Ѓорѓиевски на ифтарска вечера во Сарај - Канал 5

Ѓорѓиевски на ифтарска вечера во Сарај

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вечерва присуствуваше на ифтарска вечера во скопски Сарај, организирана за верниците од исламска вероисповед.

Ѓорѓиевски на ифтарска вечера во Сарај

-Вечерва, на мое огромно задоволство и на покана на советникот во град Скопје и претседател на ВМРО-ДПМНЕ од Сарај Мартин Стојановски, со мојот колега Борче Митевски присуствувавме на ифтарска вечера со нашите браќа од исламска вероисповед. Ми преставува чест што се собравме денес во време кога верниците од исламска вероисповед го слават месецот Рамазан и оваа ифтарска вечера претставува едно големо обединување за најдоброто што допрва доаѓа, изјави Ѓорѓиевски.

Посакувам, додаде, празникот да го дочекаат во добро здравје, хармонија и мир во душата.

-Заедно да славиме, нашите и нивните празници, да си подадеме рака бидејќи сите подеднакво го споделуваме секојдневието и реалниот живот, истите проблеми и предизвици. Заедно да градиме иднина за сите бидејќи Скопје и Македонија го заслужуваат најдоброто, посочи Ѓорѓиевски.

Хамас подготвен да преговара за прекин на огнот

Хамас соопшти дека ќе го ослободи последниот жив американски заложник како дел од напорите за постигнување на договор за прекин на огнот, отворање на граничните премини и дистрибуција на хуманитарна помош.

Хамас подготвен да преговара за прекин на огнот

Но, Хамас не прецизира кога ќе биде ослободен Идн Александар, кој беше киднапиран на 7 октомври 2023 година. Тој е американски државјанин со израелско потекло.

Лидерот на Хамас, Калил ал-Хаја изјави дека изминатите денови е во контакт со американската администрација. Тој наведе дека Хамас е подготвен „веднаш да почне интензивни преговори“ за постигнување долгорочен прекин на огнот, размена на палестински затвореници за заложниците од Газа и предавање на власта во Појасот Газа на независен тим технократи.

Најавата на Хамас за ослободување на Александар е воочи посетата на американскиот претседател на Блиски Исток. /МИА

Mинатата недела отстранети 104 непрописно паркирани возила во општина Центар

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар информираат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос.

Mинатата недела отстранети 104 непрописно паркирани возила во општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје од петти мај до 11 мај 2025 година со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 104 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар информираат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Трамп подготвен да прифати претседателски авион како подарок од катарското кралско семејство

Катарската влада соопшти дека сè уште не е донесена конечна одлука. Сепак, Трамп ја брани идејата, иако тоа би значело прифаќање на скапоцен подарок од странска влада.

Трамп подготвен да прифати претседателски авион како подарок од катарското кралско семејство

Американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да прифати луксузен авион „Боинг 747-8“ како подарок од Катар за време на своето патување на Блискиот Исток оваа недела, а американски претставници тврдат дека авионот може да се преуреди како претседателски авион.

Катарската влада соопшти дека сè уште не е донесена конечна одлука. Сепак, Трамп ја брани идејата, иако тоа би значело прифаќање на скапоцен подарок од странска влада.

„Фактот дека Министерството за одбрана добива БЕСПЛАТЕН ПОДАРОК - авион 747, кој ќе го замени привремено 40-годишниот „Ер Форс 1“, во рамки на многу јавна и транспарентна зделка, ги вознемирува корумпираните демократи кои бараат да го платиме скапо“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

Според „Еј-Би-Си Њуз“ авионот се одликува со раскошна внатрешност, вклучувајќи златни ѕидови, позлатен мебел, спална соба, салони, конференциски простории, мермерни бањи и големо скалиште. Според извори на медиумот, Трамп го разгледал авионот во февруари на аеродромот во Вест Палм Бич и лично го одобрил. Пред крајот на неговиот мандат, наводно, авионот треба да биде предаден на фондацијата на претседателската библиотека на Трамп.

Американскиот Устав забранува федералните функционери да примаат лични подароци од странски државници без согласност од Конгресот. Подароците со вредност над 480 долари се сметаат за сопственост на американскиот народ, а функционерите можат да ги задржат само ако ги откупат по пазарна цена, според податоците од Претседателската библиотека и музеј Роналд Реган.

Трамп ќе престојува во Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати од утре до четврток.

Моментално се користат два авиона „Ер Форс 1“, преуредени „Боинг 747-200В“, во служба од 90-тите години. Тие се специјално опремени за претседателските потреби и имаат современи комуникациски системи и противракетна заштита, со можност за полнење гориво во воздух.

притисни ентер