3Судот му нанесе уште еден удар на Трамп- блокирана е изградбата на неговата Триумфална капија во Вашингтон
КултураГо поткопуваат Аквадуктот за да најдат златоАрхеолошкиот локалитет кај Скопје оставен сам на себе, попушта пред човековата алчност и негрижа. Ловци на богатство го уриваат за да најдат злато во него. Како што пишува денешниот Утрински весник, една од најголемите туристички атракции на Скопје - Аквадуктот кај Визбегово е сериозно болен. Подгризнат од страните, изеден од забот на времето, сега прима удари во срцето. Ловци на богатство го уриваат за да најдат злато во него. Уште не нашле, ама им кажале дека има. Археолошкиот локалитет стар со векови нема кој да го одбрани. Војската, чиј имот е разграничен со една жичена ограда, стои настрана, а полицијата едвај доаѓа и во вечерните часови кога далеку зад светлата на градот се собираат зависници од дрога. Жителите на десетината куќи во Качанички пат немоќно гледаат што се случува во нивното соседство. И бараат помош, апелираат државата да преземе нешто. Што било. Прекрасниот споменик од Римската империја, преку кој била спроведувана вода во градот Скупи, денеска личи на запуштен објект од времето на комунизмот. До него се стигнува преку обиколницата кај селото Визбегово, но за да дојдете таму, мора да има некој што го познава патот, оти патоказ или каков било знак нема да најдете. Табла со основните карактеристики на Аквадуктот можете да сонувате. По правливиот пат долг стотина метри, можеби малку потоа, ќе го видите „мостот“ меѓу купишта сено. Ако сега на пеколните температури отидете таму, првото на што ќе помислите и ќе се исплашите се змии. Висока трева, сено, напуштеност... На црвената градба долга неколку десетици метри, не можете да се искачите. Грмушки обраснале на краиштата, а преку средината секако не можете да се искачите, високо е неколку метри. Впрочем, ако сте таму, нема да ви падне на ум да се качувате по Аквадуктот. Столбовите се изедени. Нешто поради запуштеноста, а многу повеќе поради човековата алчност и непромисленост. Недостигаат цели камени блокови. Или, пак, украден е само еден и зјае празниот простор. „Било се', сме виделе се', ама вакво нешто никогаш немало. Речиси секој ден доаѓаат тука луѓе и копаат по Аквадуктот. Среде бел ден, не се плашат од ништо. Еднаш ги прашавме што прават и зошто копаат по градбата - ни рекоа оти таму било закопано злато. Какво злато бе, деца? Немаа повеќе од 18 години, а некој им ја наполнил главата со глупости. И што ќе им правиш“, се жалат граѓаните од блиските куќи. Околу Аквадуктот има ограда. Веднаш до високата трева. Жичена е, илустрира дека зад неа е имот на војската. Се наѕира хангар со армиски возила, ама од војници нема абер. Тишина. „Порано, кога имаше војници, сакам да кажам кога се одеше во војска, тука не се доближуваше. Кај смееше некој да помисли да краде или да копа. Сега и армијата како да дигна раце“, раскажуваат соседите. Дека има живот под мостот, сведочат и празните шишиња, амбалажи од храна, дури и чевли, парчиња облека... Ѓубришта. „Преку ден ги имаме копачите по злато, а навечер наркоманите и пијаниците. Се собираат таму, никој не ги гледа, се дрогираат, пијат, неретко и проблеми ни прават по куќи. Викаме полиција, која некогаш доаѓа бргу, ќе ги приведе, а некогаш, пак, изгледа ги мрзи и само ќе ни речат: „Не закачајте ги, па и тие нема да ве закачаат“, ни зборува средовечна госпоѓа во една од најблиските куќи. Жителите на Качанички Пат не можат да се изначудат зошто ние што живееме тука имаме различен однос кон толку вреден споменик на минатото во однос на странските туристи, кои секојдневно доаѓаат да го посетат Аквадуктот. И тие самите се срамат пред гостите. Можеби и се единствените што чувствуваат срам од тоа што се случува на десетина минути возење од центарот на градот. Кога е изграден прекрасниот објект Скопскиот Аквадукт претставува археолошки локалитет кој се наоѓа кај Визбегово, во непосредна близина на градот Скопје. Датумот на неговата изградба до скоро не бил познат. Се сметало дека