Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо
1Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо
Шоу бизГламурозни тоалети на црвениот тепих во Венеција- Кејт Бланшет ги надмина сите (ФОТО)Вечерва започна 81. Филмски фестивал во Венеција.Многу познати дами од светот на филмот ги покажаа своите луксузни тоалети, а меѓу првите пристигна актерката Кејт Бланшет, која прошета на црвениот тепих на италијанскиот остров Лидо ди Венеција. Холивудската ѕвезда изгледаше неверојатно во метален фустан од Армани Приве додека се појави на многу очекуваната светска премиера на Битлси на Тим Бартон - каде што се приклучи на актерската екипа вклучувајќи ги Џена Ортега, Вајона Рајдер, Моника Белучи и Кетрин О'Хара. Бланшет носеше суптилен златен фустан со дискретен, но луксузен сјај. Фустанот е без ракави, но фантастично ја отсликува драматичната силуета на песочен часовник што го зрачи духот на стариот холивудски гламур. Со ѓердан од бели бисери и дијаманти веднаш под рамениците и преку нејзиното деколте - актерката изгледаше софистицирано, иако малку со необичен стилски избор со потенцијал да започне сосема нов тренд во светот на накитот. Сè на сè, не е ни чудо што таа стана главна тема на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција, иако не заостанаа и другите диви, како што можете да видите во галеријата подолу. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионоМакедонските аеродроми бележат рекорден раст на бројот на патници. Во првите шест месеци од годинава низ двата аеродроми поминале два милиони патници, што претставува раст од над 30 проценти во однос на истиот период лани, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. „Бројките излегоа денеска и се одлични. Имаме два милиони патници за шест месеци годинава, што е раст од над 30 проценти споредено со минатата година. Кога оваа Влада беше избрана, имавме нешто над два милиони патници на годишно ниво, а сега имаме два милиони патници за само половина година“, истакна Николоски. Тој потсети дека минатата година за првпат бил надминат прагот од три милиони патници, а очекувањата се годинава да биде поставен нов рекорд. „Минатата година за првпат поминавме три милиони патници, а оваа година ќе поминеме три и пол милиони, а за брзо време ќе стигнеме и до четири милиони патници, нешто што до пред неколку години беше незамисливо за Македонија“, рече Николоски. Министерот нагласи дека и Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се меѓу најбрзо растечките аеродроми во регионот, а ваквиот тренд, според него, ќе продолжи и во наредниот период. „И Скопскиот и Охридскиот аеродром се најбрзо растечки аеродроми во регионот и тоа ќе продолжи да биде така. Имаме 28 нови дестинации и навистина сум многу горд на оваа политика“, нагласи Николоски. Тој додаде дека и за време на кризата предизвикана од војната на Блискиот Исток, функционирањето на македонските аеродроми не било значително нарушено. „Во текот на кризата што беше предизвикана од војната, речиси и да не се почувствува нејзиното влијание. Дополнително, со керозин од Скопскиот аеродром се снабдуваа и аеродромите во Приштина и Ниш, што покажува дека можеме успешно да ги развиваме двата македонски аеродрома“, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Тој додаде дека овие бројки претставуваат уште една потврда за успешните политики во насока на силниот раст на воздушниот сообраќај во земјата. Министерство за транспортТагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Со ребаланаот се кратат парите за младите СДСМ со конкретни мерки за повеќе пари за студентите и учениците.Власта со ребалансот крати пари кај младите, за да ги пополни дупките во Буџетот од промашените економски политики. Парите од програмата за млади е скратена за 1 милион денари а за демографски политики се намалени за 70%. Каква „трета економија“, каква „финансиски стабилна држава“ пари нема за младите. Додека секој трет човек сака да си замине од земјава, власта уште им намалува пари. Вака изгледа држава што ја води Мицкоски и неговата криминална организација ВМРО, на која младите не и се приоритет. СДСМ е на страна на младите и со амандмани во Собранието бараме да се исправи оваа неправда. Бараме 150 милиони денари за зголемување на студентскиот оброк, како мерка за поддршка на стандардот на студентите. Бараме 6 милиони денари за зголемување на стипендиите за студентите. Бараме повеќе пари за реновирање на студентските домови за подобрување на условите. 243 милиони денари за бесплатен училишен оброк во основните училишта. Повеќе пари за еднаков пристап до образование за учениците со попреченост и посебни образовни потреби Младите заслужуваат да учат во современи основни и средни училишта. Затоа имаме посебен амандман за 200 милиони денари за опремување на училиштата со современа научна технологија. Со нашите амандмани бараме повеќе пари за финансиска поддршка на ученици на меѓународни натпревари и олимпијади. Повеќе пари за младите, а помалку за расипничкото трошење на власта. Сега Власта е на потег, да видиме дали ќе се откаже од луксyзот и дали парите да ги пренамени за младите. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВидеонадзор за поголема безбедност во Општина АеродромОпштина Аеродром започнува постапка за воспоставување систем за видеонадзор на детските и спортските игралишта, како и во парковите. На вчерашната седница на Советот беше усвоен предлогот за отпочнување на постапката.Општината упатува благодарност до советниците кои ја препознаа важноста на оваа мерка и дадоа поддршка за нејзината реализација. Секое искршено игралиште претставува загуба за сите граѓани, а најмногу за најмладите. Затоа, покрај реконструкцијата и обновата на спортските и детските игралишта, Општина Аеродром презема конкретни чекори за нивна трајна заштита. Целта е да се спречи вандализмот и да се зачува јавниот имот. Новиот систем за видеонадзор ќе придонесе за спречување на вандализмот, заштита на општинскиот имот и урбаната опрема, зачувување на парковите и игралиштата, како и поддршка на надлежните институции во откривањето сторители на казниви дела. Истовремено, ќе овозможи поголем јавен ред, повисоко ниво на безбедност и подобра заштита на јавната инфраструктура. Реализацијата на проектот ќе се спроведе согласно со законските процедури, со целосно почитување на прописите за заштита на личните податоци и сите важечки стандарди. Безбедноста е инвестиција во иднината. Со оваа мерка, Општина Аеродром продолжува да создава побезбедни, уредени и зачувани јавни простори, во интерес на сите граѓани и на идните генерации. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook