Ѓорѓиевски: „Секој што направил злоупотреба, треба да одговара“ - Канал 5

Ѓорѓиевски: „Секој што направил злоупотреба, треба да одговара“

„Секој што направил злоупотреба, треба да одговара“ – порача градоначалникот на Град Скопје – Орце Ѓорѓиевски кој најави дека доказите за незаконско работење ќе ги достави до Обвинителството, откако од таму претходно го повикаа да го направи тоа.

Ѓорѓиевски: „Секој што направил злоупотреба, треба да одговара“

„Секој што направил злоупотреба, треба да одговара“ – порача градоначалникот на Град Скопје – Орце Ѓорѓиевски кој најави дека доказите за незаконско работење ќе ги достави до обвинителството, откако од таму претходно го повикаа да го направи тоа. Тој посочи дека веќе имал средба со финансова полиција и дека како Град Скопје им стојат на располагање. Прашан до која инстанца би можела да оди истрагата и дали би ја опфатила и највисоката градска функција, Ѓорѓиевски рече дека ќе остави истрагата да покаже.

-Јас немам намера да штитам никого, вклучувајќи се и себеси, секој што направил одредени прекршувања за тоа треба да одговара и тука треба законот да биде јасен за сите, но и постапувањето треба да биде еднакво за сите. Не е доволен само моментот некој што правел злоупотреби земајќи плата, тука треба да има и командна одговорност на оној кој сето тоа го потпишувал, но и на директорот што го одобрувал на крајот на денот,- -Орце Ѓорѓиевски – Градоначалник на Град Скопје.

Ѓорѓиевски ги отфрли како неточни тврдењата на неговата претходничка Арсовска дека 500-те отпуштени од јавните претпријатија чесно си ја вршеле работата. Дополнително одговори и на нејзиниот повик за дуел.

-Има таму лица, во интерес на истрагата не можам во детали да влегувам, кои што дури се наоѓале во куќен притвор или се затвореници, замислете, а земале плата од градот Скопје. Што се однесува на бивши политичари кои што имале шанса дадена од граѓаните, но го потрошиле за апсолутно ништо мандатот, немам што да коментирам, ете тие треба со тие институции да комуницираат не со мене, мислам дека моето, ете да не бидам погрешно разбран, не ниво туку мојот фокус е во наредниот период е средување на состојбите поврзани со хаосот и нередот што го оставија во градот Скопје,- -Орце Ѓорѓиевски – Градоначалник на Град Скопје.

Арсовска претходно на социјалните мрежи претходно го обвини Ѓорѓиевски дека со „читската отворил простор за партиски кадри и побара јавно да ги објави имињата на отпуштените. Градоначалникот кој денеска беше на почетокот на изградбата на мега парк во Бутел, категорично ги отфрли обвинувањата на Арсовска, а имињата вели дека нема да може да ги објави поради заштита на податоците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Градскиот ѕид со нова урбана опрема, поставени вкупно 68 клупи во строгиот центар

Општина Центар го заокружува уредувањето со нова урбана опрема долж Градскиот ѕид. Деновиве активностите го опфатија потегот од улицата „Македонија“ до Соборниот храм и внатрешниот простор кај „Агромеханика“. 

Герасимовски: Градскиот ѕид со нова урбана опрема, поставени вкупно 68 клупи во строгиот центар

Во оваа фаза се поставени 48 клупи и 39 корпи за отпадоци. Заедно со клупите поставени во првата фаза на пешачката патека на улицата „Даме Груев“ и кај Зелено пазарче, вкупниот број изнесува 68.

Клупите се со различен дизајн, стандарден и модерен, што придонесува за подинамичен и попријатен градски амбиент. Во исто време, граѓаните можат да се одморат, да седнат, да поразговараат и да уживаат на отворено кога временските услови го дозволуваат тоа.

„Се стремиме улиците во Центар да добијат современ европски изглед, но и да ја задржат хуманата димензија. Да бидат места каде што секој ќе може да се одмори за момент, да земе здив и да помине пријатни моменти, а не само да протрча низ градот“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Тој упати апел до граѓаните совесно да ја користат и чуваат новата урбана опрема.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Селекторот Берокал ги одбра 12. кошаркари за дуелот со Кипар

Селекторот на најдобрата кошаркарска репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, го одреди конечниот ростер од 12 кошаркари кои ќе настапат на вечерашниот натпревар против Кипар.

Селекторот Берокал ги одбра 12. кошаркари за дуелот со Кипар

Селекторот на најдобрата кошаркарска репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, го одреди конечниот ростер од 12 кошаркари кои ќе настапат на вечерашниот натпревар против Кипар, во рамките на втората фаза од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година.

Во составот на Македонија се наоѓаат и Ненад Димитријевиќ и Мозес Рајт, кои им се приклучија на репрезентативните колеги во завршницата од подготовките за овој дуел.

Конечниот состав на Македонија:

Ненад Димитријевиќ

Виктор Ташовски

Виктор Ефремовски

Војдан Стојановски

Лука Стојановски

Адем Мекиќ

Стојан Ѓуроски

Резарт Мемед

Тома Стојаноски

Андреј Маслинко

Дамјан Робев

Мозес Рајт

Селектор: Жозеп Марија Берокал

Натпреварот Македонија – Кипар се игра вечерва, со почеток од 18:00 часот, во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина Енди Тејлор, легендарниот гитарист на „Дјуран Дјуран“

Енди Тејлор, поранешниот гитарист на британскиот бенд „Дјуран Дјуран“ (Duran Duran), почина на 65-годишна возраст како последица на рак на простата. 

Почина Енди Тејлор, легендарниот гитарист на „Дјуран Дјуран“

Веста за неговата смрт во средата ја потврдија членовите на бендот и неговото семејство. „Енди почина мирно во својот дом, опкружен од своите најблиски, во понеделникот, на 23 ноември“, се наведува во заедничкото соопштение објавено на Инстаграм и на официјалната веб-страница на групата.

Неговата сопруга Трејси зборуваше за неговата тешка борба со ракот на простата, истакнувајќи ја храброста со која тој се соочуваше со болеста. „Во последните години, тој се соочуваше со болеста со голема храброст и одлучност. Се бореше до самиот крај, никогаш не губејќи ја љубовта кон животот“, изјави неговата сопруга.

Поранешните колеги на Тејлор од бендот – Сајмон Ле Бон, Џон Тејлор, Ник Роудс и Роџер Тејлор – исто така му оддадоа почит. Тие ја истакнаа „негасливата енергија“ и „заслепувачкиот шарм“ што тој ги внесуваше во бендот.

„Неговата свирка на гитара беше движечката сила зад песните што нè однесоа низ целиот свет, додека неговиот специфичен, сув хумор – пропратен со неговата извонредно прагматична и непретенциозна животна филозофија – ни помагаше да останеме цврсто на земја и му даде на бендот негов уникатен карактер во текот на извонредните години што следеа“, напишаа членовите на бендот.

Енди Тејлор беше дел од составот на „Duran Duran“ што ја дефинираше музичката сцена во 1980-тите години. Неговото свирење гитара и придонесот кон звукот на бендот одиграа значајна улога во нивниот меѓународен успех.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер