Ѓорѓиевски: Сите основни училишта во општина Кисела Вода добиваат фотоволтаици! - Канал 5

Ѓорѓиевски: Сите основни училишта во општина Кисела Вода добиваат фотоволтаици!

Сите основни училишта во општина Кисела Вода добиваат фотоволтаици. 

Ѓорѓиевски: Сите основни училишта во општина Кисела Вода добиваат фотоволтаици!

Денес градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и министерката за образование и наука Весна Јаневска присуствуваа на почетокот на имплементацијата на проектот во основното училиште „Партенија Зографски“. Вредноста на овој капитален проект , изнесува над 11 милиони денари. Тој се изведува преку Владата на Република Македонија, преку финансиско партнерство на Општина Кисела Вода со Бирото за регионален развој, како и со Општина Карпош, а партнер и имплементатор е Центарот за развој на Скопски Плански Регион, преку Програмата за развој на планските региони. Покрај сите училишта во Кисела Вода, он-грид фотонапонски систем добива и едно основно училиште во Општина Зелениково, како и две училишта во Општина Карпош.

-Денес сме во основното училиште „Партенија Зографски“ заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска, каде означуваме почеток на еден многу значаен проект за унапредување на енергетската ефикасност и одржлив развој во образовните институции. Имено, од денес до средината на мај, поставуваме фотоволтаични системи во сите основни училишта во Кисела Вода, а едновремено, покрај училиштата во нашата општина, фотоволтаици добива и едно основно училиште во Општина Зелениково, ПОУ „Марко Цепенков“, како и две училишта во Општина Карпош – ООУ „Владо Тасевски“ и ООУ „Војдан Чернодрински“.

Сакам да изразам голема благодарност до Претседателот на Владата на Република Македонија, до Министерството за образование, до Бирото за регионален развој и секако до нашиот партнер, Центарот за развој на Скопскиот Плански Регион. Ова е проект кој што заедно го аплициравме-ние со сите наши основни училишта во кој ние учествуваме како општина во најголем дел од кофинансирањето, општина Карпош исто така која што доби поставување на фотоволтаици на две од нивните училишта, и помагаме во поставување на фотоволтаици во едно од училиштата во општина Зелениково. Ова е, како што споменав, еден од најзначајните проекти, затоа што знаете и самите, изминативе години, особено во оној период на енергетската криза, колкави беа сметките за струја во основните училишта. Со поставувањето на фотоволтаични системи во училиштата, и тоа, конкретно, на секое училиште ќе се постави он-грид фотонапонски систем до 20 КW, правиме огромен чекор кон заштеда на енергија, кон намалување на финансиските трошоци и зачувување на животната средина. Преку користење на обновливи извори на енергија, училиштата стануваат енергетски понезависни, што значи дека значителен дел од средствата кои досега се трошеа за електрична енергија ќе можат да се пренасочат во подобрување на наставните услови и образовниот процес-изјави градоначлникото Орце Ѓорѓиевски заблагодарувајќи се и на директорот на училиштето и на тимот од Секторот за локален економски развој од општината кој го водеше проектот.

Министерката Весна Јаневска му се заблагодари на градоначалникот Ѓорѓиевски за континурано водење грижа за условите во кои што се одвива воспитно образовниот процес, посебно потенцирајќи ги заложбите во делот на енергетска ефикасност. Истакна дека унапредувањето на енергетската ефикасност на училишните објекти треба да биде заеднички приоритет на централната и локалните власти и дека ова е важно е затоа што значи придонес кон заштита на животната средина што е глобален предизвик во чие надминување сите имаме одговорност да учествуваме.

-Ова не е единствена инвестиција на Владата во подобрување на енергетската ефикасност во образованието. Министерството за образование и наука потпиша договор за неповратен грант од 1,1 милион евра со Банката за развој на Советот на Европа, со кој, во 50тина училишта во Македонија ќе бидат инсталирани фотоволтаични системи“, рече Јаневска.

Информираше дека училиштата се веќе мапирани и обезбедена е потребната документација, како и согласности од ЕВН за поставување на системите со кои, како што рече, училиштата ќе ја заменат енергијата базирана на фосилни горива со чиста и обновлива енергија.

Општина Кисела Вода

Честит Велигден-Христос Воскресе

Канал 5 телевизија на сите христијански верници им го честита најголемиот празник Велигден. на вработените и на сите верници од православна вероисповед со желби за добро здравје и семејна благосостојба.

Честит Велигден-Христос Воскресе

На сите верници од православна и католичка вероисповед со желби за добро здравје и семејна благосостојба им посакуваме Честите Велигден.

-Христос Воскресе -Навистина Воскресе!

Денес се слави најсреќниот христијански празник, симбол на нов почеток и вечен живот во верба и мир. Честит Велигден!

Видео: Истражувачи спуштија камера во најдлабоката пештера во САД

Група храбри истражувачи решиле да се спуштат во најдлабоката  пештера во САД, а снимката е застрашувачка и неверојатна.

Видео: Истражувачи спуштија камера во најдлабоката пештера во САД

Имено, тие не само што се спуштија и се вратија, туку после тоа решиле и да го повторат неверојатниот подвиг.

Двајца Јутјубери од каналот ActionAdventureTwins споделија снимка од спуштање камера во пештерата на нивниот профил.

Ова е фантастичната јама во пештерата Елисон во округот Вокер, која се смета за најдлабока јама за слободен пад, со пад од неверојатни 179 метри.

Како што вообичаено се случува во современиот свет, истражувачите од каналот ActionAdventureTwins решиле таму да поминат „повеќе од 12 часа“, а со својата камера снимаа се, па со тоа ги одведоа своите претплатници во авантура која нема лесно да ја заборават.

На снимката се гледа како GoPro камерата се спушта во длабочините на темната пештера. На целата ситуација не ѝ помага ниту тоа што и камерата полека се ротира како резултат на тоа што е спуштена на долга жица закачена на електрична дупчалка.

Некои беа фасцинирани од длабочината на пештерата, додека други истакнаа дека само чекаат некое страшно суштество да се појави и излезе од длабочината на јамата.

YouTube video

Фото: Долф Лунгрен на прошетка со 28 годишната сопруга и ќерките од 28 и 22 години

Долф ручал со сопругата 28 годишната Ема Крокдал и ќерките Ајда Лундгрен (28) и Грета Лундгрен (22) во медитеранскиот ресторан Авра во Беверли Хилс.

Фото: Долф Лунгрен на прошетка со 28 годишната сопруга и ќерките од 28 и 22 години

Сите биле во опуштени модни комбинации.

Долф носи фармерки и црна маичка, над која има кошула во иста боја. Неговата сопруга исто така носи фармерки и црна маица.

Инаку мајка на Ајда и Грета е Анет Квиберг, која беше во брак со шведскиот актер од 1994 до 2011 година.

Актерот познат по своите улоги во акциони филмски хитови инаку во брак е со 40 години помладата Ема од јули 2023 година додека водеше битка со ракот. на неговата битка со ракот.

Долф Лунгрен ја доби битката со тешката болест .

Во ноември 2024 година, Лундгрен на Инстаграм откри дека неговата битка со ракот е завршена.

притисни ентер