тој датира од времето на Римската империја или Византија, во времето на Јустинијан Први, од 527 до 554 година, па поради тоа овој Аквадукт се нарекува и Јустинијанов аквадукт. Според овие мислења, тој бил поврзан со градот Скупи. Се смета дека преку Аквадуктот била спроведувана вода од изворот Лавовец во селото Глуво на Скопска Црна Гора, до „топџиската касарна“, Мустафа-пашината џамија, до некогашниот турски уќумат, Куршумли-ан и Сија-беговата џамија. Водата преку Аквадуктот се пренесувала со цевки, кои оделе од запад кон исток. Во 1669 година патописецот д-р Браун запишал дека „Аквадуктот е прекрасен стар објект, кој на ова место му носи голема почит“. Многу историчари го цитирале Прокопиј (познатиот хроничар на владеењето на Јустинијан). Според Прокопиј водоводот бил подигнат во периодот од 527 до 565 година. Се верува и дека поради сличноста со техниката на градење на Аквадуктот со Куршумли-ан во Скопје, тој не потекнува од византискиот период, туку бил граден во текот на 15 век, кога градот Скопје почнал интензивно да се зголемува заедно со новите исламски градби: амами и џамии, за чија градба и функционирање биле потребни големи количества чиста вода. Аквадуктот за последен пат бил обновен по скопскиот земјотрес во 1963 година, кога биле поправени три свода и два столба, кои паднале од јачината на земјотресот. Во текот на својата историја, голем број на патници, историчари и писари, кои пишувале за Аквадуктот, сепак, не се согласувале околу бројот на неговите лаци: според некои тврдења нивниот број бил 200, па 60, а бројот од 55 лака е забележан и во Енциклопедијата на ликовните уметности објавена во Загреб во 1960 година. Според податоци од 1514 година, година кога се смета дека бил изграден Аквадуктот, тој содржел 55 свода, кои се потпираат на масивни столбови со квадратна основа, 42 отвори за олеснување на ѕидната маса, а вкупната негова должина изнесувала 386 метри.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕвропаЗеленски се закани: Одговорот на Украина ќе создаде мотивација за мировните преговори Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека, како одговор на руските напади врз енергетските објекти, Украина ги продолжува операциите против руската нафтена индустрија .Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека, како одговор на руските напади врз енергетските објекти, Украина ги продолжува операциите против руската нафтена индустрија и дека понатамошните одговори, односно целите за напади со долг дострел, веќе се утврдени. „Благодарен сум на секоја единица за нивната прецизност и на сите наши одбранбени и безбедносни сили на Украина за систематската природа на украинските напади со долг дострел. Операцијата против руската индустрија за рафинирање на нафта продолжува, како одговор на руските напади врз украинските енергетски објекти“, рече Зеленски во објава на Телеграм, пренесува Укринформ. Зеленски додаде дека електраните, енергетските мрежи, снабдувањето со топлина, снабдувањето со вода и цивилната логистика на територијата на Украина се под постојани напади од руски беспилотни летала и ракети „Шахид“, и дека Русија не ја менува природата на своите агресивни активности и дека ги напуштила чекорите за деескалација за кои зборуваа партнерите и дека планира понатамошни напади. Тој рече дека искуството од хуманитарната операција во градот Олешки, кој е под руска контрола, во југоисточна Украина, каде што кон крајот на октомври беше воспоставено локално примирје за неколку дена за хуманитарни активности, покажува дека ако рускиот претседател Владимир Путин одлучи да ја запре војната, може да дојде до смирување. „Украина не треба да биде убедена дека е потребен мир што е можно поскоро. Ние го сакаме тоа. Русија треба да одлучи дека времето за војна е завршено. Нашите напади со долг дострел, нашите напади со среден дострел, како и целиот притисок од партнерите врз Русија поради оваа војна, тоа е она што создава мотивација за вистински преговори“, нагласи Зеленски.Тагови: Володимир Зеленски украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
СветИран објави снимка на воените тунели (ВИДЕО)Државните медиуми на Иран објавија снимки за кои тврдат дека ги прикажуваат подземните тунели на морнарицата на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на југот од земјата. Камиони со лансери и ракетни тенкови може да се видат во ходниците. Ирански извори наведуваат дека во комплексот се складирани противбродски ракети и моторни чамци. Снимката, исто така, го прикажува Абдолах Хаџи-Садеги, претставникот на иранскиот врховен лидер во ИРГЦ, како го обиколува комплексот со воени претставници. Лансирање ракета беше прикажано во посебни кадри, но не е потврдено дека овие сцени се снимени за време на обиколката. Точната локација на тунелот и датумот на снимањето не се независно потврдени. Iran’s IRGC released footage of Iran's Supreme Leader’s representative to the IRGC inspecting naval missile tunnels in southern Iran, housing anti-ship missiles and fast attack boats. https://t.co/R2v2YMOory — Clash Report (@clashreport) November 3, 2026 Видеото објавено по американските напади Видеото е објавено еден ден откако САД извршија ограничени напади на иранскиот остров Кешм во Ормутскиот теснец. Американски функционер ги опиша како одбранбени напади и рече дека тие не значат враќање на големи борбени операции против Иран. Не е потврдено дека објавувањето на снимките е поврзано со нападите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
СветСудот му нанесе уште еден удар на Трамп- блокирана е изградбата на неговата Триумфална капија во Вашингтон Федералната судијка на САД, Тања Чуткан, издаде привремена забрана за изградба на Триумфалната капија на претседателот Доналд Трамп во областа на Вашингтон.Федералната судијка на САД, Тања Чуткан, издаде привремена забрана за изградба на Триумфалната капија на претседателот Доналд Трамп во областа на Вашингтон, кратко откако комисија за планирање предводена од членови на Комисијата за планирање на Трамп ја одобри нејзината изградба. Привремената забрана ѝ забранува на администрацијата да „започне, изврши или на друг начин да изврши каква било изградба, ископ или други чекори“ во проектот Триумфална капија во период од 14 дена, објави NBC News. Наредбата на судијата дојде еден час откако Националната комисија за планирање на капиталот го одобри огромниот и контроверзен проект за лакови, кој ќе биде сместен во Меморијалниот круг помеѓу Споменикот на Линколн и Националните гробишта Арлингтон. Дистриктот Колумбија и американската држава Вирџинија поднесоа тужба со која бараат привремена забрана за Триумфалната капија. Демократскиот конгресмен Дон Бејер од Вирџинија ја поздрави пресудата и го обвини Трамп дека се обидува да ги заобиколи законските пречки. „Оваа борба не е завршена. Иако оваа одлука го спречува Доналд Трамп веднаш да ги спроведе своите планови за создавање споменик на неговото его, судовите и Конгресот мора да воспостават трајни заштитни мерки за да ја спречат администрацијата на Трамп да го прекрши законот и да продолжи со овој проект“, се вели во соопштението на Баер. Trump Launches Triumphal Arch Website Right As Judge Blocks Construction The president's latest vanity project is already on the ropes https://t.co/r52s2AmK5H — Rolling Stone (@RollingStone) November 6, 2026 Администрацијата на Трамп ја пофали одлуката на комисијата да ја одобри Триумфалната капија и ја критикуваше пресудата со која беше блокирана. „Белата куќа ја поздравува одлуката на Националната комисија за планирање на капиталот целосно да ја одобри историската визија на претседателот Трамп за многу потребната Триумфална капија во Вашингтон. Активистичкиот Окружен суд потоа го блокираше проектот“, изјави портпаролот на Белата куќа, Дејвис Ингл, во соопштението на платформата X. Тој рече дека администрацијата е уверена дека барањата за Триумфалната капија ќе бидат „целосно оправдани додека продолжува овој судски спор“.Тагови: Доналд Трамп Триумфална капија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28