдо. На фотографијата е прикажан профилот на Роналдо заедно со пораките „Легендата живее“ и „Приказната продолжува“, придружени со иконското лого на Најк. Георгина, која има над 74 милиони следбеници на Инстаграм, додаде емотикон во форма на црвено срце на објавата. Роналдо беше видливо емотивен по елиминацијата, а камерите ги забележаа моментите кога не можеше да ги задржи солзите. Фотографиите и видеата набрзо ги преплавија социјалните мрежи, предизвикувајќи бројни реакции од навивачите ширум светот. Многумина ги гледаат солзите на Роналдо како симбол на потенцијалниот крај на една од најголемите меѓународни кариери во историјата на фудбалот. Португалскиот капитен има рекордни 233 настапи за националниот тим и постигна импресивни 146 гола. Иако сè уште не донел одлука во врска со неговата иднина со националниот тим, се зголемуваат шпекулациите дека ова би можел да биде неговиот последен голем турнир во дресот на Португалија. o Cristiano Ronaldo chorando pela eliminação de Portugal contra Espanha. acho que nunca vi esse homem chorar na vida #PORxESP pic.twitter.com/qaXIlDX93n — ☙ (@layzhis) July 6, 2026 Сепак, поддршката од неговите најблиски е непоколеблива, а пораката на Џорџина им послужи како потсетник на многумина дека - како што е наведено во објавата што ја сподели - „приказната продолжува“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07