Годинава е празно селото на Дедо Мраз , а желбите на децата се различни - Канал 5

Годинава е празно селото на Дедо Мраз , а желбите на децата се различни

На далечниот снежен север на Финска, посетителите обично се собираат во забавниот парк на Дедо Мраз, во потрага по возење во санки со ирваси, замоци на снег и средба со Дедо Мраз кој ги исполнува желбите, но оваа година сè е поинаку.

Годинава е празно селото на Дедо Мраз , а желбите на децата се различни

Поради ограничувањата на патувањето поради пандемијата, нема гужви во градот Лапиш Рованиеми, а веселата Божиќна земја на чудата делува како напуштен град на духови.

„Беше поинаква и тешка година“, изјави Дедо Мраз за Франс прес седејќи зад екран од плексиглас вграден во неговата пештера. Тој додаде дека неговите посетители ценат дека можат да ја заборават тешката година и да уживаат во радоста на Божиќ.

Оние што не можат да дојдат во Лапланд, сепак можат да нарачат разговор со Дедо Мраз на далечина, по цена од 79 евра за пет минути, а оваа услуга стана популарна.

„Луѓето најмногу ме молеа оваа година за среќа, здравје и малку повеќе среќа“, иако децата сè уште сакаат играчки и игри, вели тој.

Од 80-тите години на минатиот век, градот Рованиеми, сместен на десетина километри јужно од Арктичкиот круг, е промовиран како „вистинскиот“ дом на Дедо Мраз. Благодарение на тоа, финскиот Лапланд минатата година привлече рекордни 2,9 милиони туристи, претежно од Европа и Азија.

Оваа година, сепак, посетите се намалија на половина милион, повеќето од почетокот на 2020 година пред да се разгори пандемијата.

Во нивната пештера, Дедо Мраз и неговиот елф Ванила прочитаа некои од илјадниците божиќни писма што децата му ги испратиле, и покрај пандемијата.

Зарем затворените граници нема да создадат тешкотии при доставувањето на сите овие подароци?

„Имам одлични вести за вас.“, се смее Дедо Мраз, „и годинава ќе дојде Божиќ“.

„Затоа, не заборавајте да бидете добри и уживајте безбедно.”

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!

Вчеравечер беше одбележана 130 годишнината од постоењето на црквата Свети Великомаченик Димитриј во Скопје. 

Ѓорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!

„Вечерва одбележуваме 130 години од изградбата на некогашниот Соборен храм.

Дом на верата во кој скопјани наоѓале утеха во тешките мигови, благодареле за радоста и се молеле за здравјето и мирот на своите најблиски.

Свето место што ја чува православната традиција и сведочи за духовната истрајност на нашиот народ.

Признанието кое вечерва го примив, како благодарност за помошта во реконструкцијата на придружните објекти на храмот, има посебно место во моето срце.

Ќе стои на почесно место на мојата полица, како едно од најдрагите признанија и како потсетник на обврската да го чуваме она што ни го оставиле нашите предци.

За мене, да се помогне е чест, но и одговорност пред генерациите што допрва ќе го пречекорат прагот на овој храм.

Им благодарам од срце на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на отец Жарко и на свештенството на Македонската православна црква, за укажаната чест и за нивната посветеност во зачувувањето на верата, духовноста и заедништвото меѓу нашиот народ.

Нека уште многу векови овој храм биде полн со верници, со детски гласови и со искрени молитви.

Нека неговите камбани повикуваат на мир, љубов и добрина, а секој што ќе влезе во него нека пронајде утеха, надеж и сила.

Нека ни е вековит храмот „Свети великомаченик Димитриј“!

За многу години!“, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

СДСМ целосно ги поддржува барањата на професионалните војници за еднакви права и достоинствени услови за работа и пензионирање. 

СДСМ:  Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Дискриминацијата со која што денес се соочуваат припадниците на Армијата е недозволива.

Неправедно е поранешните припадници на Армијата кои заминале во пензија пред 14 февруари 2024 година да имаат значително помали отпремнини од оние кои се пензионирале по овој датум.

По кој основ луѓето кои со години и служеле на државата и ја извршувале истата должност да бидат различно вреднувани? Сите војници заслужуваат еднакви права и правичен третман од државата.

Луѓето кои ја чуваат безбедноста на државата заслужуваат сигурност и достоинствени плати.

Го поддржуваме барањето на професионалните војници за трансформирање на работниот однос на неопределено време после петта година како што предвидува Законот за работни односи и за зголемување на платите.

Откако е Мицкоски на власт, две години нема зголемување на платите во Армијата.

Во мандатот на владата на СДСМ значително се подобрија условите за сите припадници на Армијата, како и за вработените во одбраната.

Платите на воениот персонал - офицерите, подофицерите и професионалните војници, но и на цивилните лица на служба во Армијата, етапно беа зголемени за 15 проценти.

СДСМ го обезбеди членството во НАТО во 2020 година. Треба условите да се подобруваат постојано а не да се влошуваат.

Со ВМРО парите завршуваат во криминални тендери. Владата на Мицкоски нема пари за поголеми плати во Армијата – нема за работниците, нема за земјоделците, едноставно нема пари за граѓаните. Државната каса ја киднапираа за свои бизнис интереси.

СДСМ ќе поднесе законско решение во Собранието согласно барањата на професионалните војници - за обезбедување сигурност и достоинство на сите војници.

Армијата е чувар на безбедноста на државата, како членка на НАТО мора да имаме силна одбрана, задоволни и мотивирани војници, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер