3Мерлин од Мексико е нова сензација на Светското првенство- патката носи дрес и чорапи на репрезентацијата (ВИДЕО)
ТенисГледач исфрлен од УС Опен поради химната на ХитлерОбезбедувањето на УС Опен претпладнево отстрани од трибините еден гледач на барање на германскиот тенисер Александер Зверев, кој му се пожали на судијата дека лицето ја изговорило „најпознатата фраза на Адолф Хитлер“.Зверев сервираше при резултат 2-2 во четвртиот сет на дуелот против Италијанецот Јаник Синер, кога одеднаш се упати кон судијата и покажа со прст кон навивачот кој седеше во првите редови. „Само што ја изговори најпозната фраза на Хитлер во историјата. Тоа е неприфатливо“, рече Зверев. Судијата го замоли навивачот да се идентификува и ја повика публиката да ги респектира двајцата играчи. Набрзо потоа, гледачите кој седеа во близина на навивачот самите го идентификуваа и со асистенција на обезбедувањето лицето беше отстрането од трибините. „Почна да ја пее химната на Хитлер. Тоа е премногу“, изјави Зверев по натпреварот кој по долга борба и четири часа и 40 минути тенис на крајот го совлада Синер со 3-2 во сетови. „Сакам кога навивачите се гласни, сакам кога се емотивни. Но, јас сум Германец и не сум горд на тој дел од нашата историја. Седеше во првиот ред и многумина го слушнаа. Морав нешто да преземам, ќе беше лошо ако тоа не го сторев“, додаде Зверев, кој во четвртфиналето на грен – слем турнирот во Њујорк ќе игра против Шпанецот Карлос Алкараз./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКатерина Зајковска официјално стапува на должност во ДКСКНовоизбраната членка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Катерина Зајковска даде свечената изјава во Собранието со што и официјално стапува на должност во Антикорупциската комисија.Зајковска беше избрана во Собранието со 56 гласа „за“ и еден „против“. Нејзиниот избор следува по оставката на Цвета Ристовска, со што беше испразнето едно од местата во ДКСК. Оставката беше поднесена откако во постапка за проверка беше утврдено дека Ристовска не пријавила поврзаност на една од фирмите на нејзините синови со изборна кампања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски: Најголем број сообраќајни несреќи со тротинети се случуваат кај младата популацијаСе подготвуваат законски измени за регулирање на користењето електрични тротинети со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, најави минситерот за внатрешни Панче Тошковски.Потенцираше дека ќе се заострува казнената политика и на регулативата во делот на управување со електрични тротинети, преку измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерката за енергетика уверува дека нема да има раст на цената на електричната енергијаЌе има ли промени на сметките за струја откако ЕСМ од следната година повеќе нема целосно да ги покрива потребите на универзалниот снабдувач? Од следната година АД ЕСМ нема целосно да ги покрива потребите со електрична енегрија на универзалниот снабдувач..Согласно новиот Закон за енергетика, уделот на струја што ќе го испорачува ЕСМ ќе биде ограничен на 70%, наместо досегашните 100. Министерката за енергетика Сања Божиновска објасни дека ова е последен чекор од исполнување на реформската агенда во енергетскиот сектор, но и дека тоа не значи поскапување на струјата. Според неа, поради пониските берзански цени на електричната енергија и зголеменото производство од обновливи извори не очекува раст на цената на струјата. Министерството за енергетика ќе се заложи и за евентуално укинување на блок-тарифите, но сепак како што изјави Божиновска, конечната одлука е во надлежност на Регулаторната комисија за енергетика. „Ако ги гледаме цените како се нула во овој период и колку многу има повеќе електрична енергија и дека веќе Грција извезува, јас мислам дека може да се очекува намалување на овие цени, меѓутоа тоа е сепак берза што значи на берза може да има и скокови и падови, но некој тренд е дека сега имаме многу ниски цени и нули. Регулаторната комисија за енергетика е одговорна за блоковите, тие ги дефинираат, прават истражувања. Ако не повикаат ние секако ќе дадеме наше мислење, меѓутоа целта е една и единствена граѓаните да имаат пониски сметки. “ Божиновска истакна минатата година македонија била над европскиот просек односно околу 58% од инсталираните капацитети се од од обновливи извори. Таа очекува овој тренд да продолжи и во следниот период. На јавниот повик за изградба на енергетски објекти за 2027 година, до почетокот на месецов пристигнале над 800 иницијативи од приватни компании и институции Божиновска на брифингот со медиумите соопшти и дека до министерството пристигнало решението од Државниот завод за индустриска сопственост, со кое официјално се заштитува македонскиот рубин како наш, уникатен полускапоцен камен, со што добива статус на заштитено национално минерално наследство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook