Ѓумбирот како лек: Напивка против надуеност (рецепт)

Новите научни сознанија покажуваат дека ѓумбирот освен за кулинарски цели, често се користи за да олесни голем број на проблеми.

Прегледувајќи ги досега спроведените научни истражувања заклучено е дека постојат докази за делотворноста за олеснување на мачнини кај бремените жени и кај пост-оперативните мачнини и повраќања. Има помалку убедливи докази дека се користи за болести кај движења, мачнини и повраќања предизвикани од други услови и кај артритисот.

Ѓумбирот исто така се користи и за надуеност. Едно истражување објавено во 2011 година во списанието World Journal of Gastroenterology покажа дека ѓумбирот го забрзува празнењето на желудникот посебно кај луѓето со проблеми, како што е лошото варењето на храната и на тој начин ја намалува болката и непријатноста во горниот дел на дигестивниот систем.

Како да се подготви пијалокот направен од ѓумбир?

Оние кои страдаат од проблеми со надуеност и вишок на гасови може да се напијат ѓумбир проварен во топла вода. Овој пијалок најдобро е да се пие наутро на празен желудник, бидејќи ја подобрува работата на цревата.

Изрендајте парче свеж ѓумбир или исечкајте го на парчиња и прелијте го со чаша топла вода и се остава да стои 10 минути.Потоа процедете и испијте ја напивката. 

притисни ентер