Гнабри повторно се повреди

 Откако во септември паузираше поради скршеница на раката, фудбалерот на минхенски Баерн, Серж Гнабри повторно се повреди и ќе биде извесен период надвор од теренот.

Гнабри во вечерашниот пораз на Баерн во Франкфурт од Ајнтрахт (1-5) влезе во игра од клупата за резервни играчи, но мораше да го напушти теренот по само пет минути поради повреда на тетивата на бутниот мускул.

Баерн на прецизираше кога Гнабри ќе се врати на теренот, но според германските медиуми би можел да ги пропушти следните три натпревари до крајот на годината, две во Бундеслигата и дуелот против Манчестер јунајтед на Олд Трафорд во Лигата на шампиони.

Вчерашниот дуел за Гнабри беше само петтиот откако се врати на теренот по повредата на раката во септември на Куп дуелот против Мунстер.

Земјоделци го навредуваа и исвиркаа Макрон на Саем за земјоделство

Земјоделците денеска го исвиркаа и навредуваа францускиот претседател Емануел Макрон на Саемот за земјоделство во Париз, незадоволни од неговата политика и барајќи мерки за подобрување на состојбата во земјоделството.

Макрон го отвори Саемот со четири и пол часа задоцнување поради судирите меѓу полицијата и земјоделците кои упаднаа на Саемот.

Иако се чинело дека ситуацијата се смирила, кога Макрон ја пресекол лентата, земјоделците извикувале „Оставка!“, „Губи се!“, „Ѓубре!“, пренесе Бета.

Сепак, францускиот претседателот разговараше еден час со земјоделците од три синдикални организации чии членови учествуваа во судирот со полицијата и рече дека „преферира дијалог наместо конфликт“. /МИА

На протест за клима во Амстердам уапсени 17 активисти

Холандската полиција денеска уапси 17 учесници на климатски протест на активистичка група „Бунт против истребување“, откако со своите возила го блокираа автопатот А10 во Амстердам.

Полицијата соопшти дека предизвикале „опасност по животот на другите учесници во сообраќајот и на самите нив“.

Автомобилите што ги користеа активистите за да го блокираат сообраќајот се конфискувани, а на А10 после тоа останале меѓу 400 и 500 демонстранти.

Градскиот совет на Амстердам претходно упати „итен апел“ до климатските активисти да не протестираат на автопатот А10.

Првата блокада на овој автопат се случи на крајот на декември и траеше пет часа, по што беа уапсени над 400 активисти, а шестмина од нив беа казнети со 200 евра.

Конте е на потесниот список на Баерн, но не и приоритет, Антонио би сакал да работи во Серија А

Актуелниот германски фудбалски шампион Баерн Минхен го прифаќа назначувањето на Антонио Конте на крајот од сезоната.

Според инсајдерот Матео Морето, италијанскиот тренер е на потесниот список на минхенскиот клуб, но не е меѓу приоритетните опции. Актуелниот германски шампион е насочен кон потписот на Чаби Алонсо од Баер Леверкузен.

Самиот Конте би сакал да ја продолжи кариерата во Италија и чека можност да води тим од Серија А, но сепак не исклучува преселба во Баерн.

Педесет и четиригодишникот е без ангажман откако го напушти Тотенхем во март 2023 година. /МИА

притисни ентер