3Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
Најстарите остатоци од брод на светот се пронајдени кај Турција, влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)
2Најстарите остатоци од брод на светот се пронајдени кај Турција, влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)
МакедонијаЃорѓиевски и Костовски најавија изградба на мега парк во БутелГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, попладнево го означија почетокот на изградба на мега парк во Бутел што ќе се простира на површина од 8.000 квадратни метри.Како што информираше скопскиот градоначалник, Ѓорѓиевски, со ова всушност почнува реализацијата на првите проекти ветени во неговата програма. - Запуштениот простор долж булеварот „Христијан Тодоровски - Карпош“ ќе прерасне во модерен и функционален зелен простор - мега парк со богати зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки и фитнес зони, со содржини наменети за сите возрасти, што ќе се простира на површина од 8.000 квадратни метри, појасни Ѓорѓиевски. Тој рече дека парковите се вистински зелени оази што придонесуваат за поздрав живот и почиста животна средина. - Тие го подобруваат квалитетот на воздухот, го намалуваат ефектот на урбаните горештини, создаваат места за одмор, рекреација и дружење и го поттикнуваат заедништвото меѓу граѓаните. Инвестицијата во зелени површини е инвестиција во здравјето и иднината на градот. Ова е еден од четирите мега паркови ветени во мојата програма. Дополнително, предвидуваме изградба на околу 50 мали паркови во сите општини, со што секој дел од Скопје ќе добие свој зелен агол, додаде Ѓорѓиевски. Тој рече и дека во Бутел следува вистински инфраструктурен бран. - Ќе изградиме кружен тек на крстосницата меѓу улиците „Бутелска“ и „Александар Урдаревски“, како дел од стратегијата за уредување на 50 критични крстосници низ Скопје. Целта е поголема безбедност и ред во сообраќајот и постигнување на визијата за град со нула фатални несреќи до 2030 година. Паралелно со тоа, ќе следи целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со нов асфалт, модерни пешачки патеки, улично осветлување и атмосферска канализација што конечно ќе го реши долгогодишниот проблем со поплави. Меѓу поголемите проекти што следуваат се реконструкцијата на Стар Качанички пат и развојот на Економската зона Визбегово, како и ревитализацијата на реката Серава со уредени зелени коридори, велосипедски и пешачки патеки. Сите овие проекти се дел од визијата за Скопје како безбеден, функционален и модерен град кој се развива во корист на граѓаните, подвлече Ѓорѓиевски. Костовски рече дека инвестицијата во зелени површини е инвестиција во здравјето и иднината на градот. Одговарајќи на новинарски прашања, Ѓорѓиевски рече дека околу некои неправилности во минатото, имало средба со Финансовата полиција и сè им било ставено на располагање на службите. Тој повтори дека е потребно домаќинско работење. Градоначалникот повторно се осврна и на лица кои долго време не работеле, а земале плата од Градот Скопје. Рече дека нема да толерира некој да биде отсутен од работното место и да зема плата. Тој додаде дека има сериозни индиции за серозни злоупотреби. - Јас не сум истражен орган, ниту сум финансова полиција, ќе оставам на службите да работат, одговори тој на новинарско прашање. Неговиот фокус во наредниот период, како што кажа, е средување на состојбите поврзани со хаосот. - Ќе ја разгледаме можноста за обнова на многу од парковите во наредниот период, затоа што ние, од една страна треба да градиме, а од друга страна, треба и она што било запуштено со години, а некој го изградил во минатото, да го обновиме. Така што, нè чека многу работа, ќе ја скенираме состојбата и таму на терен како и во останатите паркови. Знаете, Градскиот парк не беше исчистен 4 години. Беше неподносливо за граѓаните да се движат во Градски парк во срцето на Скопје. Така дшто, етапно влегуваме во фаза каде што секаде полека ќе ги средуваме состојбите. Ова нема да биде едноставно, нема да биде лесно и нема да биде преку ноќ. И знам дека и нашиот народ е свесен за тоа. Го знае тоа и ни дава шанса. Но, нема да ги изневериме очекувањата од нашите сограѓани и максимумот ќе го дадеме од себе да постигнеме резултати, заеднички, дециден беше Ѓорѓиевски. Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФормулаПроблеми во Формула 1: Возач на Хаас е отстранет од тимот на четири трки до крајот на сезоната Естебан Окон дефинитивно ја заврши својата епизода во тимот на Хаас. Францускиот возач нема да се врати за следните четири трки, а ова е резултат на големи несогласувања и дискусии што ги имал со тимот. Ова е официјалната одлука на Хаас, потврдена од шефот на тимот, Ајао Комацу: - Овие одлуки не се донесуваат лесно, како што беше случајот во Мексико Сити, но како и тогаш, веруваме дека ова е најдобро за тимот. Разговорите што се водеа меѓу тимот и Окон ќе останат интерно прашање и ние ќе продолжиме да ја почитуваме доверливоста и приватноста на сè што се случува зад затворени врати - рече Комацу. Поради оваа причина, Хаас го премести Рафаел Камара, бразилски возач кој веќе се натпреварува во Формула 2, во Хаас. Бразилецот дефинитивно ќе биде возач на овој тим во 2027 година, а ќе добие шанса да дебитира во својата татковина, на легендарната патека Интерлагос.Тагови: Формула Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВајц ја повика Кос да помогне во надминувањето на спорот меѓу Македонија и БугаријаБилатералните прашања не треба да го попречуваат пристапниот процес, посочи известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц на денешната седница на Комитетот за надворешни работи на европскиот Парламент. Тој ја повика еврокомесарката за проширување Марта Кос да вложи дипломатски напори за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, оценувајќи дека директниот дијалог меѓу двете влади е единствениот начин за излез од застојот. Посочи и дека тоа го бара бидејќи мотивацијата за разговори меѓу Скопје и Софија не била секогаш на највисоко ниво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
Балкан„Го нарекуваше брат, а го уби“- се огласи синот на убиениот бизнисмен од Бугарија Калојан Бинев напиша емотивни зборови на социјалните мрежи по убиството на неговиот татко Слави Бинев. Синот на бизнисменот и претседател на федерацијата за теквондо откри дека обвинетиот за убиството, Ејуп Темиз, бил исклучително близок со својот татко и семејството, пишува порталот 24chasa.bg. „Тој ден, еден човек, семеен пријател кој го нарекуваше мојот татко свој брат, уби не само една личност, туку илјадници луѓе на овој свет. Бидејќи во секого што го допре, мојот татко остави дел од себе! Да, беше строг, и тоа исклучително. Но, тоа не значеше дека сакаше помалку или дека не му е грижа. Тој беше човек со огромно срце и насмевка што ништо и никој не можеше да ја избрише! Човек од чест, со огромно достоинство! Тато, не го заслужуваше ова! Сите те сакаме и ни недостигаш.“ Слави Бинев беше убиен со еден истрел во својот дом на 24 октомври. Еден час подоцна, полицијата го уапси турскиот бизнисмен Ејуп Темиз, кој работи во Бугарија. Тој е обвинет за убиство и е во притвор од страна на Градскиот суд во Софија. Во последните денови стана познато дека Ејуп и неговата сопруга, архитектката Нија Темиз, ќерка на покојниот главен архитект на Софија Стојан Јанев, биле семејни пријатели со Бинев. Можеби затоа тој се согласил да посредува во спор за недвижности меѓу Нија Темиз и познатиот архитект професор Калин Тихлов. Двајцата имале деловен спор. Сепак, како што стана јасно на рочиштето за мерката притвор за Ејуп, мотивот сè уште не е разјаснет. Според неговата одбрана, тој се плашел за своето семејство откако во спорот се вмешале трети лица, имено Пламен Дисков - Кела, човек чија биографија е контроверзна низ годините.Тагови: бизнисмен Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00