Глобален клуб на жени лидерки Г100: Жените припаѓаат на секоја маса каде што се носат одлуки

„Сестринството е тоа кое генерира позитивна енергија и тука лежи нашата моќ“.

Жените припаѓаат на секоја маса каде што се носат одлуки. Сестринството е тоа кое генерира позитивна енергија и тука лежи нашата моќ, порача основачката на Глобалниот клуб на жени лидерки Г100 Харбин Арора на настан организиран од нивниот огранок во Скопје.

-Тоа е семето, тоа е изворот и тоа е лепилото на љубовта што ја става сета љубов во срцата на жените заедно во една концентрирана форма. Затоа што тука лежи нашата моќ. Г100 има визија, има мисија сето тоа е таму. Но, пред сè, тоа е место на кое треба да се припаѓа. Тоа е место каде што ние, жените, од целиот свет, соочувајќи се со истите борби, сонувајќи ги истите аспирации да се исполниме, бараме поддршка, сила. Секако дека имаме сила, ние сме жени, вели Арора која заедно со нејзиниот тим, престојува во земјава во рамки на проектот за посета на жените лидерки во регионот.

Во Индија, се вели, затоа што Бог не можел да биде секаде затоа ги создал жените, нема недостиг на сила во нас. Но, тогаш, нагласува Арора, дури и за најсилната личност, на сите ни е потребна таа рака за помош во областите што се оставени на страна, за кои не можевме да се грижиме.

-Значи, зошто воспитуваме деца, зошто треба да останеме зад економскиот мејнстрим, зошто всушност да бидеме казнети. Тоа не го правиме за себе, ние го правиме за нашите семејства, за нашите народи, за нашите заедници, всушност треба да бидеме почестени и почитувани поради тоа. Затоа што даваме живот на нешто друго освен на нас самите. Време е жените во светот да припаѓаат на просторот што ги почитува жените, кој ги обединува жените во светот како едно, а исто така ни кажува да ги надминеме сопствените бариери, да се гледаме една со друга со очи на сестринството. Жените припаѓаат на секоја маса каде што се носат одлуки. Треба да бараме почит, со почит, вели Арора

Ленка Угриновска, претседателка на Здружението на жени менаџери „Елит“ и дел од овој Глобален клуб, истакна дека нивното Здружение веќе има изградено силна мрежа посветена на родовата еднаквост.

– Нашата организација има мисија да го потикнува и промовира женското претприемништво и бизнис лидерство, работи на зголемување на бројот на жените на одлучувачки позиции, на тоа да ги направиме жените важен фактор во економијата, на креирање нови работни места и подобрување на квалитетот на животот. Живееме во мала земја, но полна со храбри жени. Уверена сум дека ги избрав најдобрите, ние сме 35 и сум многу горда на нив. Благодарение на нив, лидерството полека станува се повеќе родово еднакво, а се повеќе жени се на раководни позиции во институциите со своите компетенцции и одговорноси, вели Угриновска.

Како крило, додаде таа, не сме фокусирани само на проширување на мрежата туку и на развој на локални стратегии и активности за поддршка на целите на Глобалниот клуб на жени лидерки Г100. Имаме неколку иницијативи покренати од членките и се надевам, вели Угриновска, дека многу скоро ќе разговараат за резултатите од нив.

Даниела Димитриевска извршен директор на Македонското женско лоби истакна дека Северна Македонија е организирана земја со организирани институции кои се посветени на родовата еднаквост.

-Македонија од 2006 година има закон за еднакви можности на мажите и жените и тој отвори пат за многу промени во законодавството, а тоа беше и основа за формирање на посебна Парламентарна група од пратенички од сите политички партии. Од 2006 постои и посебен оддел во МТСП кој работи на областа на родова еднаквост и еднакви можности, а во секоја од општините во земјата формирани се времени комисии за родова еднаквост кои одлучуваат за родовата еднаквост на локално ниво. Постојат и многу други форми на невладини организации, а во Владата постои меѓусекторска група за советување на владата во делот на правото. Ова е повеќе или помалку структура која функционира, вели Димитриевска.

Имаме развиен систем и поредок, ги има сите институции, но, додава таа, можеби е потребен притисок за да побараме од нив да одговорат на нашите потреби.

-Реалноста е дека не гледаме многу помош од нив, дека не ги притискаме и дека не очекуваме многу помош од никого, бидејќи според нашата традиција веруваме дека можеме се сами, а со тоа ги пропуштаме нашите можности. Можеби овој и други форуми можат да ни обезбедат информации и размена на искуства како да работиме подобро, вели Димитриевска.

Во Глобалниот клуб Г100 членуваат најистакнатите светски жени лидерки кои го споделуваат своето знаење и искуство. Глобалниот клуб Г100 има 100 секторски крила и претставнички од сите земји и свои канцеларии во Брисел, Њујорк, Њу Делхи и Женева и брои околу 1.000.000 членки ширум светот.

Стратегијата на Глобалната мрежа Г100 е во корелација со целите за одржлив развој на Обединетите Нации, поконкретно родова еднаквост и еманципација на жените и девојчињата. Во овој контекст членките на глобалната мрежа Г100 со заеднички сили работат на изнаоѓање на применливи решенија кои ќе овозможат вистинска инклузија и економско и социјално зајакнување на жените и девојчињата ширум светот. /МИА

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер