Главниот воен доктор на САД : Следува тежок период , сличен на 9/11 и Перл Харбур

Шефот на американската воена здравствена служба изјави дека следната недела ќе биде „најтежок и најтажен“ за „животите на повеќе Американци“.

Тој го спореди претстојниот мрачен период на пандемијата на коронавирус во Соединетите држави со „Перл Харбор“ и „9/11“.

„Сакам Американците да разберат дека, колку што е тешко оваа наредна недела, има светло на крајот на тунелот“, рече вицеадмиралот Џером Адамс, пренесува Си-Ен-Ен.

Властите предупредуваат дека следните две недели ќе бидат клучни во борбата за спречување на ширењето на вирусот. Според утринските податоци, бројот на смртни случаи во САД поврзани со инфекција со Ковид-19 надминал 8.500, со повеќе од 312.000 се заразени.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави вчера дека оваа и следната недела најверојатно ќе биде најтешка во борбата против коронавирусот и дека „ќе има многу смртни случаи“.

"Следната недела и наредната веројатно ќе бидат најлоши. За жал, ќе има многу смртни случаи. Многу помалку отколку ако не сторевме ништо, но ќе има мртви", рече Трамп.

притисни ентер