ЖивотГо преживеала шпанскиот грип, војните, короната: Господ ме заборавилПред шест месеци, Италија беше жариште на пандемијата и една од најпогодените земји во светот, но денес ситуацијата, и покрај бројот на заразени, е под контрола.Причината се строгите мерки на кои се придржуваат Италијанците. Во својата 108 година од животот, Фатима Негрини ги преживеала шпанскиот грип, Првата и Втората светска војна, а сега и коронавирусот. Но, во првиот бран на короната, таа изгубила многу пријатели од старечкиот дом во Милано. "Поминав толку многу во мојот живот и сè уште сум тука. Изгледа дека Исус ме заборавил", изјави Негрини за Дојче веле. Велат дека таа е вистинско чудо. Сега ги охрабрува другите бидејќи пандемијата во март особено ги погоди домовите за стари лица. Од инфекцијата починаа 33.000 лица,а скоро половина од нив на северот на земјата. Болниците беа преполни со недели. Ванда Гати, волонтерка на Црвениот крст, се сеќава на тоа. "Беше чудно искуство. Под нормални услови, можевме да однесеме роднина или старател на пациент во болница, но овој пат тоа не беше можно", вели Гати. "Беше како цунами. Нашиот став кон животот се смени многу од тогаш", додаде таа. За многумина помошта пристигнала предоцна. 128 жртви чии роднини не можеле да организираат погреб биле погребани на гробиштата во Милано. Градот размислува да подигне посебен споменик за тие жртви. Сè уште е задолжително да се носат маски, зашто Италијанците сакаат да избегнат нов карантин. Новите строги правила се причината зошто Италија сè уште не е во вториот бран на пандемијата. Високата стапка на смртност во март и април не смее да се повтори. Граѓаните наскоро ќе мора да носат маски и на отворено, најави министерот за здравство Роберто Сперанца. „Владата планира да ја прошири обврската за носење маски и за надвор“, рече Сперанца оваа недела во долниот дом на италијанскиот парламент. „Маските се клучна алатка во борбата против ширењето на ковид-19, особено кога ќе сретнете луѓе кои не се ваши цимери“, нагласи тој. Марија Рита Гизмондо, директорка на лабораторијата за ковид во болницата Сако во Милано, смета дека клучот за успехот е соработката на европско ниво. "Потребна е европска стратегија за да се победи. Мислам дека треба да пристапиме на ова на европско ниво со истите терапевтски пристапи, карантинските правила и размената на искуства", заклучува Гизмондо.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската тркаФранцуската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува. Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите. Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто. Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто. Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови. Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.Тагови: ле пен Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Супа од тикваВо понеделник (02.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Ленче Кукиќ.Состојки за денешниот рецепт: 1 помека тиква 2 главици кромид 2 моркови 4 чешниња лук 1 парче сирење 400 гр. шманд или кисела павлака 100 гр. печени семки 100 мл. маслиново масло 2 големи лажици сув зачин 2 големи лажици куркума Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветИрачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку ИракИрачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп.Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп, кој предвидува влез на американските сили во јужен Иран преку Ирак. Ова го пренесува весникот „Ал-Мада“, повикувајќи се на анонимни извори блиски до владата. Според овие наводи, планот содржи три сценарија. Едното предвидува копнен упад на САД во Иран, додека другото вклучува можност Иран да изврши притисок врз Багдад за да дозволи влез на иранските сили во Кувајт преку ирачкиот град Басра. Третото сценарио не е опишано. Оваа информација не е независно потврдена, а ниту Белата куќа, ниту кабинетот на ирачкиот премиер не ја коментираа. Според истиот извор, Ал-Заиди предупредил дека вооружените фракции ќе бидат уапсени доколку се вклучат во војната на страната на Иран. Наводно, Вашингтон бара од Багдад да преземе конкретни мерки во однос на групите блиски до Техеран, стравувајќи дека Ирак би можел да стане појдовна точка за напади или одмазда.Тагови: Ирак Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter