Го оставила поради злоставување , а тој ја поли со безнин и ја запалил заедно со трите деца - Канал 5

Го оставила поради злоставување , а тој ја поли со безнин и ја запалил заедно со трите деца

Пред неколку дена, ужасна трагедија ја потресе Австралија. Поранешниот рагбист Роуан Бакстер го запалил автомобилот во кој биле сопругата со трите мали деца.

Го оставила поради злоставување , а тој ја поли со безнин и ја запалил заедно со трите деца

Децата живи изгореа , откако таткото ги поли со бензин и ги запали , а сопругата Хана Кларк подоцна починала во болница со тешки изгореници. Бакстер се самоубил покрај автомобилот.

Австралиските медиуми сега откриваат дека зад грозоморниот чин стоел долгогодишна злоупотреба на сопругата која одлучила да му каже доста на насилникот во декември, но тој не сакал да го прифати разводот.

Според локалните медиуми, полицијата повеќе пати интервенирала по обвиненија за семејно насилство.

Според Мања Вајли, пријателка на убиената Хана Кларк, во интервју за 9news, Хана со години не била свесна дека злоупотребата не е само тепање.

"Порано ми кажуваше дека не ја удирал, но сè што правеше е злоупотреба. Со години работам во секторот, им помагам на злоупотребените жени. Сакав и да и помогнам. И објаснив што е целата злоупотребата ...

Нејзиниот сопруг постојано ја обвинуваше дека го изневерува, ги проверуваше нејзините профили на социјалните мрежи, ја навредуваше, на многу грд начин. Тој порано и велел: Погледни си го стомакот, одвратен е. “, рече Вили.

Таа откри дека Бакстер се заканил дека ќе го убие своето најстаро дете, кое Хана го имала од претходната врска. Се заканил и дека ќе ги повреди нивните деца ако одбие да има секс со него. Тој не и дозволувал да носи шорцеви во салата каде што била тренер, за да не биде привлечна за другите мажи.

"Таа беше емотивно, сексуално, финансиски злоупотребувана. Но, таа не беше свесна за злоупотребата. Тој сексуално ја злоставуваше секој ден. Ако таа одбиеше секс, тој не само што ќе ја казнеше неа, туку и децата. Секогаш ми велеше дека тој никогаш не ја удрил. Но, преку нашите разговори, таа на крајот сфати дека она што тој и го прави е злоупотреба. Таа одлучи да го напушти “, раскажува Вејли.

На 5 декември, Хана Кларк го напушти Роуан Бакстер.

Неколку месеци подоцна тој ја уби неа, децата и самиот себе.

"Јас сум силна жена. Нема само да седнам и плачам над себе, ниту пак ќе дозволам некој повторно да ме малтретира. Јас нема да разговарам со луѓето кои диктираат што да прават со мене. Јас не сум жртва, ќе преживеам. Го контролирам животот и нема ништо што не можам да сторам “, напиша Хана непосредно пред смртта на својот профил на Инстаграм ..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ева Лонгорија укажува на проблем со кој се соочуваат милиони жени

По повод Денот на еднакви плати за жените од латиноамериканско потекло, кој се одбележува на 8 октомври, актерката и режисерка Ева Лонгорија преку социјалните мрежи го сврте вниманието кон јазот во платите во САД.

Ева Лонгорија укажува на проблем со кој се соочуваат милиони жени

Во својата објава, таа истакна дека жените од латиноамериканско потекло во просек заработуваат само 53 центи за секој долар што го заработуваат белите мажи кои не се од латиноамериканско потекло.

Жените имигранти се соочуваат со уште полоша ситуација

Лонгорија објасни дека оваа бројка се однесува на сите вработени жени од латиноамериканско потекло, вклучително и на оние што работат сезонски или со скратено работно време. Покрај објавата, таа сподели и своја фотографија на која носи бела маица со слоган за зајакнување на жените, како и неколку инфографици што го илустрираат јазот во заработката.

Според еден од инфографиците, жените имигранти се во уште понеповолна положба, бидејќи заработуваат само 43 центи за секој долар што го заработуваат мажите земени за статистичка споредба. Лонгорија исто така објави фотографија од група жени кои протестираат за своите права и држат транспаренти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ријана откри дека во „сефот“ чува купишта нова музика, дури 170 необјавени песни

Се чини дека Ријана цело време чувала голем дел од својата музика за себе.

Ријана откри дека во „сефот“ чува купишта нова музика, дури 170 необјавени песни

38-годишната пејачка откри за време на преносот во живо на TikTok за нејзиниот бренд Fenty Beauty на 7 октомври дека има околу 170 необјавени песни, објави Пипл. Ова им даде на обожавателите увид во тоа колку музика собрала за време на нејзината долга пауза од објавување на целосен албум.

Зборувајќи за нејзината необјавена работа, Ријана рече:

„Ако има 10 производи во сеф, тогаш имам најмалку 17 сефови.“

Откритието доаѓа додека обожавателите продолжуваат со нетрпение да го очекуваат нејзиниот деветти студиски албум, кој треба да го наследи ANTI од 2016 година. Долгата пауза на Ријана од сцената е една од најгледаните и најочекуваните во историјата на поп музиката. Нејзиниот последен студиски албум донесе хитови како Work, Needed Me и Love on the Brain.

Сепак, пејачката јасно стави до знаење дека не ја оставила целосно музиката зад себе. Во август, нејзиниот партнер, раперот A$AP Rocky (38), потврди за време на гостувањето во „Шоуто на Џејсон Ли“ дека Ријана се вратила во студиото и работи на нов материјал. Кога го прашале дали е виновен за нејзината долга пауза, раперот одговорил:

„Никако. Таа е во студиото во моментов. Да, го кажав тоа. Извини, бејби.“

Потоа додаде:

„Човече, таа работи. Готви нешто, не се шегувам. Човече, ова ќе ме доведе во неволја.“

Ријана претходно зборуваше за плановите за нејзиниот деветти албум. Минатата година, таа за Harper’s Bazaar изјави дека конечно го „открила кодот“ за музичката насока на целиот проект. Таа рече:

„Ова време поминато подалеку од музиката мора да има влијание врз она што сите ќе го слушнат следно. Мора да вреди. Мора да биде важно. Морам да им покажам дека вредеше да се чека. Не можам само да издадам нешто просечно.“

Таа, исто така, наговести дека звукот на албумот нема да биде она што публиката го очекува:

„Нема да биде ништо што некој го очекува. И нема да биде комерцијален или радио-пријателски. Ќе биде токму таму каде што мојата уметност заслужува да биде токму сега.“

Во годините по ANTI, Ријана беше посветена на градење на својата модна и козметичка империја преку нејзините брендови Fenty Beauty и Savage X Fenty. Таа триумфално се врати на сцената во 2023 година со настап на полувремето на Super Bowl LVII, каде што изведе голем број од своите најголеми хитови, а исто така откри дека е бремена со своето второ дете.

Ријана и Асап Роки го добија својот прв син, RZA, во 2022 година, по што следеше нивниот син Рајот во 2023 година, а нивната ќерка Роки се роди во 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Безос: „Можеме да стигнеме до Месечината за три дена“

Во Вашингтон се кројат големи планови – САД имаат намера не само да се вратат на Месечината, туку овој пат и да останат таму.

Безос: „Можеме да стигнеме до Месечината за три дена“

Сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос, кој е и основач на компанијата за вселенски летови „Блу Ориџин“, неодамна зборуваше за американските медиуми за патувањата до Месечината.

„Овој пат одиме на Месечината за да останеме“, изјави Безос, додавајќи дека тоа нема да биде „само уште една мисија од која се враќате дома“.

„Ќе изградиме вистинска, одржлива база од која ќе можеме да ја истражуваме Месечината и да откриваме интересни работи“, додаде Безос.

Тој истакна дека мисијата на Месечината во 1969 година барала инвестиција од околу 3% од БДП на САД и наведе дека „луѓето ќе можат да летаат до Месечината уште во 2028 година“.

„Мораме да ја победиме Кина во ова и верувам дека ќе успееме“, рече Безос.

Тој исто така го изрази своето уверување дека Месечината – до која, како што напоменува, може да се стигне за три дена – ќе послужи како клучна логистичка станица за идните човечки мисии до Марс.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер